Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Стварно има луѓе што ќе го гласаат Фиќо за прецедник доколку го изберат да се кандидира?
 

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
827
Поени од реакции
1.294
На нас ни ја менуваат на кого.Поради ваквото праење на Тошо ни сменија име ,двојазични сме без попис историјата ни ја менува бугарско македонска комисија.Сега за сега комисијава одлучи дека Цар Самоиил бил бугарин, илинденците и востанието било бугарско,Гарант следно шо ќе одлучат е дека и борците од ноб биле бугари.Не знам шо не ти е јасно.Или толку ти сечи???
Проблемот е шо Цар Самоил никогаш не кажал шо е, особено не б'лгарин, ама бугарите си го присвојуваат како свој, ние баш ова го имаме како против нивните тврдења дека Самоил бил татар, само кај нас нема никој кој аргументира, и зато че градиме едно општество за сите.

А за илинденците и востанието не си во право. Турција никогаш не призна такво нешто како "македонци" и заради тие причини и татарското влијание голем број од илинденците и војводите се пишале како бугари. Е сега има некој што стварно се чувствувале и изјаснувале како бугари. Еден од нив е Даме Груев "Да живее б'лгарштината во македонија". За Гоце не знам, али и верувам Катерина Нурџиева дека се кажал дека е македонец. Карев се кажал како македонец а си признал дека бил голем бугароман. Кај нас многу убо знаат професориве од на историја дека се кажале како бугари, нејчам да ги именувам сега, али то е факт не оспорлив.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Што мислите да имаше јаки протести ќе се сменеше пак името?
Гледано вака од перспектива би рекол пак исти курац ќе беше. Тие чим референдумот го прескокнаа за едни протести ги заболе.
Ќе инфилтрираа неколку десетици удбаши провокатори за да ја запалат полицијата и овие со солзавци, пендреци, гумени пиштоли и што уште не ќе го отепаа од ќотек народот. Нареден ден штама. Плус манипулации со бројки, партиски етикетирања и што уште не.

Не викам дека не требаше да има протести, туку зборот ми беше за епилогот. А чим Меркел, бабоебачот и други високи фаци беа замешани јасно беше дека решавањето на спорот е топ приоритет за најголемата светска сила. Зошто беше толку битно за САД да влеземе во НАТО може само да нагаѓаме. Дали руси, кинези или можда турци, некој голем интерес има.
На крајот, тој клозетарот од ЕУ или НАТО си кажа добро, јебеш референдум тука важат балкански правила. Крв им јебем западњачка.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.932
Поени од реакции
15.952
Откако му ебаа мајката на СЈО, еве нови
Заев повика на бескомпромисна борба со криманалот и корупцијата
https://www.mkd.mk/makedonija/politika/zaev-povika-na-beskompromisna-borba-so-krimanalot-i-korupcijata
Премиерот Заев на седницата за пратенички прашања упати порака за бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во попладневното продолжение на седницата за пратенички прашања упати јасна порака до сите во државата за бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата.

„Апелирам на будното око на Парламентот, но и на независните институции во државата“, порача премиерот Заев.

Тој посочи дека „најголемата корупција доаѓа од политиката и од јавните институции, така било секогаш и ако сакаме да си ја средиме државата мораме да ги поставиме прво контролните механизми“.

Во врска со изборот на Антикорупциската комисија тој изрази очекување дека членовите ќе бидат избрани со консензус.

„Јас се надевам дека сите во Парламентот, со консензус, ќе ја избереме Антикорупциската комисија. Мене ми е драго што гласавме за Законот за Антикорупциската комисија. Еве и политички сум прв, од најголемата владејачка партија и во извршната власт, во искрената желба за професионалци. Не очекувајте да дадеме поддршка за некој кој е близок до некоја политичка партија. Давајте предлози на експерти и кандидати и верувам дека лесно, консезуално ќе ги најдеме вистинските луѓе“, повика премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев апелираше до опозицијата заеднички да биде избран и директор на Државниот завод за ревизија.

„И сите други регулаторни тела треба да бидат независни и ако можеме, заедно да ги избереме, не политички. Тие се првиот контролор на сите јавни институции. Корупција има во приватниот сектор, кај некој јавен административец и слично, но најголемиот дел од корупцијата е врзана за јавната администрација којашто е поврзана со политиката“, додаде премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија потсети дека фокусот на ЕУ е во четири области: правна регулатива, реформите во безбедносните

сили, во јавната администрација, но дека клучниот фокус е во борбата против криминалот и корупцијата.

„Ако сакаме да си ја средиме државата, Европа да нé поддржува и кога ќе ги отвориме поглавјата, ние мора да покажеме јасен исчекор и апсолутно недвосмислена и бескомпромисна и безрезервна борба против криминалот и корупцијата. И тоа не смее да остане на декларативни заложби. Мора да има конкретни резултати. Сé што претставува основано сомнение, институциите треба соодветно да настапат.

Апелирам и до сите владини функционери, до сите јавни институции, дека ова ќе биде една од најдоминантните теми, на мој личен фокус, но важни се независните контролни тела коишто треба да делуваат.

Апелирам, не можам да дадам задача и до другите власти, пред се мислам на правосудството, да биде за пример во делот на носењето одлуки поврзани со криминалот и корупцијата. Докази ако има одлуки да паѓаат. Ако нема докази, никој не е виновен додека не постојат докази. Но сé што е врзано со корупцијата и криминалот, очекувам институциите на системот да постапат.

Апелирам, мојата политичка партија, коалициските партнери, ја имаат честа да водат јавни институции и да управуваат со јавните пари, да знаат дека доаѓа период кога и фокусот на сите нас, но и фокусот на меѓународната заедница ќе биде зајакнат, зголемен, во борбата против криминалот и корупцијата - и овде ќе нема предрасуди за никој. Ќе има санкции, ќе има законско постапување, ќе се одговара, кој сака нека биде. Ова е важно прашање, Европа бара од нас да испорачаме резултати, граѓаните бараат резултати.

Првата одговорност е на власта и затоа избрав да направам вакво обраќање, затоа што тоа зависи прво од мене, потоа од министрите, замениците министри во Владата, државните секретари, директорите по вертикала, ако си ја сакаме Македонија, оваа работа мораме да ја средиме. Предрасуди, помагање, затскриено, за никој во државата“!, повика премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев рече дека „транспарентните постапки, отчетноста, навремените контроли, будното око на мониторингот, штедат многу пари на граѓаните“, коишто може да придонесат за дополнително зголемување на платите во здравството, образованието, армијата, полицијата. Премиерот Заев додаде дека ако тие плати растат, „ќе расте и приватниот сектор како спирала, да се отвораат повеќе погони, за да нудат работни места“.

„Ако чесно се работи во државата, може да се обезбедат дополнителни резервоари пари коишто можат да се насочат за суштествени и важни проблеми на граѓаните", рече премиерот Заев.

Во одговорите до пратениците, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев изрази оптимизам за датум за преговори со ЕУ.
Дури сега ќе има корупција до бесвест
https://republika.mk/vesti/ekonomija/kje-se-mestat-tenderi-najniskata-cena-nema-da-bide-faktor-pri-javnite-nabavki/
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
има друг модел, специални обвинители да се плаќаат по учинок, на %, исто како на времето на ДивЗапад што имаше Потерници за гангстери... Но потребно е тогаш да има и инспектори кој ќе ги контролират и специалните и судиите :icon_mrgr: .. или кинеска метода :eek:
А кој ќе ги контролира контролорите?...:icon_lol:
Стара римска...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.932
Поени од реакции
15.952
А кој ќе ги контролира контролорите?...:icon_lol:
Стара римска...
султанот ќе се преоблече како питач и ќе шета низ народот :cool:
......чичкоми ( пред 80+90 години) работел како инспектор за контрола на уловот на рибарите во Грција, стално морал да биде присатен при мерењето и да запишува кој рибар колку риба уловил, тие податоци ги доставувал до порезната управа... е сега како го контролирале него не знам :confused:, но сигурно имало некоја контрола, барем повремено и драконски казни...

Но сега друго испадна, Денес Нов Закон, за Тендер веќе не е важна ЦЕНАТА , туку квалитетот :facepalm: ..
А на ТЕНДЕР е ИСТ условот (квалитетот) за сите понудувачи !!
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
На нас ни ја менуваат на кого.Поради ваквото праење на Тошо ни сменија име ,двојазични сме без попис историјата ни ја менува бугарско македонска комисија.Сега за сега комисијава одлучи дека Цар Самоиил бил бугарин, илинденците и востанието било бугарско,Гарант следно шо ќе одлучат е дека и борците од ноб биле бугари.Не знам шо не ти е јасно.Или толку ти сечи???
Договорот со Бугариjа, децении намерно задоцнет, нуди одлична прилика за Макадониjа да добие критички искристализиран идентитет во однос на соседна земjа. Требаше одамна да биде билатерално имплементиран во таква мера да го имаме заборавено. Затоа мислам дека всушност се работи за мошне позитивен процес на расплет еднаш да се расчисти со некои идентитетски сомнежи.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Договорот со Бугариjа, децении намерно задоцнет, нуди одлична прилика за Макадониjа да добие критички искристализиран идентитет во однос на соседна земjа. Требаше одамна да биде билатерално имплементиран во таква мера да го имаме заборавено. Затоа мислам дека всушност се работи за мошне позитивен процес на расплет еднаш да се расчисти со некои идентитетски сомнежи.
Хмммм?...

Црпнатиот ги реши сите македонски иднетитетски сомнежи; не‘ самоукина како народ па кај што нема народ, нема ниту идентитетски сомнежи...мислим.

Совршено решение, како преседан и поука за сите народи по Земјава, кои се сумЉаат у самите себе...
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.666
Поени од реакции
28.087
Стварно има луѓе што ќе го гласаат Фиќо за прецедник доколку го изберат да се кандидира?
Што менува кој ке биде прецедник и кои ке го гласаат?Заврши приказната и тоа не поради името,туку шќиповите мајка ни јебаа
 
Член од
30 јануари 2019
Мислења
82
Поени од реакции
107
Раздели па владеј.
Токму тоа ни се случи, не поделија на ВМРО и СДСМ ( и двете без М-то) и сега барај ти кој е крив кој е прав.....
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Хмммм?...

Црпнатиот ги реши сите македонски иднетитетски сомнежи; не‘ самоукина како народ па кај што нема народ, нема ниту идентитетски сомнежи...мислим.

Совршено решение, како преседан и поука за сите народи по Земјава, кои се сумЉаат у самите себе...
Дечки, ептен си дефитистички настроен и тоа не ти дозволува да видиш дека вистинските победници, независно од одлуките на комисиите, накраj се Македонците. Тие излегуват од преговорите со каков-таков легитимиран идентитет. Демистификациjата на идеолошки прикажани процеси, настани, историски ликови ќе им донесе отрезнувачко освежување на бугарско-македонските односи.

Доста ширите негативизам дури таму каj што зрачи добра перспектива.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дечки, ептен си дефитистички настроен и тоа не ти дозволува да видиш дека вистинските победници, независно од одлуките на комисиите, накраj се Македонците. Тие излегуват од преговорите со каков-таков легитимиран идентитет. Демистификациjата на идеолошки прикажани процеси, настани, историски ликови ќе им донесе отрезнувачко освежување на бугарско-македонските односи.

Доста ширите негативизам дури таму каj што зрачи добра перспектива.
Boom-Boom,

до сега невидениот македонски пораз, и тоа не од турците туку од домашниот какол, го извртуеш у победа?

Како ли ти успева, мојш да ни кажиш?
 
Член од
30 јануари 2019
Мислења
82
Поени од реакции
107
Boom-Boom,

до сега невидениот македонски пораз, и тоа не од турците туку од домашниот какол, го извртуеш у победа?

Како ли ти успева, мојш да ни кажиш?
а до каде стигнавме со нашиот патриотски инает ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom