Да се разбереме секој има свој интерес зошто е на темата-форумот..Некој споделува искуство,некој споделува знаење,некој учи и прашува,некој сака да помогне во свеста окулу загадувањето со дрва,некој продава(некои јавно а повеќето тајно) а некој е тука за да навредува и омаловажува!Е овие последните ја расипуваат темата..Се слушнале ли Вие за принципот на рамноправност и еднавквост и за слобода на изразување..
Зошто јас да не можам да споделам позитивни искуство за мојата Грее клима и да бидам навреден поради истото,зошто да неможам да споделам негативно искуство поради мојата Вивакс клима и повторно да бидам навреден,важи за сите членови и за сите модели зошто не може да споделата негативно или позитивно искуство без да бидат навредени омаловажени..Зошто некој не може да продава клими без да биде омаловажен, еве и Енергија и Грее се членови продаават забренето ли е да се врши продажба на темата...
Зошто Вие не знаете да читате по темата без да пребарате(search) и да ги филтрирате добрите постови искуства,знаења,факти и да ги искористите за Вас,туку веднаш почнувате со навреди?!
Да во право е
@Scorpio83 темата е многу променета од 2015-2016 а да не зборувам за порано кога не сум бил ни член..
Јас ли да Ви бидам факинг peacemaker или сами ќе разберете и ќе се воздржите од навреди..
Ако некој каже нешто навредливо мора ли Вие да вратите со поголема навреда?!Знаете ли Вие да се воздржите и да одговорите со Факти искуства и знаење а без навреда. Ако пак тој другиот е поискусен од Вас и има повеќе познавање дали Вие со навреда кон истиот без никакви аргументи ќе добиете нешто,сатисфакција можеби...Нели тој другиот е можеби во право тешко е тоа некогаш да се признае?!Можам ли јас да влезам во конфликт со златко и стрелец (или друг некој)кои имаат огромно познавање(и од мене а и од повеќето членови тука ако не скоро и од сите) па јас да им солам памет кога самиот првпат се обратив за помош на темата..
Значи дедо викаше Усул во глата внучко,памет со инка не се тура..Затоа и вие со памет пред да напишете некоја навреда или на навреда вратите со уште поголема навреда,продолжете напред и закопајте те ги тие Ратните секири...Во војна никој не победил,сите изгубиле!