Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Ја не мислам така. Ако можеа Германците после 45та да станат бфф со пола Европа, зошто та ние да не можеме :icon_mrgr:

Проблемот кај нас мислам дека е шо премногу забегавме со се. А некој се дигне за нешто кај што се уклучени Албанци, одма „ааа ете не ги сакаат Албанците“. Така беше со Монструм, имаше протести зошто демек само зошто се Албанци затоа се обвинети, Албанци коа имаа протест за не знам што во Чаир и коа запалија автобус на ЈСП не смееш ништо да писнеш зошто одма ти си тој шо не ги сакаш Албанците само зошто се Албанци, на се се става некаков си етнички предзнак.
Еве пример мене многу ми смета што човек што бил некаков си офицер во АРМ, дезертирал во 2001, убивал војници на АРМ, беше Министер за одбрана, а сега е Претседател на Собрание. Колку и на моменти да ми се свиѓа неговиот „војнички“ начин на работа во Собрание и оноа „седите бе море хеј“, не можам да го сварам тоа дека човек со таква историја е вториот најбитен човек во државата. Е на ваква работа одма се иде со тоа дека демек не го сакаш зошто е Албанец, па демек шо е битно, он у 2001 се борел за права...
Или многу ми смета што никој од 2001 не е осуден за злосторствата против човештвото. Многу ми смета шо луѓе шо се дрзнале во 2001 да разнесуваат со динамит обични цивили, денес да се меѓу нас, а гарант се и на високи државни позиции. Или па шо Министерот за животна средина си дозволувал да затвара и отвара вода во 2001 кога ќе му текне и никому ништо...
Ова е нешто што им дозволивме да го наметнат политичариве како слика и сите патиме од тоа, тука ги вклучувам и Албанците зошто знам дека и они си имаат проблеми со беговиве од ДУИ.

Ние почнавме на кисело млеко да дуваме и затоа никогаш ништо нема изглеа да биде у државава, зошто никој мислам дека нема храброст законот стварно да важи за сите исто, а тоа ете се покажа и со амнестиите...
Се сложувам за се', во право си ама еве конкретно за Таљат, кога беше поставен за министер за одбрана, бев на протест пред Влада, а пред истата имаше 300-400 луѓе, можеби ни толку, од кои 80% млади дечки од навивачки групи, кои зошто се вжештени глави, фрлија нешто према полиција а на овие толку им требаше, се групираа и не отераа у курац.

Се слагам и за муабетот со хашките, муабетот со амнестирање терористи, муабетот со амнестирање криминалци, ти влагаат у собрание, те тепаат а ти го амнестираш а 3 месеци пред тоа да ти се деси, палиш пошто претседател сака да амнестира политичари, за на крај пак ти да ги амнестираш политичарите. Абе ужас, се слагаме за тоа сите, ај не сите ама повеќето, само што ти викам, се' си е зачнато со самиот почеток на државава, каде што истата дозволила народот да биде поделен на битен и помалку битен, поради (жити се') националност.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Ништо не му фалеше на Уставот од 91ва, баш беше добро срочен и добро беше нагласена посебноста и правата на заедниците. Тоа што ние три децении истиот го користиме како тоалетна хартија, газот си брише со него кој стаса, е тоа е проблемот. Не во содржината ами во (не)примената на актите и нивното толкување во согласност личните и партиските интереси, а не државните, кои што беа ставени на страна.

Јас не мислам дека македонската етничка заедница некогаш била ставена во прв ред, на сметка на правата на малцинствата. Не знам за какви привилегии зборува некој за време на 90тите, кога ни се случи најголемиот економски крах, приватизацијата. Ако некој тогаш мислеше на народот, па макар и по етничка линија, немаше да дозволи такво економско уништување и грабеж на една нација. Ако тогаш некој бил привилегиран, тоа биле неколкуте фамилии и поединци кои што се збогатија преку ноќ и ја претворија земјата во олигархија со екстремна невработеност и сиромаштија.
Ако сиромаштијата е привилегија, тогаш да, ептен сме биле привилегирани како македонци.

А тоа со наводното барање "права" во 2001ва. Тоа беше војна за се' освен за некакви си поголеми права. И хипотетички гледано тоа да било така, 18 години по војната единствено право кое што го добија албанците е еднакво да крадат со овие нашиве, да лапаат мрсни тендери и да паразитираат на државна сметка. Ете, денес таа неправда према нив е исправена, дури и во уставот ги има како еднакви, државотворци.

Денес и официјално и албанците и македонците и сите останати заедници во оваа вукојебина можеме да се наречеме еднакви и по права и по мизерија. Ним ги лажеја оти немале доволно права, затоа биле сиромашни. Нам...нам пак оти сме биле македонци. Ете, сите пречки сега се отстранети, нема веќе простор за изговори. Од денес па натаму единствен проблем на сите ќе ни биде: што ќе правиме со толку пари, толку голем стандард откако Заев и Али ќе не внесат во Нато и Еу.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Без паника, овие од дијаспора ќе ве спасат, ќе го поништат договорот кај и да е.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.280
Поени од реакции
15.406
Без паника, овие од дијаспора ќе ве спасат, ќе го поништат договорот кај и да е.
Voopšto mene ne mi e galje ako se ponisti ovoj dogovor....otkako site 140 zemji koi ne.priznaa pod Republika Makedonija sega ke ne priznat pod severnadža...

Stavi se vo situacija na nekoj od ovie državi- se zamerile so Grcija radi nas...a sega nie im vikame: ej...se premislivme nie.....ke se vikame kako saka Grcija
Vtor pat tie nema da se zamerat so Grcija radi nas
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Кога се' се заврши, јас само ќе кажам, највиновен ни е Уставот од 91ва, во кој македонците се ставаат ниво над сите останати граѓани во републикава. Не може албанецот Арбен и влаот Томи, со ромот Џевдат да бидат под дифолт граѓани од втор ред а за сите да важат исти закони, сите да плаќаме иста сметка за струја, сите да плаќаме иста сметка за телефон и исти даноци. Не може ти, затоа што си македонец, под дифолт да бидеш над сите останати. Не може да сака да отвори универзитет на крај на 20ти век, за да учи на јазик кој му е мајчин, ти да му викаш, ќути бе шкиптар, ќе учиш само македонски. Не, ќе му кажеш, во ред, учи албански ама и македонски, задолжително. Не може да му викаш, ќути бе циган, ти си само за по контејнери, па да сакаш истиот и тебе да те почитува ко да си му господар. Грешно е и срамно, што ние, како граѓани на републикава, кога ќе отидеме у бел свет и ќе не' прашаат кои сме, не поистоветуваат со грчко племе, со срби, со бугари и се вреѓаме, што е во ред, да се навредиш ама од друга страна, кога си најслаб надвор, доаѓаш дома и наместо да развиеш соживот со оние со кои што живееш, ти, затоа што се послаби, цела фрустрација им ја истураш нив. Сега, доцна е за соживот, доцна е за братска љубов помеѓу етнички заедници затоа што имаме премногу омраза, премногу гнев во нас и едни према други. Тој устав, тоа угнетување е една од главните причини за војната во 01, затоа и сега ги разбирам албанците, што сакаат се' повеќе и повеќе, затоа што 50тина години пред тоа се угнетувани и рангирани како граѓани не од втор, од четврти ред, епа сега браќа и сестри, дојде нивното време, си наплаќаат, нешто што би го направиле и вие да сте на нивно место.

Ве молам, не ме цитирајте со излитен фејк патриотизам, си ја сакам и јас државата и не го оправдувам овој пичкарски потег на власВа, у уста ги ебам продад...
Никако неможе да си во право за уставот од 91ва а ке ти кажам и зашто.Во тоа време кога се растури Југославија од ЕУ излегоа со став дека само Словенија и Македонија исполнуваат услови да станат членки на унијата.Баш ради уставот кој даваше широки права на малцинствата ние бевме рангирани дури и пред Словенија.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Се проценува дека 60.000 македонци се изјаснија како бугари, за да се снабдат со бугарски пасоши.
Тие 60.000 се во вашето опкружување, роднини и пријатели.

Голем дел од вработените во јавна служба се неработници или корумпирани.

Тоа што сакам да кажам е дека помалку важно е како се вика државата него ли каков народ живее таму.

Македонија или Северна Македонија, не менува многу, ако вие како македонци сте свесни за својот идентитет.
Да треба да се огледаме на Косово кој просперитет и напредок го има брее!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Пред да започне геј револуцијата немаше потреба за промена на устав, немаше тиранска платформа, немаше притисок за промена на име или за некој си договор со Бугарија.
Не е баш точно. Уште втора половина на 90ти уставот беше критикуван. Само што имаа огромна медиумска моќ. Се промовираше концептот држава-етнос што во ретроспектива гледаме дека испадна погрешно и штетно за Македонија. 30 години конфликтни ситуации, бојкот на 2 пописи, прогласување Илирида и Алмакос во 90тите, етнички клуч во сите сегменти, формирање чисти национални партии и да не набројувам други штети врз етничка основа. Чисто информативно, Македонците уште 2002 пописот (како и другите дотогаш национални малцинства) станаа етничка заедница. Впрочем, индикација за ова ви е константната коалиција со албански партии. Доколку се одбереше демосот, можеби...но тогаш немаше да минат депото, цигарите, коњите, цел криминал кој се вршеше без последици по властите.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.413
Кога се' се заврши, јас само ќе кажам, највиновен ни е Уставот од 91ва, во кој македонците се ставаат ниво над сите останати граѓани во републикава. Не може албанецот Арбен и влаот Томи, со ромот Џевдат да бидат под дифолт граѓани од втор ред а за сите да важат исти закони, сите да плаќаме иста сметка за струја, сите да плаќаме иста сметка за телефон и исти даноци. Не може ти, затоа што си македонец, под дифолт да бидеш над сите останати. Не може да сака да отвори универзитет на крај на 20ти век, за да учи на јазик кој му е мајчин, ти да му викаш, ќути бе шкиптар, ќе учиш само македонски. Не, ќе му кажеш, во ред, учи албански ама и македонски, задолжително. Не може да му викаш, ќути бе циган, ти си само за по контејнери, па да сакаш истиот и тебе да те почитува ко да си му господар. Грешно е и срамно, што ние, како граѓани на републикава, кога ќе отидеме у бел свет и ќе не' прашаат кои сме, не поистоветуваат со грчко племе, со срби, со бугари и се вреѓаме, што е во ред, да се навредиш ама од друга страна, кога си најслаб надвор, доаѓаш дома и наместо да развиеш соживот со оние со кои што живееш, ти, затоа што се послаби, цела фрустрација им ја истураш нив. Сега, доцна е за соживот, доцна е за братска љубов помеѓу етнички заедници затоа што имаме премногу омраза, премногу гнев во нас и едни према други. Тој устав, тоа угнетување е една од главните причини за војната во 01, затоа и сега ги разбирам албанците, што сакаат се' повеќе и повеќе, затоа што 50тина години пред тоа се угнетувани и рангирани како граѓани не од втор, од четврти ред, епа сега браќа и сестри, дојде нивното време, си наплаќаат, нешто што би го направиле и вие да сте на нивно место.

Ве молам, не ме цитирајте со излитен фејк патриотизам, си ја сакам и јас државата и не го оправдувам овој пичкарски потег на власВа, у уста ги ебам продад...
Чисто како забелешка да се има за другите, пошто не верувам дека влијае врз твоето мислење..

Тука си многу голема грешка, очигледно не ја знаеш фактичката состојба која беше или те труе пропагандата....

Првиот устав на Македонија во склоп на федерацијата беше чисто национален, во 1991 година се отиде еден чекор понапред и уставот стана граѓански, со исклучок на преамбулата која беше остаток од стариот систем, да го покаже вековниот стремеж на Македонскиот народ за Македонска држава.

Учењето на Албанците беше на Албански јазик, дури и во времето на федерацијата. Секаде каде што имаше Албанци, да се собере барем еден клас, се правеа Албански паралелки (истото важеше и за Турски и Српски)...

Уставот од 2001 година не врати пак на национален устав... поточно бинационален ...

Еве кога ќе ги споредуваме соседните земји (само оние примерите нели што се во НАТО и/или ЕУ) и да ги споредиме нивите устави и правата кои ги даваат на малцинствата, ќе видиме дека Македонија беше една од ретките земји во светот, а не само во околината што ги дава тие права и чиј народ се одрекол од национален устав...

Така да приказнава што ја кажуваш води во друга насока. Споредувајќи со тоа колку се геополитички стабилни околните земји(членки нели на НАТО и/или ЕУ),тоа што уствари дозволивме и дадовме права и слободи, не донесе до ова дереџе...
 
Последно уредено:
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
А зошто не би завршиле кога тоа ни беше едина опција како држава ?

Последните неколку години од владеењето на Груевски беа катастрофални за државата.
Доколку си под влијание на кампања од една страна не можеш да размислуваш трезвено. И најлошите груевски години, и кога мандатите ги држеа сдс, беа со подобри показатели од сега.
Се сеќаваш на проектираниот раст презентиран од владата? Се јави ецб, му кажа да не лажи.
Не е споредливо, само треба да помине време, и дали тогаш ќе си признаеме дека не измами
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.413
Ако не помине, нема менување... ни за меѓународна ниту за дома, така?
Кај пишува така?

Јас колку што знам ќе излезе во службен весник уште пред да се гласа во Грција... FYRoM беше договор кој важеше за ЕУ и НАТО интеграции, не се почитуваше, тужевме за тоа, па пак ни остана.

Така да незнам дали ќе се врати, поготово со Албанскиве амандмани...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom