Иднината на образованието

Дали воопшто во целиот свет треба промени од корен во образованието ?

  • Да

    Гласови: 35 89,7%
  • Не

    Гласови: 4 10,3%

  • Вкупно гласачи
    39

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.242
Поени од реакции
84.271
Признај дека гледаше на Гугл како се пиши швепс
Признавам. Но сум доволно писмен да знам како не се пишува, а не да го лупнам директно мислејќи дека знам.
Најголем проблем со глупавите е што не знаат дека тропаат глупости. (иако тука за друго станува збор)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Нормално дека се потребни реформи. Гледаме до каде сме стигнати со постојното образование. Гледам тука се коментира многу за предметите. Скоро сите предмети се важни. Ретки се предметите кои мислам дека не се неопходни. За пример би ги дал ОТП во основно или социологија и филозофија во средно. Зборам за оние што јас сум ги учел. Не дека не се корисни како предмети, туку мислам дека не треба да бидат задолжителни. Нека бидат изборни предмети социологијата и филозофијата за оние што ги интересираат овие науки.

Повеќе би рекол дека материјалот е пренатрупан и се учат премногу непотребни работи. По историја на пример се учат купишта непотребни факти, посебно за другите балкански земји, а се игнорирани многу настани од нашата историја. По географија не мора да се учат податоци за бројот на овци во Македонија или за бреговата разгранетост на Норвешка. И кај овие и кај другите предмети материјалот може да биде редуциран на поважни факти и лекции кои ќе бидат ем полесни ем позабавни за учење. И не е лошо да се користат поинтересни методи на настава: документарци, квизови, групни задачи и проекти. Постојат многу начини наставата да се направи поинтересна и да се поттикне креативноста на учениците.
 
NEROMARE

Niente denaro, niente Svizzero.
Член од
5 јули 2018
Мислења
83
Поени од реакции
63
Современите училишни системи ширум светот не се разликуваат од комунистичките! Тие се вртат околу марксистичко–феудалистичката–шит идеологија. I don't remember shit I've learned in school. Тие ни учат шит, и поголемиот дел од тоа лежи. За планети, хемија, math, идиотизми, биологија (амеби, нуклеози, плазмиоди). But they never teach you about life. Како да се подготвите во животот.

Како да се успеете. Како да имате пари. Како да си задржите парите. Како да се справите со насилници (bullies), малтретирање, проблеми у дома. Because [they] need to keep you asleep. Moneyless. Робови [тие] сакаат вас.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.806
Поени од реакции
8.223
Треба да се прекинат оние проектни задачи т.е правење прект на хамер групно или поединечно што ги имаат децата во основно.

Да тоа потикнува креативност но од друга страна на крај завршуваат во ѓубре. Знам дека таквите хамери некој од нив ги ставаат на ѕидовите во ходниците и училните но не може сите да се закачени а и повеќето што се ставени ги вадат за кога треба да се освежи ѕидот ново фарбање.

Колку пати јас знам деца кога учев основно правеа проекти групно па и јас сум правел исто групно и никој на крај тоа не го вреднуваат а сте купувале хамер, трошење пари за принтање, лепак, сечење..

Истото и со Power Point презентациите е.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Добро ќе се прејме попаметни од скандинавците. Кога нетреба да се тргни математика учете непотребни задачи.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
579
Поени од реакции
1.359
Иднината на образование ја гледам во две радикални промени.
Првата е тоа што денеска преку Интернет можеш да добиеш бесплатно или скоро бесплатно образование од најдобрите универзитети (преку Massive open online course). Тоа значи дека третокласните и второкласните универзитети со време ќе атрофираат. Исто така нема да има значение што некој македонски министер за образование ќе мисли каккви стратегији и стандарди се потребни(за среќа).
Втората промена е структурална промена. Светот се менува многу брзо. Нонстоп нови технологији. Принципот основно, средно, факултет и после тоа работиш 40 години е некако повеќе за 19 век. Повеќе има смисол, после средно земаш некое (квази факултетско) образование на 1-2 години, одиш да работиш, па после секои (на пример) 10 години одиш на година дена дошколување. На тој начин имаш многу покомпететна работна сила и повибратна економија.
 
Член од
17 ноември 2017
Мислења
53
Поени од реакции
23
Според мене овие неколку области би можеле да доведат кон подобро обрзование.

Психологија
Треба да се воведе ако не во основно барем во средно. Да сфатиме колку толку, од каде ни доаѓаат емоциите? што со нив? дали не водат во рационални одлуки? што се рационални одлуки а што ирационални? Мислам дека треба да имаме претстава барем колку толку за тоа како функционираме како луѓе, верувам дека сега барем 90% од популацијата не знае воопшто, а не затоа што е којзнае што, туку никогаш никој "немал потреба" од тоа. Затоа имаме самоубиства на тинејџери од љубов, од ситуации кои не можат да ги контролираат, а зошто? Затоа што не знаат како функционираат, и како да го избегнат тоа, или да го решат. Во старт, предметот граѓанско образование, кои го има во повеќе средни училишта, па и во основно би го заменил со нешто вакво.

Решавање на проблеми / Problem-solving
Учење на децата уште од мали како да решат некаков проблем на интересен и возбудлив начин ќе има многу голема улога. Значи учењето на решавање генерални проблеми така што ќе се учи детето како да му пристапи на проблемот уште од мали нозе е нешто многу значајно. Не е работата само во решавање на некои равенки, собирање, множење и делење...Треба да се научат децата да размислуваат со отворен ум и да им пристапуваат на проблемите со сигурност, а и да се учи зошто тој проблем се решава на тој начин. Многу различни проблеми од различни области, користат иста техника, која што е модифицирана за таа област. Суштината е да се сфати зошто таа техника се употребува така во таа област. И како би можела да се модифицира или да се употреби во некоја трета.

Креативност
Креативноста има клучна улога на претходно спомнатата област. Да се размислува отворено и да се создааваат нови идеи од самите ученици/студенти. Да се турка повеќе правење на индивидуални и тимски проекти во самата настава и учењето низ проекти, односно практично нешто да се создава...

Тимска работа
Во текот на професионалната работа секоја индивидуа ќе се среќава со двете претходно спомнати области. Меѓутоа, ретко која работна позиција ќе бара индивидуално мислење, или индивидуален труд. Затоа ќе треба да знаеме да работиме во тим со други луѓе, и тоа на начин каде што искрено ќе се заложуваме да придонесеме некаква вредност во таа група. А не да се обидуваме ние да бидеме "најдобриот работник" или пак да гледаме со љубомора кон другите во нашиот тим за тоа што имаат постигнато. Треба да знаеме да учиме од нив и сите заедно да ја зголемуваме вредноста што ја создава нашата група. Да има ефикасна комуникација и соработка помеѓу сите во групата. А за ова мислам дека ќе има голема улога и психологијата, која што ја напоменав како прва област. Сето ова мислам дека треба од мали нозе да се почне да се практикува, да има многу тимски активности во училиштата каде што учениците ќе работат заедно, ќе создаваат, ќе комуницираат на пријателски и убав начин. А со тоа ќе се развие и големо пријателство и надвор од училиштето. Па со еден удар две муви како велат. Бидејќи сите сме сведоци, какво ривалство може да постои меѓу учениците, и сме биле дел од тоа, дали од една или од друга страна.

Критичко размислување
Ова е многу важен аспект за сите. Мора да се убедат луѓето дека имаат право на глас, и да си го кажат своето мислење. Дали е правилно или не секако ќе одлучи мнозинството. Ама не треба да се остане замолчен. Организирање на училишни дебати, поврзани за доброто на училиштето би било одличен начин за зголемување на храброста да го кажат своето мислење.

Секако има уште многу работи кои може да се кажат, но да не одам ептен длабоко, поентата е дека се движиме кон иднина во која овие работи што ги имам спомнато ќе бидат клучни способности на една индивидуа, а исто така и за целата популација. Овие работи според мене најмногу се учат од сопственото искуство, но проблемот е што искуството наместо да почнеме да го создаваме од мали нозе ние почнуваме да го стекнуваме после завршување на факултет или средно(кој каде ќе заврши). А тоа многу голем проблем бидејќи веќе влегуваме во нешто од каде што нема назад, и грешките што ги правиме може да бидат катастрофални и за индивидуата а и за целата популација. А тоа и се случува. Требаат радикални промени во начинот на кој се одвива образованието, и тоа секаде. Ама јас, чисто се сомневам, и имам надеж, дека кај нас нешто ќе се промени во блиска иднина, за жал. Се гледа и по ситуацијава во која се наоѓаме.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731

За сите овие работи освен психологија има често обуки и семинари во последните ~10 години и јаче.
 
Член од
17 ноември 2017
Мислења
53
Поени од реакции
23
За сите овие работи освен психологија има често обуки и семинари во последните ~10 години и јаче.
Во ред тоа, ама не ми беше поентата за семинари и обуки. Туку сето ова да се вметне во самиот систем на образование. Верувам дека овие теми и области би биле од многу поголемо значење за разлика од други предмети, и би помогнале во градење на поцврсти карактери, подобри индивидуи, со тимски дух и соработка.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Туку сето ова да се вметне во самиот систем на образование.
Затоа што семинарите и обуките се само за да остане таму тоа и да не се вметне во редовна настава.
 
Член од
17 ноември 2017
Мислења
53
Поени од реакции
23
Затоа што семинарите и обуките се само за да остане таму тоа и да не се вметне во редовна настава.
Ако мислиш на семинари и обуки кои си имаат некоја цена, тогаш знаеме дека не може секој да си го дозволи тоа. Значи збориме за радикални промени во образованието, не да одиме по семинари и обуки кои не може да си ги дозволат поголем број од луѓето додека образованието секоја држава треба да му го овозможи на секого.Во Сингапур на пример, имаат меѓу првите најдобри образовни системи, и плус 70 % од учениците одат на воннаставни активности, обуки или слично да се надоградуваат. Дај ние да стигнеме до подобар образовен систем прво, па после ќе размислуваме за обуки. Бидејќи секој мора да помине низ образовниот систем, но не секој мора да посети некаква обука и воопшто да си дозволи.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Да се надоврзам на мојот претходен пост а и во контекст на ова што го пиша членот над мене. Мислам дека покрај тоа што треба материјалот од редовните предмети да биде редуциран, треба да се овозможат и дополнителни активности и курсеви во склоп на редовното образование, што ќе им бидат од корист на учениците во секојдневниот живот.

Тука главно ми текнува на три области. Прво, комуникацијата т.е. комуникациските вештини. Треба да се посвети внимание на ова зашто работејќи секојдневно со странки гледам дека огромен број луѓе буквално не знаат да комуницираат. Ниту имаат речник на изразување, ни па знаат уредно да состават писмо или да напишат меил.

Второ, сексуално образование. Не знам точно како е сега ама јас кога бев ученик ова се сметаше за нешто срамно и за табу тема. Доволно е да се видат податоците за сексуално преносливите болести, тинејџерската бременост, па и глупите прашања што ги поставуваат тинејџерите на интернет за да се види колку е неопходно да се посвети внимание на оваа област.

Трето, она што би го нарекол „учење на секојдневни работи“. Курсеви за основни познавања на некои општи работи и вештини. Како се користат алатки, како се менува сијалица, како се пали оган, како се готви... Нешто што сигурно ќе биде корисно, а и ќе биде интересно за учење.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.806
Поени од реакции
8.223
Се сложувам со тука некој мислења. Значи треба да се воведе во образованието и училиштата работи кој на сите ученици ќе им биде радост што одат на училиште. Мора малку државните училишта да се направат како приватните што изгледаат во светот помодрерно а не како што се направени некогаш во поранешна југославија кога учеле нашите баби и дедовци па и нашите мајка и татко и од тогаш не е премногу сменето.

Треба модерни содржини во училиштата.

Но сепак ова не верувам да се случи бидејќи кај нас со ваквата држава со власт кој има политичари само што си ги гледаат своите интереси а не и интересите на граѓаните и лапаат, крадат пари не можеме ништо да очекуваме.
 
B

Beginner

Гостин
Како прво ке земам пример од мене 3 година(ке разберете од текстот дека не сум приватно..) Како е можно 34 деца во 1 клас на часовите е лудница тие што сакат да научат нешто треба на 1 и 2 клупа да седат. Зошто да не не разделат во 2 класа професорите ни велат не им даделе од МОН.. Друго од тие 34 деца 14 се примеми со по 30 бода со врски оти е ова ебана Македонија. И нормално нив не ги интересира ништо гледат само побрзо да им помине денот и они ја прават цела врева. Поминуваат година со 8 единици од 13 предмети и на крај од годината им поклонуваат 2ки. Имаме и 2-3 што идат еднаш во месецот и професорите јадат гомна цела година како ке одат на класен испит. За на крај да поминат сите и тоа некој со 190 оправдени и 24 неоправдени.. Сега за предметите читам овде да се укинале македонски и математика. Ние и така сме неписмен народ па и уште тоа ни фали. Имаме 8 стручни предмети. Супер ми се сите предмети добро може од некои да се скрате нешто непотребно. Како на пример Историја во 1година имавме за ш иптарите да учиме и куп други небитни држави. 2година беше книгата со наслов Историја за Македонија ок тоа се добро беше додека не се појавиа лекциите за Скендербег. Во главно задоволен сум од предметите и професорите добро предаваат нема како во основно некои уфилмени што се мислат господ кога се на лева нога станени да те удрат за ништо како во 19 век...

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom