Дежурна Ординација! #2

Член од
2 октомври 2017
Мислења
45
Поени од реакции
36
...одговор ти е даден, ама ај да допишеме уште нешто!
... тие ситни црвени точки се наречени Петехии ако се малку покрупни се вика Пурпуреа, а најкрупните веќе како флеки се наречени Ехимозии и тоа не е ништо друго туку поткожно микрокрварење, може да имаш еден тип или комбинација од двата или трите зависно од големината!

штом комплет крвната слика ти е во ред (посебно тромбоцитите, намалени тромбоцитопенија) тоа е добар знак дека не е нешто страшно, тогаш ќе се свртиме кон друга причина пример дали си испитал Хелико бактер пилори, дали имаш испитано еден параметар наречено „ димери“ и дали пиеш било што од протеини или суплименти (нели тренираш во теретана), или дали пиеше било кој лек тогаш, пред - после (настинат,некоја инекција, заб, мускулни болки) ?
...дали ти течело на пример тие денови крв од нос или од гингива - непца и дали имаш проблеми со бубрезите да речеме покачена уреа, и дали си склон кон алергии од било кој агенс (причинител на алергијата) ? и дали дента кога си вежбал и ти се појавиле такви црвени точки си пиел нешто алкохол, сок, чај... било што - наведи! ..па да видиме, горе доле насока кон причината!
...инаку тие за некој ден ќе добијат кафеава боја, па жолта и на крај исчезнуваат слично како модрица, арно ама ако предизвикувачот е тука, капиларното крварење пак ќе се појави, затоа е пожелно да се најде причината, до тогаш можеш само ладни облоги и витамин Ц, грам дневно!
Еве ги вредностите што денес ги добив. Имав една незгодна ситуација да матичната не сакаше да ми даде повторно упат за крвната слика, а најмалку за тие димери.Таа беше нервозна зошто димери да се испита кога не е во прашање тромбоза туку спротивно крварење. Толку се наљутив што отиднав во приватна лабораторија и да ти кажам дека ти имаше право, тие димери биле покачени, другото беше во ред.
Тромбоцити 180
Хелико б.пилори 0,9
Димери 520
Уреа 6,5
Не пијам протеини, суплименти понекогаш ама сега не, крв од нос не ми истече ниту од непце, не сум настинат, единствено поради болки на грбот пијам магнезиум и наклофен. Алкохол не пијам, по препорака пијам брусница, увин чај. Матичната сакаше да препише лек за смирување, а јас одбив. Проблемот сакам да ми се реши, а не да се смирам. Смирен сум.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.350
... со простатата и тоа што оди со таа болест веќе неколку години (ПСА ми е стално од 4,7до 4,9) на преглед не сум последниве две години.примам само Таниз секојдневно по 1, има некое чаре таму или совет некој.
... Простатичен Специфиен Антиген го има во крвта на сите здрави мажи (од пубертетот па натака) и не постои некое нормално ниво да важи како репер за сите мажи, варира од маж до маж зависно и од возраста тогаш има повисок ПСА во крвта,

но сепак се мисли дека сите мажи:
под 60 години ПСА вредности се до 3 ng/ml,
од 60-69 години до 4 ng/ml,
а кај мажи над 70 години до 5 ng/ml
со еден збор, вредностите на ПСА под 4 ng/ml се сметаат за нормални, а над 10 ng/ml за високи, а вредностите од 4 до 10 ng/ml се средна вредност! од 5 ng/ml, но помалку од 10 ng/ml обично се јавуваат кај бенигната простатична хиперплазија, вредности над 10 ng/ml, кај бенигната простатична хиперплазија, а уште многу повеќе повисок ПСА постои вероватност за постоење на карцином (ПСА како туморски маркер)

... „... ПСА ми е стално од 4,7до 4,9..“ не мора да се мисли на хиперплазија или пак тумор, како една од причина може да биде и инфекција на простата (prostatitis) и затоа мора да се направи уринокултура т.е. да се види во урина присуство на бактерии кои се носители на таа инфекција, и доколку тоа се докажува се пие соодветна терапија за таа инфекција при што со „уништување“ на тие патолошки бактерии во урина и самото ПСА ќе се намали во крвта! а тој простатитисот да се создаде како последица од некое друго заболување, како на пример од воспаление на мочниот меур (cistit) па дури и од проблеми со бубрезите... ....друга причина за покачен ПСА во крвта може да биде претерано пушење, со што при прекинување на пушењето се намалува и ПСА што ете уште една причина да не се зема веднаш здраво за готово да покачените туморски маркери секогаш покажуваат туморозна промена (бениген или канцероген тумор)...
„на преглед не сум последниве две години...“ значи се нема моментално здравствени проблеми, ниту симптоми како последица од горенаведените примери со што може да се каже, дека едноставно мажот да нема ниту бенигна хиперплазија на простатата (БПХ) , ниту простатит, ниту тумор, туку покачен ПСА од нормалните вредности да биде поради возраста т.е. да се работи за постар маж! (y)
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.350
Што значат зголемени ензими во црниот дроб и крв во мокрача?
...„зголемени“ ензимски статус е широк поим на значење и појава на еритроцити во урина е исто широк поим, ако не напишеш колку е тоа со бројка? :toe:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.439
Поени од реакции
17.835
Обично јас давав совети во темава, ама овојпат обратно ќе биде.
Препишан ми е Сумамед, 6 дена. Требаше денес да ги почнам ама читам по интернетов триста чуда за нив, дека можело да престане срцето и сл...:cautious::cautious::cautious:
Има ли некој искуство со овој антибиотик и со кој пробиотик би било најдобро да се комбинира? Без пробиотик не би ги ни почнала...
На предавања по фармакологија професорот кажа дека најнова студија објавена во месечно реномирано списание од областа на медицината, покажала дека нема никаква разлика во однос на групата која користела пробиотик во комбинација со антибиотик и втората група која примала само антибиотик. Ќе се потрудам да дознаам за кое списание стануваше збор и ќе објавам овде.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543

Ако не друго барем плацебото е тука хаха.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Обично јас давав совети во темава, ама овојпат обратно ќе биде.
Препишан ми е Сумамед, 6 дена. Требаше денес да ги почнам ама читам по интернетов триста чуда за нив, дека можело да престане срцето и сл...:cautious::cautious::cautious:
Има ли некој искуство со овој антибиотик и со кој пробиотик би било најдобро да се комбинира? Без пробиотик не би ги ни почнала...
Тоа со престанување на срцето е можно само ако се комбинира со некои антиаритмички медикаменти или кај пациенти кои веќе имаат срцеви заболувања, пошто азитромицинот теоретски го удолжува во ЕКГто QT интервалот па доколку пациентот има нормално ЕКГ веројатнноста да направи престане срцето од него е еднаква на нула.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.350
Што значат зголемени ензими во црниот дроб и крв во мокрача?
Одредувањето на хепаталните проби има многу важна дијагностичка вредност кај сите видови на хепатит, кај цироза на црниот дроб, кај жолтица, болестите на жолчните патишта, најчести параметри за одредување на хепаталните проби се: одредувањето на билирубинот во крвта (вкупниот и директниот) и вредностите на ензимите: трансаминази – AST (аспартат аминотрансфераза), ALT (аланин аминотрансфераза), GGT (гама глутамилтрансфераза) и AP (алкална фосфатаза), мислам дека малку покачена вредност од нормалата на АЛТ укажува можеби од примена на некои лекови што си ги користел пред да дадеш крв за анализа од тип на нестероидни анти-инфламаторни лекови диклофенак, може од аспирин, антибиотик, често пати ова вредност знае да биде малку покачена и од некои билни препарати и од некои диететски суплименти, а најчесто при мускулно воспалување или повреда на мускул, да не си претерал нешто со вежбање, па тоа ти е од воспаление ? инаку немој да се грижиш да имаш нешто со јетрата од тип на цироза, акутен хепатит или оштетување вредоста треба да биде повисока 10 х па до 15 х од нормалната, а за хроничен хепатит барем 2 х повисок - дуплиран ;)
п.с
уринарниот статус не ти е испитан немаш никакви вредности, не знам од каде сега ти е тоа „крв во мокрача“!
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
На предавања по фармакологија професорот кажа дека најнова студија објавена во месечно реномирано списание од областа на медицината, покажала дека нема никаква разлика во однос на групата која користела пробиотик во комбинација со антибиотик и втората група која примала само антибиотик. Ќе се потрудам да дознаам за кое списание стануваше збор и ќе објавам овде.
Да и уринирам на студијата.
Никаква разлика во однос на што?
Во стари цврсти студии докажано е дека една недела земање антибиотикот знае да прави тотална промена на црвената флора (кон лошо) и тоа да има ефект дури и месеци откако престанало земањето антибиотик.
Што е многу нормално со оглед на тоа што антибиотикот тепа и добри бактерии.
Какви сака студии нека има, пробиотик е скоро секогаш добро да се конзумира во просечни количини, и оваа студија не смее да ги одвраќа луѓето од конзумирање пробиотици, особено кога се зема антибиотик.
 
Во однос на позитивните ефекти на пробиотикот во однос на цревната флора за време на апликација на антибиотик.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Тоа со престанување на срцето е можно само ако се комбинира со некои антиаритмички медикаменти или кај пациенти кои веќе имаат срцеви заболувања, пошто азитромицинот теоретски го удолжува во ЕКГто QT интервалот па доколку пациентот има нормално ЕКГ веројатнноста да направи престане срцето од него е еднаква на нула.
Благодарам доктор Кадаиф..... :)
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
живеам со возрасен човек со тешка дијагноза и е термален (незнам што значи ова). физиолошки потреби врши во пелени... живееме во заедница со мали деца. прашањето ми е дали има опасност од жолтица и др зараза према останатите?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
живеам со возрасен човек со тешка дијагноза и е термален (незнам што значи ова). физиолошки потреби врши во пелени... живееме во заедница со мали деца. прашањето ми е дали има опасност од жолтица и др зараза према останатите?
Боледува ли човекот од хепатитис?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Малку оф топик, у која болница се подобри условите за престојување (лол зборов) Државна или Воена (8-ми Септември)?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom