Глеј, јас добро ја знам разликата од летни/зимски гуми. Нема збор што е што.
Постои знак за задолжително ПОСТАВУВАЊЕ на зимска опрема во услови соодветни за тоа (мислам дека беше син круг со бели гуми). Не знам само дали доколку се случи сообраќајна незгода/штета во извештајот се пишува дали учесникот имал поставено зимска опрема (зимски гуми или летни гуми со синџири на нив). И дали имало знак за задолжително поставување на зимска опрема на таа делница. Тука ваљда фактор е и колку снег имало, сигурно. Сообраќаец по лично убедување ваљда ако те сопре ќе утврди дали ќе те пушти да возиш без ланци.
Според Членот 404 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од 03.05.2007 год.:
(1) Моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќајот на пат надвор од населено место, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
(2)
Униформираниот полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема, согласно со ставот (1) од овој член
(3)
Униформиран полициски службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.
(4) Глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Поентата на целиот муабет е што погоре умараа како тоа народот не почитувал ПРОСТИ закони и не менувале летни во зимски гуми, а таков закон НЕ постои. Прост им беше муабетот само, се заплетка глупиот стек како Гордиев јазол, како и увек коа истреска глупости, после ја менува целта на муабетот.
Моралната и самоосвестувачката страна од причава со гумите е сосема на страна. Зборев чисто законски како е.