И јас ја имам. Моделите до 3.5кв имаат по еден лептир сјајно бела боја а поголемите по два и мат бела боја.Кај мене како зголемуваш на далечинското така си појачува. Тоа powerfull е истата брзина 5 на внатрешната, за на надворешната незнам дали појачува нешто. Мајсторот да не ги има измешано 4те жици што ги поврзуваат внатрешната и надворешната( појма немам така трескам). За греењето незнам што да ти кажам, јас искрено очекував повеќе. Другиве членови кажуваат дека ги местат климите на 22/23с и дуваат топло темпреатурата во собата е ок и сите се задоволни. Јас ако ја оставам под 25 дува млако и цело време ме мава поладен воздух отколку температурата во собата. Кај мене како ја зголемуваш брзината дува се поладен воздух, незнам можеби оваа клима е за поголеми соби и дува силно и на прва брзина. Мислам дека на втора брзина дува најтопло, и ако не ја ставам на 27/28с не сум стоплен како што треба. Вчера ја сетирав да се уклучи во 4:45 сабајле на 25с, случајно станав во 5:35. Температурата во собата беше 21с на 50см висина и на 2 метри од климата(кај неа беше сигурно 22), дуваше ладничко можеби со 35с, а кога почнала да дува температурата во собата сигурно не беше под 21 зошто парното работеше до 03:30. Прв пат се грејам со клима можеби грешам ама пак оставам поискусните да кажат. Најмногу што сум измерил издув е 53с и тоа за кратко. Како што читав некои многу поевтини клими дигаат и до 60с. Да знаев дека вака ќе се заебавам греела-негреела по цел ден кога е уклучена и да гледам цело време во термометар ич не ја купував.
Незнам како се пресметува колку kw вади еве вчера на надворешна -7, извади издув 48с и не одеше нагоре, собната беше некаде 17.7 на 50см висина кај неа беше сигурно 19/19.5с.