Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 септември 2018
Мислења
16
Поени од реакции
55
За мене, колку и да ми е тешко како македонец да прифатам, мислам дека ни се ближи крајот и дека наскоро ќе ни речат, ајде дечки фајронт. Доста си игравте држава, видовме колку ве бива т.е за ништо друго освен за крадење. Зошто ова сега на се личи освен на правна држава.

И се мислам тргна надоле со територијалната поделба и референдумот на кој американците маестрално не наместија што не признаа како Македонија 3 дена пред гласање иако сите бевме спремни на бојкот. Тогаш албанците добија ветер во грбот, се доби територија која веќе они си ја имаа обележано во Гокема Албанија и полека, полека, си дојдоа до целта. Остануваат уште некој финеси и да помине малку време. Сеедно што они гледаат дека ние се помиривме со судбината и дека ни е сеедно се.

Сите бомби ги знаеме, сите наместени тендери, сите милиони каде се, цел криминал ни е пред очи и ништо никој не превзема, така да може кој што сака да прави - ние со око нема да трепнеме и ке си чекаме...бугарски пасош или гарантно писмо од чичо од Австралија со куфер спакуван.
А кога ќе ми текне колку време протестиравме за еден универзитет. Само што нас ни за протест не не бива. Последен пат на протест бев кога ги убија децана во Вејце. Полно луѓе, се влезе у во собрание, војници со оружје беа меѓу демонстрантите. Тоа требаше да е државен удар. Но, што се случи? Дојде 01:00 саат, луѓето им здосади и се разотидоа. Никому ништо. Од тогаш не одам на протести.

Ова е готова работа и се гледа дека е наредено од многу погоре од Зајко, Грујко или Мицко и дека се спрема нешто, инаку баш на Заев, само што дојде на власт му текна да ги решава односите со Бугарија и Грција. И исто ко што помина кај нас, со поткупени пратеници, гледаме ќе помине и во Грција.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Не сум прочитал да се замара со него на темава. Од време на време се излетува некој , но главно тоа се членови и симпатизери на господинот, му недостига па пишуваат.
Глупо е да слушам/читам за личност која е умртвена политички 3 год. Ме лути тоа што читам од симпатизери на сдс дека тој е крив.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.508
Поени од реакции
1.895
Еве како реагираат во Грција за гласањето за договорот, овие ќе бидат на власт за брзо.

М од Македонија нема да ни дозволат да користиме.
Зошто толку страв од Грците.Нели со Преспанскиот договор ни е загарантиран т.е. забетониран идентитетот.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Зошто толку страв од Грците.Нели со Преспанскиот договор ни е загарантиран т.е. забетониран идентитетот.
А сега ни гарантираат. Немој бе. Овој договор е оспорен од двете страни. Национализмот е кренат кај нив. Сега ќе го трпат и обични туристи. Без договор вака така се тераше. Сега ќе видиме
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Албанци нема ниту во Албанија, се претпоставува дека најиселена балканска држава е Албанија.

https://denesen.mk/bela-chuma-drastichen-pad-na-natalitetot-vo-albanija-kade-postojano-ziveat-1-421-810-ziteli/

БЕЛА ЧУМА И ИСЕЛУВАЊЕ: Албанија има 2,8 милиони граѓани, но во неа живеат само 1.421.810 жители
Му поверува на новинаров ? Најди ми друг извор за оваа вест, јас нигде не сум прочитал.

Ти значи ли нешто тоа што во 2017 на избори излегоа 1,6 милиони гласачи ?

Или дека Албанија има 320.000 основци, а Македонија 190.000.

Дека Албанија има 1.095.000 вработени ?

@Marick14 , @Ѓорѓи Н.

Што мислите за тоа што го изнесе Каракамишева, дека македонско државјанство имаат 375.000 албанци, 1.880.000 македонци.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
@Marick14 , @Ѓорѓи Н.

Што мислите за тоа што го изнесе Каракамишева, дека македонско државјанство имаат 375.000 албанци, 1.880.000 македонци.
Тоа е проверлива бројка. Не знам дали е точна. На пример, македонско државјанство имаат и луѓе кои одамна отишле, на пример од Егејска Македонија, никогаш не живееле во РМ. И нивни потомци.[DOUBLEPOST=1548169632][/DOUBLEPOST]
Глупо е да слушам/читам за личност која е умртвена политички 3 год. Ме лути тоа што читам од симпатизери на сдс дека тој е крив.
Тој е „крив“ што не го промени името, изгледа. Не можат да му простат, па мораат сега тие да се „брукаат“, „да лижат кај што плукале“.. итн, итн...[DOUBLEPOST=1548169726][/DOUBLEPOST]
Незнам зошто толку паника околу контролата на приходите... Секаде во светот приходите се контролираат од аспект на плаќање данок како и од аспект на легалност на истите. Ако на некој му е чист газот нема проблем со тоа што од ујп, финансова полиција или некоја друга институција ке имаат увид во неговата сметка. Легални приходи, чесно платени даноци па нека повели кој сака нека ја гледа сметката.
Мислам дека проблемот е во нарушување на приватноста. Мене ми е сеедно.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Небитно.Ево се бојкотираше референдунот па никому ништо.Карванот си врви,ќе ја договорат како и се друго.
Може меѓу нив да си договорат, но како ќе се договорат со народот?
Треба да се договорат прво со народот, треба да му понудат/излажат со нешто.

Затоа викав да се направи анкета на оваа тема, па да се види то мислат членовите. Би требало овде да има пореална оценка, за разлика од некои владини и невладини сајтови и организации.[DOUBLEPOST=1548171013][/DOUBLEPOST]
Имам многу близок пријател во Статистика, кој сум го прашал дали се знае за тоа колку и што жители има Македонија. Ми рече дека се се знае, колкав е бројот на жителите на државава, и тоа колку албанци живеат тука.[DOUBLEPOST=1548171185][/DOUBLEPOST]
Му поверува на новинаров ? Најди ми друг извор за оваа вест, јас нигде не сум прочитал.

Ти значи ли нешто тоа што во 2017 на избори излегоа 1,6 милиони гласачи ?

Или дека Албанија има 320.000 основци, а Македонија 190.000.

Дека Албанија има 1.095.000 вработени ?

@Marick14 , @Ѓорѓи Н.

Што мислите за тоа што го изнесе Каракамишева, дека македонско државјанство имаат 375.000 албанци, 1.880.000 македонци.
Каракамишева е исто што се и сдсШ. Исто ќе ве штитат како што сега ве штитат од сдсШ. Така да, ништо што ќе излезе од нејзината уста не ми е релевантно.[DOUBLEPOST=1548171285][/DOUBLEPOST]Иначе, зошто никој од МВР/АЕК не толерира што се случува на фб, конкретно во групите за купи продај?
 
Последно уредено:

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Политичарите кои шверцерски го донесоа законот за двојазичност изгледа заборавиле каде живеат.
Македонија не е ниту Швајцарија, ниту Белгија, држави кои се доста богати и имаат вишок пари, за жал Македонија е и од секогаш била сиромашна држава, една од најсиромашните на целиот Европски континент, а најверојатно во моментов и најсиромашна !
Од каде ќе најдат Македонските институции кои и онака кубурат со опрема, материјал и кадар па уште и преведувачи треба да вработуваат, па плус и казни од по неколку илјади евра да плаќаат, во болниците, амбулантите и училиштата нема тоалети, чешми и греење, а тек па двојазичност ќе се имплементирала во истите ... wtf :tapp::ROFLMAO:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Му поверува на новинаров ? Најди ми друг извор за оваа вест, јас нигде не сум прочитал.

Ти значи ли нешто тоа што во 2017 на избори излегоа 1,6 милиони гласачи ?

Или дека Албанија има 320.000 основци, а Македонија 190.000.

Дека Албанија има 1.095.000 вработени ?

@Marick14 , @Ѓорѓи Н.

Што мислите за тоа што го изнесе Каракамишева, дека македонско државјанство имаат 375.000 албанци, 1.880.000 македонци.
Му поверував, затоа што нашиве новинари ги копаат вестите од странски портали.

https://seenews.com/news/more-than-half-of-albanians-want-to-emigrate-gallup-571888

Последнава статистика што ви е правена за дали сакате да живеете во Албанија или странство, половина население одбрало да живее странство по секоја цена, тоа значи дека сите што работат освен пензионерите сакаат да ја напуштат Албанија.

Ти пратив линк од странски поддржан портал.
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.419
Поени од реакции
3.251
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.820
Поени од реакции
17.039
аљо Берик, јави се ? .. да не го пратија службено на Синтагма да измери концентрација на солзавец :icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1548179503][/DOUBLEPOST]
Му поверува на новинаров ? Најди ми друг извор за оваа вест, јас нигде не сум прочитал.

Ти значи ли нешто тоа што во 2017 на избори излегоа 1,6 милиони гласачи ?

Или дека Албанија има 320.000 основци, а Македонија 190.000.

Дека Албанија има 1.095.000 вработени ?

@Marick14 , @Ѓорѓи Н.

Што мислите за тоа што го изнесе Каракамишева, дека македонско државјанство имаат 375.000 албанци, 1.880.000 македонци.
па зошто дават 9000 еур за 3-то дете ??
..им гори под нозе, кај албанците има една работа што ја немаме ние, еден оди 10 води, со цела подршка таму надвор...затоа и има интерес за иселување, полесно им е нив
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.317
Поени од реакции
15.488
Зошто толку страв од Грците.Нели со Преспанскиот договор ни е загарантиран т.е. забетониран идентитетот.
Ušte eden dokaz deka sve što ke kazi CRPKO....lazi.
Ima denešen pres kade samiot ova go potvrduva...ne e politicki spin
Премиерот Заев потврди дека терминот Македонец нема да важи за етничка или национална припадност
https://alfa.mk/премиерот-заев-потврди-дека-терминот/
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
Тој со број 5 е шовинист. А пошто сакате да се делите, не сакате да слушнете ниеден албански збор, зошто сега го следите ракометот на Мрт 2.Тој со број 5 уште и спортист се нарекува, а спортистите играат во клубови каде се зборуваат различни јазици, играчи со различни бои на кожа, религиозни убедувања итн. замисли на овој му сметал јазикот на другите играчи.
...би ти рекла да сите овие твои реченици ги укажеш во Албанија, да ги признае сите малцинства, а да не сакаат да слушнат збор од Грците, Македонците, Власите, Црногорците, Бошњаците, ромите, нели? таму не важи тоа што ни солиш памет тука? интересно нели? а ние да сакавме да се делиме не ќе ја имаше ова разлика меѓу Албанија и Македонија како држава ДА ВИЕ НЕ ПРИЗНАВАТЕ дека Албанија не признава малцинства,



ние овде, гледај како пишува...Македонци и сите малцинства, а во Албанија? јок малцинства! тоа спред тебе е дека сакаме да се делиме? :facepalm:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.820
Поени од реакции
17.039
Ušte eden dokaz deka sve što ke kazi CRPKO....lazi.
Ima denešen pres kade samiot ova go potvrduva...ne e politicki spin
Премиерот Заев потврди дека терминот Македонец нема да важи за етничка или национална припадност
https://alfa.mk/премиерот-заев-потврди-дека-терминот/
дефакто тоа што го кажува Заев е така во нормален културен свет, етничко изјаснување е право на секој... а други методи имаат државите; на пример во УК да те примат во кралска служба ( војска и слично) треба да имаш 2 или 3 колена кој живееле во УК ; не е само поради нас балканците туку има многу доселени британци од Индија, Пакистан итн...
па и Грција која егејците ги нарекуваше грци славофони, грци кој не знаат грчки итн., иако тие се изјаснија грци, сменија презимиња пак не ги третираше исто како вистинските грци по род, имаше дискриминации и ограничувања и за нив...
Проблемот ќе биде ако ова се применува и кај нас за внатрешна употреба, не може да има тогаш графа за етничка припадност во лична карта !!!
ако се тозволи тоа што Беса го најави, да се пишува во ЛК Албанска националност ќе настане Правна конфузија, ако не се дозволи кој сака да му се напише неговата националност !!
Од друга страна не може во Лична карта да се пише Државјанство албанец или било која друга држава, НЕМАМЕ таква ИНГЕРЕНЦИЈА !!!

Ако навистина НЕ дозволуваат во ЛК да се пишува македонец или било која друга нација ( турчин, србин, блгарин, хрват, црногорец, ром, ...), туку само албанец , ова ќе падне на Меѓународен суд како крушка !!
Ако се забрани САМО македонец, рачунај дека 80% македонци наместо граѓанин ќе изберат србин, блгарин, хрват, црногорец ...
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Може меѓу нив да си договорат, но како ќе се договорат со народот?
Треба да се договорат прво со народот, треба да му понудат/излажат со нешто.

Затоа викав да се направи анкета на оваа тема, па да се види то мислат членовите. Би требало овде да има пореална оценка, за разлика од некои владини и невладини сајтови и организации.[DOUBLEPOST=1548171013][/DOUBLEPOST]

Имам многу близок пријател во Статистика, кој сум го прашал дали се знае за тоа колку и што жители има Македонија. Ми рече дека се се знае, колкав е бројот на жителите на државава, и тоа колку албанци живеат тука.[DOUBLEPOST=1548171185][/DOUBLEPOST]

Каракамишева е исто што се и сдсШ. Исто ќе ве штитат како што сега ве штитат од сдсШ. Така да, ништо што ќе излезе од нејзината уста не ми е релевантно.[DOUBLEPOST=1548171285][/DOUBLEPOST]Иначе, зошто никој од МВР/АЕК не толерира што се случува на фб, конкретно во групите за купи продај?
Секаде имаш ти блиски пријатели. Во Бардовци ако имаш нека те приберат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom