Што ве натера да се иселите од Македонија?

Што ве натера да се иселите од Македонија?

  • Вкупно гласачи
    194
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Оти ја нема главната причина заради која што бегаа луѓето во времето на вемерото, невозвратена љубов?
Ти на зае*анција ама жива вистина е тоа;).
Луѓето ја сакаа Мк, се жртвуваа за неа а она ни под разно не ги онадеше и оп, поради невозвратена љубов повеќето и си отидоа!
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Па анкетата е и за нив! Процентуално они се поиселени од нас, да не треба прашање македонизација на Мк?
80 % vlada see ljocki, za taa li makedonizacija zboris ili so besa sekoj den mu go buta seceniot na murtinjo u dupe?
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Зборам за обичните , тоа со зоки да, отиде од рака!
А тебе ти мења како се вика џаболебарот?
Јес да е проблем ама директно врзан за иселување тешко.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Дали постои причина на страна од семејството и пријателите која би не задржала тука? Во мојот случај, не, единствено нешто што ми е криво е што на некој начин ќе се оддалечам од семејството и од пријателите, се она што си градел во животот го оставаш зад себе и почнуваш од нула.
А тука не гледам никаков просперитет, никаква иднина, труење со политика, нефункционирање на институции, непотизам и партизација, рекетирање од сите страни, форсирање на малцинствата пред својот народ, на кратко сметам дека ова нема да постои како држава за неколку децении (а можеби и многу пократко), едноставно колку и вештачки да се обидуваме да опстоиме, не ги остваруваме основите за да бидеме држава.
Како беше онаа, кадија те тужи, кадија те суди, така е и во дупкава, се опростуваат тешки криминали, терористи се прават претседатели на собрание, министри, директори, клептомани кои маме и ебаа на државата и префрлија на офшор сметки милијарди од тука се амнестираат како да не направиле ништо, а обични луѓе за 10 кебапи лежат ќорка по неколку години (што колку и да изгледа трагично до некаде за таквиот е спас, барем ќе има 3 години со гарантирани оброци, сигурно не украл ќебапи од што бил прејаден).
Сума сумарум, се што е наведено и плус дополнително уште еден куп глупости на дневно ниво кои ме тераат секој ден да си го мразам животот оти сум роден тука.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Да, убаво викате дека здравството е најслабата алка во Македонија и број еден за да се напушти.
Али пошто образованиево не ни чини, мислам дека ако некој сака да се сели во странство, најдобра опција му е и да студира во земјата во која сака да живее. Еве од лично искуство, јас со мојов факултет, иако во некои земји е признат, не би се осмелила туку-така да одам да работам некаде, дури и да ме примат на некоја пробна работа. И во многу други професии е така, тие што се рачунаат за "експерти" тука, во странство ќе треба да се дообучат неколку години пред да добијат половина од позицијата што ја имаат тука. Нејќам да ме "земат" во некоја фирма во странство, и да решат дека јас треба да одам на работа, и после дома да учам цело време, и да полагам тестови за тоа, за да одговарам на позицијата што ми ја даваат. Едноставно, тоа време ми помина, сега сум заинтересирана за други работи. Дури, ако решам да се преселам во странство, може би работела и нешто сосема неповрзано со мојата професија, ако ми нуди доволно пари за опстанок. Ама па после би се прашувала себеси дали е тоа тоа што ми одговара и дали ме исполнува, или работам само за нечии туѓи интереси. Пак ќе дојде моментот, дека почнуваш од почеток, па треба да собираш пари од почеток за било каква недвижност/кирија/кола ... Пак може да поминат многу години додека да се почувствуваш свој на своето, и во професијата, и со тоа што поседуваш.

Тука сум некако слободна да правам што сакам и кога сакам, што не верувам дека би го имала во некоја друга земја. Таму ми е некако... Селектирај го ѓубрето по дома, после иди кажи на рецепција дека си заминуваш од зградата,вози долго до работа, умирај на работа, после иди плаќај милиони за здравството што го имаат, и после барај огромни маркети на огромна оддалеченост за да купиш нешто за по дома, и на крајот на денот си веќе готов, и ќе си легнеш, а и немаш друг избор, ќе те сметаат за чудак ако излезеш кога е стемнето. И после ако случајно сакаш филм/музика или само пристап до интернет, ќе мора да плаќаш за истото.

Плус ако збориме за култура, па во мојот контакт со странци, некако не ми делуваат многу културни, можда да, ако се Јапонци или Кинези. Кај многу странци имам забележано дека не разбираат што е personal space или не сфаќаат дека не се единствените личности на планетава (на пример еве во маркет, тоа би направило огромен хаос).

Исто, интересна ситуација е дека постојат бездомни лица во земјите, не е дека сите се згрижени некаде или дека не постојат. Капитализмот е секаде суров и безмилосен, тоа секако им одговара на сите работодавци секаде.

Гледате ли по фејсбуци како се собира нашата "младина" во странство за празници, ќе седнат на огромни маси, со народна македонска музика, направиле права гозба со македонски јадења.... тоа мене ми покажува дека тоа е пак тоа што ги исполнува нив таму. За повеќето од нив никогаш нема ни да дознаеме што работат таму, едноставно и они сакаат да заборават на тоа што работеле во текот на денот и да си поминат убаво вечерта. Затоа фрлаат невидени пари на наши певаљки кога ќе отидат таму. Истото се случува и тука, не викам не, обичниот граѓанин и тука сака да заборави што правел дента и да си прави слави и секакви видови на празнувања вечерта. Не знам, мислам ако некој работи нешто што не го исполнува, барем нека го работи во својата родна земја, зошто е поголема веројатноста да биде среќен во останатиот дел од денот ако е тука.
Има поента некој да замине во странство само ако го бива во полето од интерес и е спремен да жртвува години за да биде признат и таму, па потоа да почне да живее нормален живот.

Од ова исклучок се скандинавските земји, каде што и да работиш нешто лесно, ќе зимаш доволна плата за да ти бидат пресретнати сите животни потреби. Мислам дека не за џабе Данска е прогласена за земја во која граѓаните се најсреќни. Ама и во тие земји за здравствени услуги се чека со месеци, затоа што немаат и кадар, едноставно граѓаните не чувствуваат порив за да завршат факултет бидејќи платите се секако добри. Значи, некако се вративме на почеток, освен ако не грешам ...
 
Зоната на конфор е опасна работа, особено тој муабет не одговара на некој кој е академски граѓанин.
Со самото упишување на факултет, треба да е свесен секој дека одбира доживотно учење, не дека некој што не завршил не треба да учи, но едноставно високото образование не завршува со дипломирањето.
Треба да се радуваш ако некој ти даде шанса да се надградуваш, ако навистина си ја сакаш професијата и она што го учиш и работиш, луѓе молат да им дадат шанса да се надградуваат, а не да се жалат дека требало да учат после работа.
 
Добро, јас си барам причина да останам, а гледам ти по темиве дека си бараш причина да заминеш. Види, не очекувај дека некој од форумов ќе ти рече, оди, 100 % е подобро таму, ама ако ти треба некој да ти каже дека треба да одиш, еве ја мислам дека треба да одиш. Иако не се знаеме, гледам дека твојата област е тоа што те интересира баш во животот. Воглавно постовите ти се за твојата професија и разочараноста од Македонија. Значи, терај си го тоа што си го наумил, особено ако најдеш нешто од твојата област, која и да е таа. :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Добро, јас си барам причина да останам, а гледам ти по темиве дека си бараш причина да заминеш. Види, не очекувај дека некој од форумов ќе ти рече, оди, 100 % е подобро таму, ама ако ти треба некој да ти каже дека треба да одиш, еве ја мислам дека треба да одиш. Иако не се знаеме, гледам дека твојата област е тоа што те интересира баш во животот. Воглавно постовите ти се за твојата професија и разочараноста од Македонија. Значи, терај си го тоа што си го наумил, особено ако најдеш нешто од твојата област, која и да е таа. :)
Не се разбираме, тоа што ти го пишав гледај го како добронамерен совет, не смееш да си дозволиш да влезеш во зона кога ќе сметаш дека не треба да учиш ништо понатаму, помина времето кога работата завршуваше во 4 саатот и после следат само забави и дружење со семејството и пријателите, ниту во мкд не е повеќе тој живот ако работиш во приватен сектор, можеби на државно да е така, али ако остане ова да постои како држава и ако навистина сака да влезе некогаш во некаква посериозна унија ќе мора и државната администрација да функционира поинаку.
Инаку муабетот немаше никаква врска со барање на оправдување или одобрување за да се оди од тука, дури и во мкд да живеам не би се осудил да кажам дека знам се и дека не сакам да учам повеќе.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Единствена причина за останување во државава и единствено нешто што ми се допаѓа е пиратеријата. Морам да признаам дека сите тие торенти и те како знаат да ме расположат, па не е фер да кажам дека ете ништо не чинело.
 
K

kicodarker

Гостин
Многу добро кажано. Реалната слика за странство за просечен човек кој има свој стан или му стига за кирија оди на работа и пак истото е баш таа што ја опиша. Иако најчесто балканци разочарани од општата слика за нашата држава, “странство“ (еј,странство значи за цел свет важи) го гледаме како некоја утопија во која доволно е да стапнеш и животот сам од себе ќе тргни по нагорна линија. Фактот е непроменлив и тука , и во странство дека за нешто да функционира потребно е да се вложи труд и време. Не можи магично да излези.
Најреалната одлука која и во минатото ја имале многумина гласи “наместо да бараме туѓа држава, да изградиме своја“. Но доколку сте поединец, ова пропаѓа во вода. На пример учите медицина се трудите постојано се усовршувате, сте решиле да останите во својата држава,сте стигнале до болница да работите на државно и кога со врски внук/ќерка/син на некој со добра позиција доаѓа на вашето или повисоко работно место за кое вие сте се бореле. Нормално во тие присилни неправди ви доаѓа од бес да заминете и никогаш да не се вратите.Тоа се таквите кои искусиле “кај има сила нема правдина“ се иселиле од Македонија и заминале во земја онаму каде што добиле третман кој го бараат. За разлика од останатите кои сакаат само да излезат и да ја видат нивната држава убава,онака како што го замислуваат странство,потребно е сите заедно да работат на истото. Јас не фрлам ѓубре по улица но секогаш има ѓубре расфрлано. Како поединец не можам да сменам многу,потребно е мнозинство за промени.

п.с.
И она што го спомна за македонци кои работат по странство, ќе се соберат за некој празник поголема група, па редат пиперки скари колбаси по маси, музика или ќе налепат пари на певаљка,на некој начин тоа е излив на родољубиви емоции што најчесто никнуваат кога ќе ја напуштат на подолго време земјата. Матрицата е таа, кодот со кој си израснал и се нарекува мајчин јазик и традиција.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Не се разбираме, тоа што ти го пишав гледај го како добронамерен совет, не смееш да си дозволиш да влезеш во зона кога ќе сметаш дека не треба да учиш ништо понатаму, помина времето кога работата завршуваше во 4 саатот и после следат само забави и дружење со семејството и пријателите, ниту во мкд не е повеќе тој живот ако работиш во приватен сектор, можеби на државно да е така, али ако остане ова да постои како држава и ако навистина сака да влезе некогаш во некаква посериозна унија ќе мора и државната администрација да функционира поинаку.
Инаку муабетот немаше никаква врска со барање на оправдување или одобрување за да се оди од тука, дури и во мкд да живеам не би се осудил да кажам дека знам се и дека не сакам да учам повеќе.
Па токму тоа и го кажав, дека образованието тука ми понуди толку малку, што јас за да се вработам во Македонија требаше многу плус да си учам по дома, а не па што би било во странство кога би отишла. Нормално дека во некоја земја ако имаат избор меѓу кандидат што таму завршил образование и мене што ќе треба да ме дотестираат и доучуваат, ќе го изберат нивниот кандидат. Јас ако би го добила тоа место, по некоја случајност, би требало повторно од почеток да се докажувам и жртвувам, за пак да стигнам до оваа точка до која сум сега во Мк, осамостојување, наоѓање на своето место, купување стан, планирање семејство, уживање во свои хобија итн.
До пред некое време, пола од слободното време и дома го поминував во работни обврски и прекувремена работа. После, барав работа што нема да ми го зема слободното време од дома, зошто едноставно така сакав. Доживеав прегорување, burn out од работење нон-стоп.
Не работам во државна администрација и да, секако дека треба цел живот да се учи.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.382
Поени од реакции
4.305
Класично барање влакно во јајцето. Мајкатаа, многу е суров животот на запад. Ако работиш чистач или мекдоналдс и во Норвешка, пак ќе ти биде лош животот. Така да овие што се иселуваат се некои такви работници и немале пари. Па и тука да го работат истото ќе немаат. Не знаат јазик, не знаат култура и традиција на државата во која живеат и одма ништо не чини. Маркети далеку не знам што. Ко да е некаков голем проблем тоа, ќе изнакупиш повеќе ствари, за слична цена ко у нашиве маркети и имаш да јадеш колку што сакаш. Нашите се собирале на скара, певаљки и слично. Па ќе се собираат коа единствен јазик што го знаат е македонскиот и малце чепкаат од српскиот. Отиди на некој германски фестивал, некој настан кај што се веселат и убаво ќе си поминеш (може не како на наш настан, ама ако се потрудиш убаво ќе ти биде). Се чекало и во странство со месеци за преглед или за операција. Па боље да чекам два месеци за операција во Данска, него 2 месеци во државна тука. Парите што ги даваш таму се многу, ама па и поквалитетен ти е животот таму (ОСВЕН АКО СИ ДВИЖЕЧКА СИЛА НА МЕКДОНАЛЦ!!!!!!!!!!!) Се плаќало за нешто што сакаш да го гледаш или слушаш од интернет/ТВ.
Тоа да, ама плаќаш по 10-20 евра месечно, што на плата од 2500-3000 евра не гледам како се одразува. А да не зборам за квалитетот што го добиваш во тие програми. Ќе платиш може месечна карта од 70-90 евра за јавен превоз (во поголемите градови), ама добиваш организиран јавен превоз, со минимални каснења, удобни возила (автобус.трамвај,метро,воз),чисти,брзи. Народот не се понаша ко нецивилизиран, има правила на излегување и влегување (кои секако, не ги почитуваат само дојдените од балканот и од арапскиот свет). Ќе платиш да гледаш некаков настан (концерт,утакмица) и ќе го платиш така скапичко за наше око (а сепак според стандардот спореден со нашиот пак излегува поевтино). Добиваш спектакл за тие пари, за разлика од кај нас што ќе дојде по еден светски познат уметник/тим, а се другото се шлајмови од цеца,аца лукас,пеџа меденица. Ако имаш според мене плата од 2300-2800 евра, можеш да си живееш пристојно таму. Не се навикнати да џаболебарат, ќе си ја изработат работата, плата им стига колку што изработиле и тоа е тоа, денот го користат за одмор и за свои активности (што за македонецот освен кафана до сабајле и кладилница, не постои друга активност). Македонецот нема пари со својата плата после тоа да иде во кино,базен,излет некаков. Тука зборам за македонците што имаат плата под просекот во Македонија. Тој што тука е инженер,доктор,некоја висока функција и зима над 500 евра плата, секако ќе му е убаво. Ама мое мислење е дека ако си исто инженер во западна Европа или Скандинавските, уште поубаво ќе ти биде. Сто пати сум спомнал, отворете ги групите на фејсбук и видете каков неписмен народ објавува постови и прашања таму. Сите сакаат да поминат некако поевтино, некако да се исценкаат. Ако имаш пари, ќе си платиш секакво задоволство и се ќе ти биде супер.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Се сложувам дека во странство е подобро да живееш него тука, во многу од земјите е подобро оттука. Ама како што пишав веќе, ако го имаш завршено нивниот факултет или работиш професија која ја сакаш таму.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom