Сосема природно е да има иселувања, и преселувања, македонците почнаа многу пред албанците да емигрираат кон градовите, кој ги чисти селата низ источна Македонија? Кај имате село над 5 илјади жители?
Што има врска дали дошле од Косово или Србија, една држава било, Југославија, тоа било внатрешно емигрирање.
Природно, со зулуми, колежи, пљачки. Да, сосем природно.
Отоманскиот попис од 1467-1468 година забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети:
Попис 1467-1468 година
Вилает Калканделен (Полог) 20 домаќинства
Вилает Ускуп (Скопје) 2 домаќинства
Вилает Пирлепе (Прилеп) 10 домаќинства
Вилает Ќипрјули (Велес) 3 домаќинства
Нахија Крчово (Кичево) 7 домаќинства
Нахија Мариово 1 домаќинство
Нахија Манастир (Битола) 41 домаќинство
Извор: ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахија Манастир), с. 271–485
Првите шест албански села во Македонија
Албанците дошле на границите на Македонија во 1572 година. Французинот Филип Канаје го опишал заземањето на Качаник од страна на неколку како што лично запишал “албански групи на убијци и разбојници“ во 1572 година.
(Френски п'теписи за Балканите, с.140).
Во 1595 година за прв пат во историјата е забележана албанска разбојничка тајфа која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила.
(Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38).
Според отомански документ од 1597 година, околу 10.000 албански разбојници од северна Албанија, ограбиле и изгореле 27 села во западна Македонија, а во 6 од тие села, во дебарската област, се населиле првите Албанци во Македонија
(Шопова, Д. Цит. с'ч., с. 83).
Значи, прво населување на Албанци во македонско село, временски датира 3 години пред почетокот на 17 век и тоа било во областа на Дебар.
Албанско населување во скопската област
Во отомански документ од 1595 година за прв пат е забележано присуство на “арнаутски разбојнички групи“ во скопската област, но без албанско населување.
(Шопова, Д. Цит. с'ч., с. 78-79)
Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од скопска Црна Гора дури кон крајот на 17 век.
(Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и статистика" (с 11 карти), Издава Б'лгарското книжовно дружество в Софија, 1900 година, Част п'рва. Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100).
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и после постепено слегувале кон ниските села. Село Брест до 19 век било чисто македонско село, во Љуботен албанците навлегле кон крајот на 18 век.
(Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и статистика", Част п'рва.Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100).
Германскиот патувач Хан во втората половина на 19 век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австријските војни, а тоа е крајот на 17 век.
(Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70).
До 20 век, на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на 18 и 19 век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гњилане.
(Материали, стр. 523. / Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и статистика", Част п'рва. Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100).
Населено место Чаир според пописи: 1981 вкупно 69000, македонци 46%, албанци 18%, 1994 вкупно 67000, македонци 43, албанци 26%. 2002 вкупно 39000 македонци 40, албанци 43%. Зголемување за 25% најмногу по војната. И тоа све мирно и културно.
За повеќе ќе одиш во историја.