Мене и двата ми беа обични под просеци филмови, ништо поразлично од оние сите глупи хорори кои ги изнагледав минатата година. Убаво што вие си ги гледате така длабоко и неповршински филмовите и си гледате пораки во нив, на тој начин во секој еден филм може да се најде некоја симболика, јас хорорите ги гледам ептен површински и за забава и немам големи очекувања, немав ни за овие два и што очекував тоа и добив.
Bird Box ми беше хаос, филмот се трудеше да биде некаде на средина меѓу драма која ќе те тера да размислуваш и вака да си бараш симболики и хорор кој ќе те закова на место, ќе те остави без здив, ќе те вознемири, исплаши бла бла и уствари е цел неуреден, нејасен и недокажан. Многу ликови беа без смисла што дури само тројца да имаше во цел филм ќе беше подобро. Чудовишта што не можат да влезат во куќа поради некоја причина, луѓе што се самоубиваат иако прекрасно се чуствуваат, други што не се самоубиваат ама се опасни зошто гледале и се тоа недокажано и измешано. Не е финтата само да носи со себе порака, мора да знам како почнало, зошто, како, кога, мора логика да има кога веќе сака да биде драма за размислување. Ништо освен тоа што чудовиштата никогаш не ги видовме не ми се допадна кажав многу хаотичен и недокажан јас не би го предложила на никој.
A quiet place може за нијанса подобар зошто беше понапнат и подобро разработен, ама вака после време откако го гледав и тој ми е исти курац тука негде.