Иднината на образованието

Дали воопшто во целиот свет треба промени од корен во образованието ?

  • Да

    Гласови: 35 89,7%
  • Не

    Гласови: 4 10,3%

  • Вкупно гласачи
    39
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Тргнете од тоа што нема веронаука и ви станува се јасно. Во средно образование треба да се тргнат ФЗО, Ликовно, Математика. Хемија и Физика треба да се учат само основите за кои се повеќе од доволно две години од основното образование. Да се фокусира образованието на изучување на Германски, Англиски јазик а не 10 години од образованието да се троши на изучување на Македонскиот, која логика човече....

Во високото образование ситуацијата е многу полоша. Се учат непотребни предмети кои немаат никаква врска со факултетот а стручни предмети се во дефицит. Многу непотребни работи учиме во сите образовни структури, премногу е и децата неможат да го запамтат она најважното.

/sarcasm?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.242
Поени од реакции
84.271
Луѓе да ве стават еден ден во школо во денешно време се ќе ви е јасно.јас пред неколку години завршив,сега ќе ви кажам и за што поточно зборам.
Географија испрашува едно дете и му вика ај најди го Скопје на карта,и овој почнува бара,врти по картата и доаѓа до Сан Марино на картата го пишува С.Марино,и овој вика аааа еве го село Марино сигурно тука е Скопје.:pos:
Друг случај,збориме со едно дете од средно и ми вика,абе имам еден другар живее во Катланово,а селото било одалечено неколку километри од некој друг град мислам Прилеп беше,а спаѓа под Скопје,незнам дали да се смеам или да плачам.
Ова ви се само два примера за образованието и тоа колку децата знаат нешто.
Ај сега кажете вие што треба да се промени
Има бре секакви неписмени. На пример, има некои, наместо да напишат Швепс или Schweppes, си пишуваат како што им текнало у моментот. Али па, од друга страна, не може човек секому учител и коректор да изиграва.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168

Признај дека гледаше на Гугл како се пиши швепс
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
на светот повеќе не му требат интелигентни и високо образовани индивидуи
му треба ефтина и проста работна снага за да им робува на капиталистите
и ќе се работи на тоа образование да се упрости или скроз да се укине
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.806
Поени од реакции
8.223
Физичко треба да биде исто важно како и Македонски јазик што се учи во основно.

Покрај спортувањето во сала треба и едукација, теоретски да се учат пример правила во фудбал, колав треба да е теренот на фудбал, што е офсајд истото и во тенис, кошарка..

Можеби сега и постои тоа но јас кога учев основно немаше само ќе ни речат да носиме опрема тренерки и патики. Во спотската школска сала ни даваа топки и ќе не пуштеа сами да си играме па нормално голем дел си седеа на клупа. Додека во средно знам имаше вака теоретски ама колку само да не биде празен часот бидејќи сала и немаше тогаш изградено а надвор се играше со топка мини фудбал или кошарка. Па некој играат некој публика ќе гледа.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Како да се тргнело математика бе арни ли сте, народов и вака има проблеми да дедуцира и да дојде до решение во секојдневните ситуации, камата на кредитот не знае да си пресмета па луксуз, уште математиката да се тргнела. Сите предмети се важни само што не мора до тооолку да се форсираат податоци за некои ојле дојле држави кои не се фактор во ниту една сфера.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Мајчиниот јазик не смее да се тргне. Тие што мислеа дека не треба да се учи до крај на обрзование и треба повеќе да се посвети внимание на странските јазици сега речникот им е составен од десет збора и не знаат да се изразуваат и да употребуваат сврзници и запирки.
Во основно и во средно ми се погодија професорите скоро по сите предмети и сите знаеа како да ги мотивираат учениците и да прочитаат по 2-3 книги неделно и да вежбаат повеќе задачи. За сврзниците по сто реченици пишувавме за домашна. :D
Математиката е исто важна иако изгледа дека времето изгубено во размислување и решавање на задачи е џабе.

Физичко многу мои другари кои учеа во друго средно училиште имаа кецови и идеа и на полагање. За да поминеш требаше да фатат петел во салата. :icon_lol:
Професорката ја сметаа за најлоша, а таа само сакаше учениците да научат основни работи од повеќе спортови и опремата на сите да им е чиста, посебно белата маичка. На кој му беше кафеава на вратот го бркаше надвор. :icon_lol:

За другите предмети исто е важно да се изучуваат до крај нормално без премногу натрупан материјал и да не пишувам зошто, а и самите гледате какви прашања се поставуваат за размножување на човекот. :D
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Физичко треба да биде исто важно како и Македонски јазик што се учи во основно.

Покрај спортувањето во сала треба и едукација, теоретски да се учат пример правила во фудбал, колав треба да е теренот на фудбал, што е офсајд истото и во тенис, кошарка..

Можеби сега и постои тоа но јас кога учев основно немаше само ќе ни речат да носиме опрема тренерки и патики. Во спотската школска сала ни даваа топки и ќе не пуштеа сами да си играме па нормално голем дел си седеа на клупа. Додека во средно знам имаше вака теоретски ама колку само да не биде празен часот бидејќи сала и немаше тогаш изградено а надвор се играше со топка мини фудбал или кошарка. Па некој играат некој публика ќе гледа.
Убаво би било тоа, но не сум сигурен колку постојат услови, особено по основни каде што нема спортски сали, нема опрема, нема ништо, или ако има сала е руина без греење и капе од кров и прави барички и гние паркет.

Како да се тргнело математика бе арни ли сте, народов и вака има проблеми да дедуцира и да дојде до решение во секојдневните ситуации, камата на кредитот не знае да си пресмета па луксуз, уште математиката да се тргнела. Сите предмети се важни само што не мора до тооолку да се форсираат податоци за некои ојле дојле држави кои не се фактор во ниту една сфера.
Со должно почитување, правиш логичка грешка тука :)
Значи математиката, алгебра и геометрија, вклучително и прилично сериозна материја се дел од образованието уште од основно барем 80 години уназад кај нас. Тоа што велиш дека луѓе не знаат да пресметаат камата на кредит (што е сосема точно) не може да биде резултат на немањето математика туку на имањето на математика. Што значи укинување на истата од наставна програма ќе има ист резултат како и денес, луѓето кои учеле за биноми, алгоритми и котангенси ќе имаат исти практични проблеми со оние кои не би го учеле тоа.
Зошто е тоа така е друго прашање :)

Од друга страна учење на практична примена на математика во секојдневие (примерот со каматата) би било полн погодок, наместо котангенси и еден куп потполно бескорисни ситуации, но тука веќе влегуваме во водите на утопијата, барем за наши услови.

Мајчиниот јазик не смее да се тргне. Тие што мислеа дека не треба да се учи до крај на обрзование и треба повеќе да се посвети внимание на странските јазици сега речникот им е составен од десет збора и не знаат да се изразуваат и да употребуваат сврзници и запирки.
Во основно и во средно ми се погодија професорите скоро по сите предмети и сите знаеа како да ги мотивираат учениците и да прочитаат по 2-3 книги неделно и да вежбаат повеќе задачи. За сврзниците по сто реченици пишувавме за домашна. :D
Математиката е исто важна иако изгледа дека времето изгубено во размислување и решавање на задачи е џабе.

Физичко многу мои другари кои учеа во друго средно училиште имаа кецови и идеа и на полагање. За да поминеш требаше да фатат петел во салата. :icon_lol:
Професорката ја сметаа за најлоша, а таа само сакаше учениците да научат основни работи од повеќе спортови и опремата на сите да им е чиста, посебно белата маичка. На кој му беше кафеава на вратот го бркаше надвор. :icon_lol:

За другите предмети исто е важно да се изучуваат до крај нормално без премногу натрупан материјал и да не пишувам зошто, а и самите гледате какви прашања се поставуваат за размножување на човекот. :D
Важно е да се разговара практично на час на литературен јазик а не да се изучуваат стручни граматички правила и прописи, резултатите ги гледаме насекаде :) Оние кои би се определиле за на факс да, но основец треба да знае да говори литературно а не да разглаба за Ономастика и Морфологија, секогаш ама баш секогаш се прави обратен ефект и децата ги замразуваат до дно на душа некои работи.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
И тогаш немаше којзнае какви услови. Зимно време ладно, искршени закачалки и клупи во соблекувалните и никакви справи во салата, само кош и гол за ракомет, ама пак имаше професори кои бараа знаење и со тоа што ги имаше сакаа да ги научат учениците. За разлика од таквите имаше училишта со исти услови, ама професори кои часовите ги одржуваа во мала канцеларија до спортската сала и 45 минути без врска муабет со ученците.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Со должно почитување, правиш логичка грешка тука :)
Значи математиката, алгебра и геометрија, вклучително и прилично сериозна материја се дел од образованието уште од основно барем 80 години уназад кај нас. Тоа што велиш дека луѓе не знаат да пресметаат камата на кредит (што е сосема точно) не може да биде резултат на немањето математика туку на имањето на математика. Што значи укинување на истата од наставна програма ќе има ист резултат како и денес, луѓето кои учеле за биноми, алгоритми и котангенси ќе имаат исти практични проблеми со оние кои не би го учеле тоа.
Зошто е тоа така е друго прашање :)

Од друга страна учење на практична примена на математика во секојдневие (примерот со каматата) би било полн погодок, наместо котангенси и еден куп потполно бескорисни ситуации, но тука веќе влегуваме во водите на утопијата, барем за наши услови.
Ти исто така правиш логичка грешка и тоа „non-sequitur“. Само зашто учениците задолжително имаат „Математика“ и повеќето се дупки во истата кога ќе пораснат, тоа не значи дека немањето математика ќе доведе до ист резултат. Прво, бидејќи не знаеш дали ќе биде така. Второ, бидејќи учењето математика, вклучува изучување на операции потребни за пресметување на камата (алгебра). A котангенсите не се воопшто „бескорисни ситуации“ како што ги нарекуваш. Геометријата ги подготвува учениците кои ќе се насочат кон струки како архитектура, геодезија, машинско инженерство и ред други. Не може да запишат таков факултет, а да не знаат што е агол. А ако заговараш дека тие предмети треба да бидат изборни, тогаш тоа важи за секој предмет бидејќи таквите знаења нема да им требаат на оние кои не студираат за тоа.

На крајот на краиштата, постојат нижи школи и средни училишта кои се стручни, а не гимназии. Само што не секој на 14 години знае што сака да биде кога ќе порасне.

Проблемот не е само предметот сам по себе туку и сувопарното пренесување на истиот од страна на наставниците. Исто така и самите деца кои најчесто во тие години не сакаат да учат насила било што.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Кога веќе нашата држава нема капацитет да направи програма, нека не мудруваат! Ионака препишувачи ни се министри;), нека препишат од земјите каде што некој смислил и направил саглам програма и која дава резултати.
Инаку мое мислење е дека со време образованието ќе помине во самообразование, освен основното се разбира. И мислам дека на крај иод краиштата, нашиве студенти и средношколци ќе се ратисаат од учење методи и материјали од младоста на професорите.
Проблем е што некако неплански се пристапува и кон планирањето, финансирањето и спроведувањето на наставата.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Ти исто така правиш логичка грешка и тоа „non-sequitur“. Само зашто учениците задолжително имаат „Математика“ и повеќето се дупки во истата кога ќе пораснат, тоа не значи дека немањето математика ќе доведе до ист резултат. Прво, бидејќи не знаеш дали ќе биде така. Второ, бидејќи учењето математика, вклучува изучување на операции потребни за пресметување на камата (алгебра). A котангенсите не се воопшто „бескорисни ситуации“ како што ги нарекуваш. Геометријата ги подготвува учениците кои ќе се насочат кон струки како архитектура, геодезија, машинско инженерство и ред други. Не може да запишат таков факултет, а да не знаат што е агол. А ако заговараш дека тие предмети треба да бидат изборни, тогаш тоа важи за секој предмет бидејќи таквите знаења нема да им требаат на оние кои не студираат за тоа.

На крајот на краиштата, постојат нижи школи и средни училишта кои се стручни, а не гимназии. Само што не секој на 14 години знае што сака да биде кога ќе порасне.

Проблемот не е само предметот сам по себе туку и сувопарното пренесување на истиот од страна на наставниците. Исто така и самите деца кои најчесто во тие години не сакаат да учат насила било што.
Добро аргументирано од твоја страна но со една забелешка, не правам логичка грешка воопшто, неможноста на голем број луѓе да пресметаат камата на кредит и покрај тоа што учеле математика 9-13 години е иста со неможноста на истите да пресметаат доколку не учеле. Нема зошто да се претпостави дека доколку не би учеле тогаш би знаеле да пресметаат камата, нели.
Нешто и не верувам дека младите во отоманско знаеле да пресметаат камата кога немало задолжително образование (пошто неаме денешен пример, или ромите кои ескивираат образование можеби денес).

И во стручните средни се учи барем 2/3 работи кои не се поврзани со идната струка, со цел да се исповработи наставен кадар, повеќето се стручни само по назив.
Сето тоа лесно се решава со prep schools за соодветни факсови, затоа што во иста училница имаш деца со огромни разлики во IQ, интереси, наклоности и што све не, не може мнозинството да биде заложник на малцинството и да учи котангенси, или пак за битката за Сталинград или каде се наоѓа Занзибар, затоа prep schools, скратено основно и средно и секако, реалноста а таа што основно и средно да бидат нешто као продолжена градинка за тинејџери, колку да не седат дома дур се родители на работа и нормално, примена на новите технологии кои се денес блиски до младите. Подобро да гледаат добро преведена или синхронизирана емисија или предавање од Саган, Каку или Тајсон или било кој популаризатор на науката за време на час отколку да слушаат наставник Петре кој со монотон глас нешто објаснува на такви теми а се вработил затоа што лижел чмар во штаб. Па имаш и блутут слушалици па нек избираат, сака на македонски, англиски, албански, српски, можностите се многу :)
Од досегашните резултати после 80 години искуство гледаме какви кадри, каков народ, каков просек се створил, за жал.
Иако во основа не верувам дека некоја влада сериозно би се зафатила со коренити реформи, повеќе ми е ова what if муабет :)
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Добро аргументирано од твоја страна но со една забелешка, не правам логичка грешка воопшто, неможноста на голем број луѓе да пресметаат камата на кредит и покрај тоа што учеле математика 9-13 години е иста со неможноста на истите да пресметаат доколку не учеле. Нема зошто да се претпостави дека доколку не би учеле тогаш би знаеле да пресметаат камата, нели.
Нешто и не верувам дека младите во отоманско знаеле да пресметаат камата кога немало задолжително образование (пошто неаме денешен пример, или ромите кои ескивираат образование можеби денес).
Ова е товар на докажување кој го носиш. Ти треба тело од докази дека статистички, бројките на луѓе кои учеле математика 9-13 години и не можат да си ја пресметаат каматата се релативно исти со тие на луѓето што не учеле математика и не можат да си ја пресметаат каматата.
И во стручните средни се учи барем 2/3 работи кои не се поврзани со идната струка, со цел да се исповработи наставен кадар, повеќето се стручни само по назив.
Сето тоа лесно се решава со prep schools за соодветни факсови, затоа што во иста училница имаш деца со огромни разлики во IQ, интереси, наклоности и што све не, не може мнозинството да биде заложник на малцинството и да учи котангенси, или пак за битката за Сталинград или каде се наоѓа Занзибар, затоа prep schools, скратено основно и средно и секако, реалноста а таа што основно и средно да бидат нешто као продолжена градинка за тинејџери, колку да не седат дома дур се родители на работа и нормално, примена на новите технологии кои се денес блиски до младите. Подобро да гледаат добро преведена или синхронизирана емисија или предавање од Саган, Каку или Тајсон или било кој популаризатор на науката за време на час отколку да слушаат наставник Петре кој со монотон глас нешто објаснува на такви теми а се вработил затоа што лижел чмар во штаб. Па имаш и блутут слушалици па нек избираат, сака на македонски, англиски, албански, српски, можностите се многу :)
Се сложувам со повеќето од работите што ги кажа.
Интересите во голема мера се дефинирани од околината, повеќе од што е IQ-то. Но повеќето имаат просечна интелигенција, доволна за совладување на предметите. Прашањето е како да им се побуди интерес, за што твоите сугестии се супер. Студиите покажуваат дека различни фактори определуваат колку некој ќе биде добар во нешто, со што, само кај кремот (најдобриот процент) експоненцијално расте улогата на личните предиспозиции иако истите помагаат за побрзо совладување на материјалот. За се' друго, условите за учење, мотивираноста, соодветниот тренинг и ред други фактори се порелевантни. Малце оф топик, ама читај го ова.
Од досегашните резултати после 80 години искуство гледаме какви кадри, каков народ, каков просек се створил, за жал. Иако во основа не верувам дека некоја влада сериозно би се зафатила со коренити реформи, повеќе ми е ова what if муабет :)
Но не можеш да знаеш дали виновник за тоа е образованието или други работи (како на пример нашиот отепан менталитет помеѓу другото). Во поразвиени земји излегува поасален кадар од тука иако образовниот систем вклучува задолжителна Математика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom