Хип хоп културата во Македонија

Новава на Лд ми е ептен солидна, значително подобра од минатата негова со Гоце која се викаше "Закон". Само вака нека продолжат, после еден период штама, редно е да има бум од добри траки, како што правеа низ минатото и како што не навикнаа.

Новата на Стихи е исто добра, Стиховен има многу добри тематики, само што нема глас кој лежи на увце и флоуто доста му бега, па и затоа не добива на публицитет. Но, држи вода се што зборува во сите песни, уште од "Одмазда", па до оваа новата, си држи изразување без влакна на јазик и реално го досликува црнилото. "Се навлековме на дизел како наркоман на дрога"
 
Ретро нешто.
Двоен Сомнеж мислам одамна не се активни, Алекс не е активен, повлечен е од музиката, во манастирот Бигорски мислам служи нешто, Ерор сеуште се мотка со Локос Железарос, прават некои пародии песни. Од Ортографија мислам само Влади е активен сега, другиве слабо или не сум заприметил, го имаше и Влади на Рап Скилз, доста е добар. Raw N Wicked не се активни повеќе. Алфа тука е, се одржува во живот. Овие 1E Stoyan немам општа поима кои се.

74894_174412779241719_2531914_n.jpg
 
Последно уредено:
Не сум одел на рап журки но од слушање и гледање на Јутјуб спотови од македонски рапери пратам рап
DJ Goce D'Sauce Raw N Wicked е со Суперхикс, освен ако нешто не се променило па да си заминал од Суперхикс.

Си се менуваат времињата, некој нашол некоја сосем друга работа, се оженил, деца има нема време за рап, секако има некој сеуште се со рапот, снимаат рап но пак не како што било порано со македонскиот рап. Порано се знаело тие што имале рап групи и екипи снимале често рап имало настапи сега е ретко тоа. Денешниве времиња те тераат да работиш и други работи ретко кој живее само од снимање музика поготово рап песни кој се сосема обратно од онаа што е комерцијална македонска музика.
Сигурно истото е и кај некој од оние во државава што биле рокери, металци..
 
Последно уредено:
Деновиве имав можност и време да го ислушам албумот на С.А.М.
Квалитетно парче еден од подобрите албуми што излегол...само напред.
 
За Миста сега првпат слушам, но исто така порано на форумов член бил раперот Кртот, може и да го најдете акаунтот уште му стои. Баш бил член кога најактивно правеше рап, сега послабо прави и тој, ама страшен играч е човекот
 
За Миста сега првпат слушам, но исто така порано на форумов член бил раперот Кртот, може и да го најдете акаунтот уште му стои. Баш бил член кога најактивно правеше рап, сега послабо прави и тој, ама страшен играч е човекот
https://forum.kajgana.com/members/gigers-predator.14410/
 
Porano bese clen na forumov Mista, bese dosta redoven niz temive i postirashe seriozno dobar i kvaliteten rap, kojznae so bidna so tipot, iscezna naednas.
Му се случија некои срања во животот, да не пишувам сега јавно што-како, нема потреба. А и некоја година одлежа затвор. Можеби уште е, не сум сигурен.

Инаку, за тие што не знаат, продуцент им е (беше) на Клетото Тројство.


 
Кемп и Сансет во куќата
Имаат нов албум "Времеплов", еве линк до истиот


Бонус од мене, да се потсетиме на нешто постаро со кое пораснав

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom