Група Б(MKD,CRO,ESP,JPN,BAH) - Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата The Accountant
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    131
Не дека сум ги глеал аматерскиве репрезентации од другиве групи ама уверен сум дека имаме топ5 најслаба одбрана на првенствово...
 
Пешевски и Манасков заедно имаа најмалку 9 зицери промашено.Вилипче обезмадениот ниту еден удар ,Талевски анемичен.
 
Филип не бил лош играч Во право си, за да биднеш лош треба да си играч прво а он е дунде
 
Нема. 60 минути да играш у напад и да не пробаш да шутнеш, е брука.
A da promasis 15 ziceri? ne e isto?
Ne e tolku los, kolku so se jadi go*na, ako gledas rakomet ke vidis deka koga i da vlezi vadi dosta cisti pozici za gol, ziceri.
 
Скроз понижување,посраа се од изјави и јачење и чукање у гради дека ќе играат добро.Иста приказна.И да донесеш светски тренер,гомно ни е менталитетот.Хрватска се како Србија моментално,со истрошен тренер и играчи. Постојано истиот филм,несериозност,недисциплина,тотално своеглаво торлаци ...... Брука се,иако еден натпревар е досега.Ништо не прават,само повторуваат исто гомно.
 
Не бил лош Филип.Ова мора да е по некој нов критериум.
Не верувам јас дека на некое првенство се случило БЕК ДА НЕМА ШУТ ВО 60 МИНУТИ.
Од било која репрезентација.
 
Борко и Деки добри беа до негде.
Кире стандард.
ФилипчиЊата сите тројца Катастрофа.
Паше многу зицери утна.
Нашите од шансата што им се укажа се уплашија,имавме шанса за приклучок,Деки утна празен гол,Пеше 2 зицери,Тале у нога подава.:facepalm:
Тоа е тоа,идеме даље со Исланд ќе биде решавачка.
 
Не бил лош Филип.Ова мора да е по некој нов критериум.
Не верувам јас дека на некое првенство се случило БЕК ДА НЕМА ШУТ ВО 60 МИНУТИ.
Од било која репрезентација.
ne rekov ni deka e dobar. Ako zemes vo predvid, na isto nivo izigraja i mn poistaknati od nego..
 
Преголем притисок врз младите.Катастрофа 7 на 6.Катастрофа одбрана.Филип Лазаров цела утакмица на среден.
Очај подобро Шундо да е тренер со клавајте голови..
 
Само ќе си го повторам сето она што го напишав пред натпреваров. Уште една потврда на разочарување од бековскава линија (освен Кире). Толку да немаш муда да шутнеш, или па квалитетно да изглумиш дека се залетуваш.. Стварно не можам да сватам,каде е спортската дрскост, каде е желбата да им го начукаш на хрватскиве ѕвезди? Каде бе?? Талевски, Кузмановски? Ма момциве не се и за Војводина да бидеме реални. Балканов има вакви и многу подобри да ги ринеш со лопата. Жално е. Го бараме Филип Миркуловски и со право го бараме. Мислам дека ние немаме никаква ракометна иднина на голема жалост. По пензијата на Кире ќе бидеме само топовско мевце за средножалосни репрезентации.
 
Не играа добро Хрвативе, печени беа за пораз, имаа драстични падови и немаа идеа во напад во второ. Ама како да ги победиш кога ние бевме катастрофа. Жал ми падна за Киро, толку асистенции им даде, толку зицери промашени. Пешевски едно 4 зицери утна, Георгиевски 2, Манасков неколку, Стоилов 2-3 итн.

Овој Георгиевски е толку паднат, што ја би го седнал на клупа. Минатото првенство беше катастрофа, сега исто. Подобро Поповски нека игра.

Мислам може треба да прекинеме и да фантазираме дека Кузмановски и Талески се некои врни таленти.

Очекуван пораз, ама пак, боли.
 
Тренинг натпревар на Хрвативе...
Со пола сили не тепаа. Ова „шансиве“ за враќање во натпреварот е слично како во последниве години од Металург што се палат дека загубиле ситно од Вардар, а всушност овие не се замараат ни 10%. Циндриќ не влезе во игра. За нашава одбрана Циндра е измислен, 15 гола можеше да ни даде.
Шанса немавме никаква, ниту пак очекував нешто од дуеливе со Хрватска и Шпанија. Проблемот е што ако ги одмориме првотимците, вториот состав ќе загуби со таква разлика што цела јавност ќе ги шиканира и ќе се одрази на моралот на цел состав.
Имаме само еден корисен бек (Кире) и од другите не можеш да составиш еден квалитетен играч. Кузмановски и Талески ми се најголемо разочарување на турнирот. Очекував да бидат барем мал пример за оние кои за прв пат се земени, но напразно. Тале со Велко се комедија невидена во одбрана, а во напад нема апсолутно никаква корист од него. Само врти се напред назад, забиј се во противничките дефанзивци, и ниту вишок создава, ниту додава, а да не зборуваме што нема теоретска шанса да се крене на шут.
Реално, освен со напад 7-6 немаше шанси да создадеме нешто во нападот. Дури и така имаме огромни проблеми, бидејќи ниту еден бек освен Кире не ни размислува да се крене на шут.
Ех Филипче, Филипче, сите напади ги одигра, воопшто не ни размислува да шутне. Кој не би посакал такви противнички бекови? Но, што да се прави, тоа е изборот. И нивните замени се уште понепотготвени. Вкупно 10 минути добија на турниров и сто грешки направија тоа во моменти кога се решени натпреварите.
Пикерите промашија недозволив број на шанси. Спомна Томасино, Шего само им кратеше агол цело време, а овие го шинаа гаѓајќи. Крилата се обидуваат нешто, Манасков и покрај грешките не е толку лош. игра машки, но џабе е се кога бековите се нула.
Талески мора да го маркирам како најголемо рзочарување. Никогаш не сум имал голема доверба во неговите квалитети, но напразно.
Одбраната е втор проблем, едноставно немаме шанса да го сопреме противничкиот пикер и сите тие влезови на наши 6 метри. Да не зборуваме што дозволивме еден куп чисти шутеви од далечина.
Дувњак им дава сто гола од 10 метра со шут од место.
Тешко ќе биде со Исланд, но мислам дека кога највеќе е потребно, ќе одиграме добро. Во напад не сме толку лоши во однос на квалитетот на бековите, но одбранта е застрашувачка. Мене ми се допадна Поповски во одбрана, игра дрско, на раб на исклучување, но мал е и не може многу да промени.
И како и секогаш, што ќе правиме без Кире?
Најубаво се гледа на последниве натпревари дека на ранг на Косово ќе бидеме ако не натурализираме некого.
Џабе се земаат тие дебитанти во репрезентација, никаков ќар од нив. Штета што Миркуловски не собра сили да одигра барем во напад на ова СП.
 
Ако мислите на Филип Лазаров дека немат шут да знете дека тое така договорено, Филип Лазаров имат работа само да асистират и во случај на чиста позиција од 6 метри да шутират.

- Шо се оденсуват до Филип Кузмановски цело време го пратев, изигра слаба утакмица да, ама некако самото присуство на Филип Лазаров го гушеше Фитиљот, односно Филип Лазаров не е играч шо можит да повлечит играч на него зошто беше прочитан дека немат да шутират.
- Веројатно беше договорена игра со форсирајне на чисти ситуации, пикер, крила и шут од 6-7 метри, зато и не видовме шутој од бековски позиции.
 
0 пенали изнудивме утакмицава, и тоа кажува колку пробивни бевми и колку добри топки добија пикерите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom