Да, се согласувам Косово е непросперитетна и квази-држава исто како што е и Албанија која постои како независна држава повеќе од еден век т.е. од 1912 год. и исто како што и Македонијава наша е непросперитетна и квази-државичка иако сме постара држава од Косово ... но сепак и такво какво што е Косово квази-државичка или територија како ли да го наречам сепак не е и никогаш во иднина нема да биде повторно дел од Српската држава, крај краева и што ќе им е на Србите и Србија една проблематична територија т.е. сива/црна зона која е населена со доминантно Албанско-Муслиманско население и тоа 95% !
Војводина на пр. денеска е со 70-75% Српско Православно население, останатите се Католици и Протестанти по религија а по етникум се Маџари(Унгарци), Словаци, Хрвати, Буњевци и.т.н.
Во регионот на Санџак пак (Нови Пазар, Тутин, Сјеница...) 70-80% се Бошњаци-Муслимани,
Србите се апсолутно мнозинство во главниот град Белград како и во централна Србија, но како и да е во денешна цела Србија (без Косово) Србите се околу 82-83% што е доста задоволителен процент, доколку на пр. и Косово сеуште би било дел од Српската држава би биле само 60% Срби во таквата држава, значи тесно Српско мнозинство, не и апсолутно, затоа викам подобро им е на Србите и на Србија без Косово и Метохија во нивен државен состав !
Србија реално треба да се обедини да, но не со Косово, туку со Босанската територија т.е. со т.н. Република Српска која завзема 49% од територијата на државата БиХ и која територија или правилно кажано ентитет е 90% населена со етнички Срби !