- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.787
- Поени од реакции
- 5.063
Заев со оптимистички прогнози за растот на економијата
4 септември 2018 / 14:37
Економијата во земјава ќе испорача раст од два и пол до четири отсто во вториот квартал од годинава. Оваа оптимистична прогноза ја даде премиерот Зоран Заев на денешната средба со бизнисмените. Растот на индустриското производство и позитивните бројки добиени од извозно ориентираните фирми, Заев вели дека му даваат за право да смета на подобрување на состојбата на македонското стопанство.
А, по евроатланските интеграции земјава ќе има раст на Бруто домашниот производ и над пет проценти, прогнозира премиерот. Ваквите очекувања бизнисмените ги примија со овации и возвратија со аплауз. Првичната проекција на власта за растот на економија за годинава изнесува 3,2%. Лани бруто домашниот производ беше 0, а во првите три месеци од годинава изнесуваше 0,1 %.
https://www.alsat-m.tv/mk/заев-со-оптимистички-прогнози-за-раст/