Квизови на телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu5
  • Време на започнување Време на започнување

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.235
Поени од реакции
7.326
Локација
Прилеп
Ви недостасуваат ли квизовите кои порано ги нудеа македонските телевизии? Зошто нема квиз кај шо можиш да си го провериш знаењето како порано? Се сејчавате ли на Енигма(Телма) 50:50, Милионер(А1)
Крстозбори(Мтв) и уште неколку други на кои не ми текнува моментално?
Мене од страна на телевизиска програма од секогаш ми биле квизовите на знаење најинтересни. Ги има неколку на српската и хрватската национална тв, ама треба да има неколку и кај нас.. шо мислите?
оставајте и линкови од веб страници со квизови..
еве 1 еве 2
 
Нема знаење во државава па оттука и нема за кого да се организираат такви квизови.А иначе стварно треба такви квизови,баш беа интересни.
 
И Милионер и Енигма беа одлични квизови и редовно ги гледав. Штета што веќе ги нема. Исто така се сеќавам имаше и еден добар квиз некаде 2003-04 на МТВ пред олимпијадата во Атина каде што се натпреваруваа средните школи од цела Македонија. Овие 3 ми оставија најдобар впечаток од сите македонски квизови.
 
абе овие наши сељачки телевизии не знат да напрат некој добар квиз за знаење
тие се способни за срања од типот на џандар збира, лесни пари, тркало на среќата и тие ги нарекуваат квизови
се шо чинеше го скинаја милионер итн
 
Има најава на повеќето хрватски портали дека HRT го враќа Tko želi biti milijunaš со Тарик во 2019 година. Исто и Тарик кажа во Еден на еден кај Жаре дека ќе се врати хрватската верзија на квизов.

Туку на 24 вести се емитува српскиот квиз Столице што во србија се емитува на О2 поранешна B92 телевизија.
https://www.tvpaket.com.mk/nov-srpski-kviz-stolici-sekoe-popladne-na-tv-24/

Квизот е интересен исто водителот интересен. Се снима надвор во градови низ Србија и наоѓаат шетачи кој сака да учествува што значи нема пријава за квизот.

Поставуваат три прашања од три категории (вкупно 9) првата категорија за секое точно порашање носи 1000 динара , другата категорија 2000 динара за секое точно прашање и третата категорија 3000 динара за секое точно прашање. Вкупно за сите точно одговорени прашања 18000 динара. Само два пати може да се згреши и има и џокери два прашај пријател на телефон и прашај некој шетач, продавач и сличн.
 
Последно уредено:
од квизови моментално мислам само оној slagalica на rts вреде.
 
За мене најдобри квизови освен Милионерот беа “Сепак се врти“ што одеше на МТВ во доцните 90-ти и „Енигма“ на Сител што го водеше Лила а една сезона и Александар што денес е спикер на Фчерашни.
 
Столица е интересен квиз, иако малку почнува да ми станува досаден.

Кај нас мислам дека најдобро нешто беше крстозбор на Мтв.
Тежок квиз и многу знаење бараше.

Ова сега што се емитува е кич, особено Драган Вучиќ кој веќе традиционално прави квиз за глупи луѓе и Лила со кутиине ( здосади веќе аман).
Инаку јак играч без конкуренција беше Ерол Мустафов, кој беше пример за знаење.
 
А се сеќава некој на квизот Торпедо со Дејан Лилиќ како водител и сцената беше како во подморница нешто ? На МТВ се емитуваше. Не се сеќавам сега како беше содржински ама беше нешто поразлично досега што немало на македонските тв канали.

Не можам од тој квиз да најдам видео нити пак фото за да ставам тука.
 
Последно уредено:
А се сеќава некој на квизот Торпедо со Дејан Лилиќ како водител и сцената беше како во подморница нешто ? На МТВ се емитуваше. Не се сеќавам сега како беше содржински ама беше нешто поразлично досега што немало на македонските тв канали.

Не можам од тој квиз да најдам видео нити пак фото за да ставам тука.

Тој нели беше како battleship играна?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom