треба да се разликуват 2 работи, плукање на улица, тротоар и слично, од плукање во марамче или специјални контејнери за тоа, кои кај нас можеби ги има само по болниците... а како што е некому гадно да слушне ркање, некому е исто гадно и да гледа  и чувствува дување дим од цигара, црн чад од дизел возила, прдење во автобус или затворен простор  итн
Околу плукањето е најеколошки користење на специјални контејнери бидејќи секоја палома значи уништување на шумите, а  текстилно марамче е едно  нехигиенско друго се трошат детергенти за перење, а кој загадуваат. Користење на паломи или текстилни марамчиња е ок за во кола , автобус и слично...
Сепак мислам дека приоритет е спречување на фрлање опушоци, од повеќе причини. Не само што не е убаво за гледање, туку летно време е опасно за предизвикување пожар, не се разградуваат и се трупаат... на автобуски станици и поред  корпи за отпадоци има 1000-ци опушоци.