Дечки не се зафркавајте
топлински загуби се смрт за клима.Немислев да пишувам за ова тука ај еден рант ми тежи
.На спрат над мене(не се на Климе комшивките
) живее сестра ми.90м2 неизолирани-ужас,цигла малтарена со дрвена дограма и дупло(обично) стакло,над тоа плоча со поткровје-исто 0 изолација,под нив јас греам само 60м2.Вовлечени 3 балкони(поголема надворешна површина!!),плус издаден дел од дневна.Убаво наизглед,инаку ужас за греење.Мало дете,секој ден машина за алишта,садови,бојлер,сушара,шпорет.
За греење два јапанци+ТА+панелка за најладното.Сметки за струја ХОРОР!
Есенва прежалија 3000€,парно на пелети плус бојлер со топловодна инсталација.
Прелиминарни резултати 1.5 вреќи на ден,си работи со тајмер,сабота-недела нон-стоп ако се дома.Уште е рано,ама сметките за пелети+струја треба негде исто да дојдат.
Е ама знаете што викаат? Барем сме стоплени сега!Сабајле се бричиш и (со извинение) какиш на топло,детенцето кај и да отиде-иста температура,топла вода и во кујна и купатило без да палиш бојлер.
Предтоа класиката “живи смрзнати”!Стојам под сузуми 18-ка топло како тајфун да дува,на три метра седнувам ти студи,со џемпери шетаме.
Дисклајмер:знам дека темава е и за еколошко греење,ама морав да споделам искуство исто како мое(надмене живеат).И да,клима може да стопли,ама кога имаш вакви губитоци по која цена и конфор?!
Овер енд аут