Ја не мислам така. Ако можеа Германците после 45та да станат бфф со пола Европа, зошто та ние да не можеме
Проблемот кај нас мислам дека е шо премногу забегавме со се. А некој се дигне за нешто кај што се уклучени Албанци, одма „ааа ете не ги сакаат Албанците“. Така беше со Монструм, имаше протести зошто демек само зошто се Албанци затоа се обвинети, Албанци коа имаа протест за не знам што во Чаир и коа запалија автобус на ЈСП не смееш ништо да писнеш зошто одма ти си тој шо не ги сакаш Албанците само зошто се Албанци, на се се става некаков си етнички предзнак.
Еве пример мене многу ми смета што човек што бил некаков си офицер во АРМ, дезертирал во 2001, убивал војници на АРМ, беше Министер за одбрана, а сега е Претседател на Собрание. Колку и на моменти да ми се свиѓа неговиот „војнички“ начин на работа во Собрание и оноа „седите бе море хеј“, не можам да го сварам тоа дека човек со таква историја е вториот најбитен човек во државата. Е на ваква работа одма се иде со тоа дека демек не го сакаш зошто е Албанец, па демек шо е битно, он у 2001 се борел за права...
Или многу ми смета што никој од 2001 не е осуден за злосторствата против човештвото. Многу ми смета шо луѓе шо се дрзнале во 2001 да разнесуваат со динамит обични цивили, денес да се меѓу нас, а гарант се и на високи државни позиции. Или па шо Министерот за животна средина си дозволувал да затвара и отвара вода во 2001 кога ќе му текне и никому ништо...
Ова е нешто што им дозволивме да го наметнат политичариве како слика и сите патиме од тоа, тука ги вклучувам и Албанците зошто знам дека и они си имаат проблеми со беговиве од ДУИ.
Ние почнавме на кисело млеко да дуваме и затоа никогаш ништо нема изглеа да биде у државава, зошто никој мислам дека нема храброст законот стварно да важи за сите исто, а тоа ете се покажа и со амнестиите...