Преска кога пишав за КМБ не дообјаснив добро па кога ќе дојде некој експерт ќе ме искара.
Планот за 2019 година и е 1,792 милијарди, а ако добро се сеќавам планот за 2018 и беше околу 1,250, оваа година наплатија од Фени и Брилијант и оној минус од 2,450 за резервации сега е близу 800, излегува дека од оваа стапка имаат плус 1650 или над 80% од нето добивката,
ја да сум шеф на банката не 250, ИЧ нема да дадам дивиденда сите пари ќе ги употребам за развој.
Имам кажано дека ОХБ е 100 пати подобра од КМБ, ама во КМБ можеш да направиш повеќе пари поради големата ликвидност,
сега што очекувам? да падне цената на акцијата, да даде 500 при ваков извештај треба да е луд Хари, а ако нема 500 нема 6000.[DOUBLEPOST=1548774201][/DOUBLEPOST]
2 мин ти требаат за да сватиш дека не ја бидува работата, ќе споредиш наскоро со ТНБ, СТБ и ОХБ и ќе ја видиш разликата.
Значи тие резервациите не се исти секоја година, лани биле 2,450м, сега близу 800м и не е профит 1650 туку како споредба со ланскиот,
онаа што загрижува е 10м евра (20%) помалку приход од основната дејност, додека од провизии земале 1м евра повеќе, и друг трошок што ми боде очи е зголемувањето на трошоците за плати од 113м денари (12-13%), којзнае колку провизии има лапнато раководството.
Ако и оваа година работат вака, Топлификација ќе биде само привремено решение,
банката од Тирана според поборниците за дивиденда треба да се купи од овие пари
Задржана добивка/(Акумулирана загуба) 1,819,874
плус сегашните вкупно 3600м од кој би требало да платат под 28м евра (незнаеме колку точно не кажаа колкав удел), значи на располагање има најмалку 1900м, па што мислете ќе дадат 60% од нив или ќе ги вложат за инвестирање да го оправат билансот,
плус имајте на ум дека мораат да имаат одреден процент што го има зададено народна банка за адекватност на капиталот, ми се чини дека беше над 12% (или 15-16% ако смениле нешто 2018).