Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Да не ги земеа германските научници после втора светска војна ни Америка ни Русија немаша да знаат нити ракета, нити атомска нити млазен мотор за авион што е.
паааа не би рекол. Русите се пионери за ракетна технологија и биле во најмала рака на исто ниво со Германците... Во секој случај ја имале Качушата независно од Германците..

и сега Русија предничи во ракетна технологија пред САД... НАСА користи Руски ракети... ја сваќаш разликата помеѓу купен ум и автономна технолошка програма сега ?
 
Со нивото на технологија на Кинезите изгледа расчистивме, одиме понатаму... :)

Eкономијата не е доволна. Ете ја Јапонија втора економија 3 декади, а не е никаков фактор во светот.
Без моќна армија си никој и ништо во светот.
Пример, доколку утре Иранците одлучат да го запрат протокот на нафта во Ормутскиот теснец, другата недела Пекинг ќе биде градот со најчист воздух во светот. :)
Или друг поопиплив пример за Кинезите... Јапонија или Тајван одлучува да изврши поморска блокада на рутите кои водат до Шангај (најпрометното пристаниште во светот), Кина економски ќе колабира за неколку недели доколку не може воено да го избрка натрапникот.
Ако беше само економијата фактор за владеење во светот немаше САД да вложуваат пола трилион долари во армијата и да водат војни постојано.
Дека војската е од исклучителна важност за моќта и влијанието на една земја е примерот со Руската интервенција во Сирија. Доколку немаа соодветна армија да реагираат, нивниот сојузник Асад ќе ја изгубеше власта, ќе дојдеа пиони на Саудијците и ќе беше изграден гасовод кој ќе го елиминираше монополот на Русите (а со тоа и влијанието) во Европа. Со тоа Русија ќе изгубеше многу.
Постојат и еден куп други примери (Ирак) каде недостигот на добро вооружена армија предизвикал губење на моќта на една земја што довело до нејзин економски распад.
САД без својата армија ќе имаа влијание колку што има Бразил.

Имав бајги добро мислење за тебе, како начитан и полн со информации

Ама очигледно информацииве ги црпиш од пред кооперација :D
 
паааа не би рекол. Русите се пионери за ракетна технологија и биле во најмала рака на исто ниво со Германците... Во секој случај ја имале Качушата независно од Германците..

и сега Русија предничи во ракетна технологија пред САД... НАСА користи Руски ракети... ја сваќаш разликата помеѓу купен ум и автономна технолошка програма сега ?
Сега да најдобри се во ракети, но мое мислење е дека пионери се германците, првиот град бомбардиран од ракети е Лондон од страна на германците.
 
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Konstantin_Tsiolkovsky

Паралелно идат истражувањата и со квалитет се тука негде и двете нации( русија и германија). Муабетот ми е, САД користи импортирани умови, а Русија користи автохтона, сопствена акумулирана технолошка патека. Затоа Руската ракетна технологија побрзо напредува.
 
САД користи импортирани умови оти има пари, ама Кина не може нели, па затоа нели, акумулирано знаеење ... дрн дрн :pos:
 
Фудбал гледаш?
Знаеш колку плаќаат кинеските клубови? И тоа за ванабиѕвезди на 30-32 години.
Нивото на кинескиот фудбал е едвај над просечна балканска лига, на толку истурени милијарди долари! Не се копираат некои работи туку така, дрн не дрн, така си е!
 
Исто така и Хуавеј е бр1 во телекомуникациска опрема и број два во продадени телефони. Гради по 1800 км високо квалитетни автопати годишно и гради најдобри железници во свет. И 99% од електричните уреди што ги имаме дома се Кинески.
Сакам да кажам тера 300 на саат на секое поле, поназад се од западот само заради една особина - не се геноцидни. До 2030 година Кина ќе биде нумеро уно во се. Немојте да мислите дека Кина, Индија, Јапонија и цела Африка им го има заборавено геноцидот и маката што им ја нанесоа англосаксонците кои патем на нивни грб се збогатија и почнаа да се еазвиваат технолошки.
 
2030 и не е така далеку... Мислам дека си ептен оптимист по тоа прашање. Кина толку брзо би се истакнала само во соработка со Русија и Индија. И пак водич на една таква група, во технолошка смисла би била Русија. Но тука и со таква консталација постојат многу предуслови. До 2030 има само 11 години... Рачунај дека западот нема да седи со скрстени раце...
 
Исто така и Хуавеј е бр1 во телекомуникациска опрема и број два во продадени телефони. Гради по 1800 км високо квалитетни автопати годишно и гради најдобри железници во свет.

Само што железниците и технологијата се развиени на Запад. :ROFLMAO:

Кога некоја фирма во Кина одлучува да гради облакодер, склучува договор со фирма од Запад да го гради облакодерот.
Кога на Кина и треба нуклеарна постојка, таа ја градат Французи, Американци, Руси, Канаѓани...
Кога Кина сакаше да се фали со маглев железница ги ангажира Германците.
Кога Хуавеи произведува телекомуникациска опрема, набавува чипови од Јапонија, Тајван, Британија...

Да не е Западот уште ќе јаваа змејови Кинезите...
 
2030 и не е така далеку... Мислам дека си ептен оптимист по тоа прашање. Кина толку брзо би се истакнала само во соработка со Русија и Индија. И пак водич на една таква група, во технолошка смисла би била Русија. Но тука и со таква консталација постојат многу предуслови. До 2030 има само 11 години... Рачунај дека западот нема да седи со скрстени раце...
Западот е дефокусиран, само геј права ги интересира.[DOUBLEPOST=1548896255][/DOUBLEPOST]
Само што железниците и технологијата се развиени на Запад. :ROFLMAO:

Кога некоја фирма во Кина одлучува да гради облакодер, склучува договор со фирма од Запад да го гради облакодерот.
Кога на Кина и треба нуклеарна постојка, таа ја градат Французи, Американци, Руси, Канаѓани...
Кога Кина сакаше да се фали со маглев железница ги ангажира Германците.
Кога Хуавеи произведува телекомуникациска опрема, набавува чипови од Јапонија, Тајван, Британија...

Да не е Западот уште ќе јаваа змејови Кинезите...
Затоа реков уште учат за некои работи и крадат знаење и тоа го прават многу брзо. Хендикеп им се суровини, дел тука им е Русија дел ќе мора да се судираат со западот за кој да ги дрпне.
 
Западот е дефокусиран, само геј права ги интересира.[DOUBLEPOST=1548896255][/DOUBLEPOST]
Затоа реков уште учат за некои работи и крадат знаење и тоа го прават многу брзо. Хендикеп им се суровини, дел тука им е Русија дел ќе мора да се судираат со западот за кој да ги дрпне.
Кина е од прилика на ниво кое беше Јапонија 70ти... ќе се развива индустриски, додека има евтина работна сила, бидејќи водечките светски индустрии се фокусирани таму и све е made in china.

Кога ќе се крене стандардот и ќе почне да е скапа (а веќе почнува). приказната ќе се смени.

Западните индустријалци ќе осетат криза, и ќе има последици по западните економии тогаш. Но и за Кина тоа значи регрес или во најмала рака драматично намален развој (веќе се намалува).

Зборот ми е дека економскиот развој на Кина е резултат аутсорцингот на западните индустријалци, а не на нивниот технолошки напредок....

Оди во Сингапур или во Дубаи... нивниот раскош не е во нивниот технолошки процут... Тие се заглавени во средниот век и оној момент кога ќе снема нафта, ќе пропаднат. Колку сакаат нека купуваат научници.
 
Извини другар ама поим немаш што збориш :). Не знам дали од Википедија ги збираш информациите ама и од таму треба да имаш минимум знаење за да не треснеш глупост како на пример во иста реченица да ги ставиш Сингапур и Дубаи.

Прашање за тебе (ама без да бараш на гугл). Од кога Сингапур има нафта и е заглавен во средниот век и од кога во Дубаи живеат Кинези??? Со вакви аргументи без основно познавање на демографија и географија секоја сериозна дискусија е беспредметна. Знаеш ли колкав е ГДП на Сингапур и дека има исклучиво западно оружје (претежно американско) но и своја сингапурска продукција по западни стандарди од кои и одличен оклопен транспортер? Сингапур има една од најобразованите млади популациии на планетата а градот им личи на научна фантастика, они биле заглавени во 70-сетите, сериозно ти ова?

Еве што американски офицери мислат за Кина и нејзината воена технологија, читајте, учете и не летајте во облаци. 140 страни е документот, прочитајте го па после дискутирајте колку Кина не ја бива ;).

https://news.usni.org/2018/06/21/work-u-s-risk-losing-military-technology-edge-china-two-years

https://news.usni.org/2019/01/15/dia-chinese-military-power-report
 
Остај ти незнаеш, Сингапур има нафта и пак нема фудбалски клубови :D
 
Ко поговорката „нема вечег турка од потурка“ или у наш случај се прават поголеми Американци од Американците :D.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom