Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Па барем не е Трето полувреме. :kuracc:

Злате не дозволувај хајпот да те води, чекај малце да ти легне па после оценки, ја кога ги оценувам филмовите дури по една недела го правам тоа да размислам трезвено.
 
Злате не дозволувај хајпот да те води, чекај малце да ти легне па после оценки, ја кога ги оценувам филмовите дури по една недела го правам тоа да размислам трезвено.
Не е до хајпот, уште го мислам истото, еве, недела дена по гледањето. Секој си има различни критериуми за оценување. Мојот критериум, е, на пример, колку филмот влијаел на моите емоции за време на гледањето. Ако успее да ме насмее до солзи, да ме расплаче, да ме наежи од глава до пети, да ме натера да размислувам за него, за мене или за нештата надвор од нас, тогаш неминовна е десетката. А овој се тоа направи, и плус видов некои тешки филозофии во толку простата приказна, што не можев да одолеам. Еве, и од перспектива по недела дена јас уште го имам истиот став за филмот.

А плус, за оценките по една недела, тебе ти е лесно: велиш два филма годишно дека гледаш, нормално дека ќе се сеќаваш на нив недела дена по гледањето. Јас ако чекам една недела за да оценам филм, каша попара се ќе ми стане. Ќе не знам во кој филм што се случи. Еве, последнава недела 05.12-11.12 јас имам 11 филма гледано. :D
 
Добро е да се знае дека децата од мали се учат да ја почитуваат и следат филмската уметност, и вака страсно да покажуваат што мислат за истата.
Кудос Злате :***
Хахахахахааха, леле, ќе го убијам! :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
First Man колку досаден го направил овој Chazelle. Депресивно влечкање цел филм.
 
Хенри Кавил треба да добие златна малина за улогата во најновиот Mission Impossible.
 
Roma убав, ама по толку хајп и по 8.5 оценка на IMDB, очекував да е многу поубав. Ама во секој случај, во дуелот A Star Is Born vs. Roma, овој победува со огромна разлика!

А дека е лоша филмска година, останува впечатокот. Не знам што остана што може да ми смени мислење.
 
Студената војна го лапна Европскиот Оскар!
Мислам дека ќе триумфира и на Оскарите, сосема заслужено, иако имам уште мнооогу неизгледани.
 
Hereditary
The Ballad of Buster Scruggs
Avengers: Infinity War
Deadpool 2
BlacKkKlansman
The Death of Stalin

Тоа се филмовите кои ми оставија најголем впечаток, оваа година. Има и доста што не сум ги гледал.
 
Добар трејлер.(и немора да значи дека филмот ќе биде добар)
Еј Роберт патисон толку неславно успеа да се пробие во филмските води,да сега кога вреди да се глеа минатото му квари просек.Стварно ми е мило малиот умее.Друга работа на една актерка и течеше крв од носот си викам ако е малава од Телма,ќе ми прерасне ова у некој чуден дркаџиски фетиш да ја глеам како и тече крв од носот,одма се уклучувам у акција барам,нема благе везе ова се вика Миа готх,се водат под мишка заедно со Шијата,од друга страна ова малава од Сител Еili harboe нема допирна точка со HIGH LIFE крај на приказната.Од друга страна па Миа се појавува у A Cure for Wellness,а пошо и Телмата и Лекот се одлични филмови,а и имаат иста инди жичка може тука сум ги помешал брзините со актереркиве шо знам.Инаку за тие шо не го глеале A Cure for Wellness веднаш,и за тие шо не го глеале Шутел веднаш палете си торентчињата.Башка у филмчево се јавуе и Juliette Binoche па ако сте фанови на ова француска дама ете ви причина плус да го

Инаку норвежанкава си гази (y)

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Roma, пробав да оправдам оценката што ја има, не можев. Онаа нарацијата го направи и така досадниот филм, уште подосаден.

Bad times at the El Royale, бар беше интересен и ме занимаше како ќе заврши. Не дека е нешто невидено, непредвидливо и остало, али бар Хемсфорт денсаше на Дип прпл во раскопчана кошула, со лоша фризура и педо мустаќи, последното занемарливо.
 
Roma, пробав да оправдам оценката што ја има, не можев. Онаа нарацијата го направи и така досадниот филм, уште подосаден.
Филмот е ко некоја лирска песна. И самиот Куарон вели - тоа е љубовно писмо кон мојата дадилка, жена која го изгледала и која се уште работи за неговото семејство. Филмот е како некој сон во кој се монтирани исечоци од сеќавањата од детството на Куарон. Има прекрасни моменти филмот, не смеат да се занемарат, ама искрено, да, по толку фалење и јас очекував нешто малку повеќе. Само мене ми беше далеку од досаден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom