Со нивото на технологија на Кинезите изгледа расчистивме, одиме понатаму...
Eкономијата не е доволна. Ете ја Јапонија втора економија 3 декади, а не е никаков фактор во светот.
Без моќна армија си никој и ништо во светот.
Пример, доколку утре Иранците одлучат да го запрат протокот на нафта во Ормутскиот теснец, другата недела Пекинг ќе биде градот со најчист воздух во светот.

Или друг поопиплив пример за Кинезите... Јапонија или Тајван одлучува да изврши поморска блокада на рутите кои водат до Шангај (најпрометното пристаниште во светот), Кина економски ќе колабира за неколку недели доколку не може воено да го избрка натрапникот.
Ако беше само економијата фактор за владеење во светот немаше САД да вложуваат пола трилион долари во армијата и да водат војни постојано.
Дека војската е од исклучителна важност за моќта и влијанието на една земја е примерот со Руската интервенција во Сирија. Доколку немаа соодветна армија да реагираат, нивниот сојузник Асад ќе ја изгубеше власта, ќе дојдеа пиони на Саудијците и ќе беше изграден гасовод кој ќе го елиминираше монополот на Русите (а со тоа и влијанието) во Европа. Со тоа Русија ќе изгубеше многу.
Постојат и еден куп други примери (Ирак) каде недостигот на добро вооружена армија предизвикал губење на моќта на една земја што довело до нејзин економски распад.
САД без својата армија ќе имаа влијание колку што има Бразил.