Највероватно немаш акции во ОХБ, не ја следиш,не си бил на собрание, а логиката не дека не ти држи вода. Но има нешто што не си земал во предвид . . .
1.
Малцинските акционери бараа симболична дивиденда (ситнеш) кога дојде Бранка за директор. Таа ни вети и следната година ОХБ првпат подели дивиденда. Дивидендата не е само математика таа е реклама, повик за инвестирање, сигнал кон малите акционери за фер однос и.т.н. Ние бараме редовно да исплаќаат ситнеш, а на СГ не им е по кејф.
Зошто би икинале една дивидендна политика поради некоја ситна докапитализација.
2. Докапитализацијата не е на штета на малите акционери зошто менаџментот и мнозинскиот акционер топ ја развиваат банката... И тие пари сум сигурен дека одат во развој на банката.
3.
Сум бил на многу акционерски собранија во различни фирми, ама како во ОХБ што биле услушани и испочитувани барањата на малцинските акционери никаде . . . .
Кој си ти да кажеш дали дивиденда е непотребна и штетна, ако ние малцинските акционери ја бараме. Можеш да ги отвориш сите записници и на провериш . . . отвори го последното собрание без одлука за дивиденда од пред 4 години и да видиш што сме барале...
тоа е легендарно собрание за македонското акционерство и така никој не услушал малцински акционери.
Или на крај ќе испадне дека други од надвор подобро знаат и ни мислат него ние внатре..
п.с.
ОХБ му има продадено сопствени акции на СГ по цена од 8000+ , но после почнаа да се лигават некои бивши директорчиња (македонци) и ни го начукуваа со нивното полтронство и манипулирање. Инаку како мнозински акционер СГ е доста коректен само што ние како малцински акционери не сме доволно активни и заинтересирани.
Ако со некој менаџмент сум имам најдобро искуство тоа е ОХБ.
Оди пробај кај некој домашен тајкун да побараш некоја информација, очи ќе ти ископаат . . . А ОХБ цел тим од 3-4 вработени ти излегуваат во пресрет . . . Пробај, провери . . .[DOUBLEPOST=1548207268][/DOUBLEPOST]Инаку ОХБ е продадена веќе година дена ама никако да објават
. . .
Продадена е, сите знаат , а никој не објавува. Па ај шепнете кој е нов газда.
Де Шпаркасе, де фондови, де ОТП . . . .
Де 7000, Де 9000 . . .
Единствено знам дека имало заинтересираност од Австријците.