Создавање на животните
1 поглавје
20 Потоа рече Бог: „Водата нека се исполни со живи суштества, а низ небескиот свод над земјата нека полетаат птици!” (И така стана).
21 И Бог создаде големи риби и секаков вид животни влекачи, што живеат во водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според нивниот род. И виде Бог дека тоа е добро.
22 И ги благослови Бог, велејќи: „Плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека се намножат на земјата!”
24 Пак рече Бог: „Нека изведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род!” И стана така.
25 И Бог создаде ѕверови земни, според родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки земни, според родот нивни. И Бог виде дека тоа е добро.
26 Потоа Бог рече: „Да создадеме човек според Нашиот образ (и) според Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби, над небеските птици, (над ѕверовите) и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!”
27 И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
28 И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги морските риби (и ѕверовите), и небеските птици (и секаков добиток, целата земја), и сите животни што лазат по земјата!”
30 А на сите земни ѕверови, и на сите небески птици, и на сè што се движи (и лази) по земјата, во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија за храна.” Така и стана.
2 поглавје
19 Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите небески птици, и ги доведе кај човекот за да види како ќе ги нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде и името.
20 И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на небеските птици, и на сите полски ѕверови; но за човекот не се најде помошник, сличен на него.
Животните (1:20-25) се создадени пред човекот (1:26-29). Потоа Бог ги создава и ги доведе пред човекот да им даде имиња (2:19-20)
На животните им се дадени сите тревни растенија за храна (1:30). Волкот и лавот со нивните заби никогаш не биле ниту ќе бидат тревопасни животни.
Создавање на растениијата
1 поглавје
11 И Бог рече: „Нека израсте од земјата зеленило – трева, што дава семе, плодоносни дрвја кои во себе имаат семе (според својот род и вид)!” И стана така.
12 Земјата пушти од себе зеленило: трева што дава семе според својот род (и вид), а и (плодоносни) дрвја што раѓаат плод, чие семе е според нивниот род. И Бог виде дека тоа е добро.
2 поглавје
5 А уште не беа никнале полски грмушки и земни тревки, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек кој ќе ја обработува земјата,
Растенијата (1:11-12) се создадени пред човекот (1:26-27). Но не се создадени (2:5) бидејќи нема човек да ја обработува земјата.
Создавање на човекот
1 поглавје
27 И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
28 И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги морските риби (и ѕверовите), и небеските птици (и секаков добиток, целата земја), и сите животни што лазат по земјата!”
29 И Бог рече: „Еве, ви дадов секакви билки што даваат семе по целата земја, и секакви дрвја што во себе имаат семе според својот род и вид; тоа да ви биде за храна!
2 поглавје
7 И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.
18 И Господ Бог рече: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!”
21 Затоа Господ му прати на човекот длабок сон; па кога заспа, му извади едно ребро, и местото го пополни со месо.
22 Од реброто, што го зеде од човекот, Господ Бог создаде жена и ја доведе кај човекот.
23 А човекот рече: „Еве тоа е коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот (свој)!”
5 поглавје
2 Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече – човечки суштества – во денот кога беа создадени.
Човекот е создаден во пар (1:27-29). Бог го создава човекот од земен прав (2:7), потоа од неговото ребро создаде жена (2:21-23). Ги создал маж и жена (5:2) и ги нарекол човечки суштества.
Повеќе богови
1 поглавје
26 Потоа Бог рече: „Да создадеме човек според Нашиот образ (и) според Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби, над небеските птици, (над ѕверовите) и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!”
3 поглавје
22 И Господ Бог рече: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло; но сега, да не ја испружи раката своја и да земе пак од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!”
11 поглавје
7 Ајде да слеземе и да им го збркаме нивниот јазик за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!”
Со кого разговара Бог и кому му се обраќаво множина (1:26, 3:22, 11:7) ако нема други богови?
Каин
4 поглавје
14 Ете, денес ме истеруваш од плодната земја, и од лицето Твое ќе се кријам и ќе бидам прогонет и скитник по земјата: значи, секој што ќе ме сретне, може да ме убие.”
15 А Господ му рече: „Тоа нема да се случи; зашто, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!” И му стави Господ знак на Каин, за да не го убие никој, кој ќе го сретне.
Кој може да го убие Каин (4:14-15) кога нема други луѓе освен татко му и мајка му? Можеби неговата жена (би требало да му е сестра)?
синови божји
6 поглавје
2 тогаш синовите Божји видоа дека ќерките човечки се убави и ги земаа, кои ги сакаа, за жени.
4 А во тоа време имаше џинови на земјата, особено кога синовите Божји почнаа да влегуваат при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време.
Од каде синови Божји (6:2, 6:4)? Бог нема жена, нема деца, единствен е. Ако се бестелесни суштества (ангели), можат ли да имаат полови односи?
потоп
6 поглавје
15 А изгради го вака: должината на ковчегот да биде триста лакти, ширината негова педесет лакти, а во висина да е триесет лакти.
16 Направи отвор на ковчегот, и засводи го на еден лакот одозгора; стави му и врата на ковчегот отстрана и нека има три ката во него: долен, среден и горен.
18 Но со тебе Јас ќе направам Свој завет, а во ковчегот ќе влезеш ти, и со тебе и синовите твои, и жената твоја, и жените на синовите твои.
19 И внеси во него исто така (од секаков добиток и од сите влекачи и) од сите животни, од секое суштество да има по две, за да останат со тебе во живот; од машки и од женски пол да бидат.
20 Од птиците според родот нивни, и од добитокот според родот негов, и од сите влекачи според нивниот род – од сите по две ќе влезат при тебе, за да останат живи (со тебе од машки и од женски пол).
21 И земи со себе секаква храна, со каква што се хранат, и чувај ја кај себе; тоа ќе биде храната за тебе и за нив!”
7 поглавје
11 Во шестотата година од животот на Ное, во вториот месец од таа година, седумнаесеттиот ден од месецот, во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески;
12 и се лиеше дожд на земјата четириесет дена и четириесет ноќи.
13 Во истиот ден во ковчегот влегоа Ное, неговите синови Сим, Хам и Јафет, и жената Ноева, и трите жени на синовите негови со нив.
14 Тие, и сите ѕверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадинки, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и сè што лета, според родот негов, сите птици и сè што има крилја,
15 влегоа во ковчегот кај Ное по две единки (од машки и женски пол) од секое суштество, во кое имаше животен дух;
16 и тие што влегоа, машки и женски пол влегоа од секое суштество, како што му беше заповедал Бог. Потоа Господ го затвори (ковчегот) однадвор.
17 Натопувањето на земјата потраја четириесет дена; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата;
19 И нарасна водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо;
20 петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри.
24 А водата беше над земјата сто и педесет дена.
8 поглавје
3 Водата почна постепено да опаѓа на земјата, и по сто и педесет дена намали.
4 И се запре ковчегот во седмиот месец на седумнаесеттиот ден на ридовите од планината Арарат.
5 Водата, пак, опаѓаше постепено до десеттиот месец; и во првиот ден од десеттиот месец се покажаа врвовите на планините.
11 Гулабот се врати кај него приквечер; и ете, во клунот свој тој имаше свеж маслинов лист; и Ное разбра дека се повлекла водата од земјата.
13 Во шестотини и првата година (од живот на Ное), во првиот ден од првиот месец, ја снема водата од земјата; и Ное го отвори покривот на ковчегот, погледна и виде дека површината на земјата беше поисушена.
14 А на дваесет и седмиот ден од вториот месец, земјата беше сува.
Ковчегот е со димензии 133,5м, 22,25м, 13,35м (6:15). Во него има три ката (6:16). Можат ли во него да се сместат толку животни? Плус храна и вода за цела година? Можат ли жирафите да се сместат на некој кат?
Како успеа да фати толку животни и птици? Каде ги чуваше пред да влезат во ковчегот (7:14-16)?
Од каде толку вода (7:19-20)? Новонадојдената вода е неколку пати повеќе од постоечката вода во морињата!
Од каде свеж маслинов лист (8:11) после една година потоп? Кое растение (освен водните растенија) може да издржи толку време под вода?
Каде се повлече водата (8:3, 8:5, 8:13-14) (2626500000 кубни километри)?
.[DOUBLEPOST=1549697707][/DOUBLEPOST]Ова го напишав за оние што сакаат да читаат и да размислуваат што прочитале. Оние што едно читаат а тврдат дека друго прочитале не мораат воопшто да читаат.
Прочитајте го само болдираното, доволно е. За некој да не тврди дека сум ги извадил работите од контекст, ги давам целите стихови.
Моите коментари (прашања) се закосени (италик). Се однесуваат на болдираните делови.
Имам уште прашања, ама ќе ги оставам за друг пат. Предолги текстови ретко кој чита.