Иднината на образованието

Дали воопшто во целиот свет треба промени од корен во образованието ?

  • Да

    Гласови: 35 89,7%
  • Не

    Гласови: 4 10,3%

  • Вкупно гласачи
    39
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.806
Поени од реакции
8.223
Денес читав вест дека Финска ќе ги укинува училишните предмети.
Што вие мислите на оваа тема, дали е добро ова или лошо за образованието ? Дали воопшто во целиот свет треба промени од корен во образованието ?
Финска ќе ги укинува училишните предмети - текст од Факултети.мк

Финските власти сакаат да ги укинат училишните предмети од наставата, односно да нема часови по физика, математика, литература, историја или географија. Шефот на Одделот за образование во Хелсинки, Марјо Килонен, објаснува:

„Има училишта што држат настава по застарен модел од кој имало бенефит на почетокот на 1900ите – но, потребите не се исти и потребно ни е нешто што ќе се вклопи во 21 век.“

Стандардните предмети ќе бидат заменети со истражување и изучување на настани и феномени во интердисциплинарен формат. На пример, Втората светска војна ќе биде изучувана од историски, георгафски и математички аспект. Ќе има и курсеви од типот „Работа во кафуле“, на кои учениците ќе се здобиваат со знаења за англиски јазик, економија и комуникациски вештини.

Главната цел на промените е да не се дојде до ситуација тие да си поставуваат прашања зошто го изучуваат одреден предмет, туку да имаат можност да ја изберат темата што ќе ја изучуваат, а истовремено треба да бидат свесни и за своите капацитети и амбиции.

Овој систем за почеток ќе биде применет кај ученици од 16 годишна возраст и поголеми, а промени ќе има и кај помалите ученици. Имено, тие нема да седат за училишните клупи зад кои често стануваат анксиозни додека да им дојде ред да одговараат на прашања, туку ќе дискутираат за проблеми во помали групи.

Промените во образовниот систем подразбираат и поголема соработка меѓу наставниците. За таа цел, околу 70% од наставниот кадар во Хелсинки веќе има отпочнато подготовки за новиот начин на работа, за што ќе добијат и дополнителни парични надоместоци. Измените се очекува да се применат во целост до 2020 година.
 
Член од
25 февруари 2018
Мислења
25
Поени од реакции
3
Само ние македонците учиме се и сешто. Уште кога ќе видеш дека во средно економско училиште децата во прва и втора година учат правни предмети се ќе ти се разјасне. Или пак во основно, предмети за џабе (пример Иновации).
Имам читано дека и кај нас после 4-5 години, можно е да има некоја промена во образованието ама не ми се верува. Ќе видеме.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.842
Поени од реакции
7.312
Јас мислам дека во основно треба да си се учат стварно основни работи од секој предмет.
Пример Географија да знае секое дете за Македонија,треба на тоа да се фокусираат, кога ќе отидат средно да знае градови,реки во Македонија,што е битно да учи за Бангладеш кај се наоѓа и какво население живее.
Математика да знаат да собираат,одземаат,множат,делат и толку,не да учи полиноми,корени и остали глупости.
Денеска се случува кај нас децата да знаат да решат полином,а незнае колку е 8 по 7.
После во средно нека си се определат кој кај сака и тогаш нека се посвети на тоа.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Пример Географија да знае секое дете за Македонија,треба на тоа да се фокусираат, кога ќе отидат средно да знае градови,реки во Македонија,што е битно да учи за Бангладеш кај се наоѓа и какво население живее
Ti ovo ozbiljno?
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
а зошто воопшто образование. за физичка работа и не треба некое образование.
прати ги од 12 години на работа во некое фабрика, не им треба историја, географија, математика...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.806
Поени од реакции
8.223
Во сите училишта мислам дека треба да се вовде и мини кино сала задолжително да гледаат учениците документарни филмови. Да се гледаат некој документарци за наука, за природа, за животни. Одредени денови ќе има кога ќе одат цел клас на гледање документарец.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Јас мислам дека во основно треба да си се учат стварно основни работи од секој предмет.
Пример Географија да знае секое дете за Македонија,треба на тоа да се фокусираат, кога ќе отидат средно да знае градови,реки во Македонија,што е битно да учи за Бангладеш кај се наоѓа и какво население живее.
Математика да знаат да собираат,одземаат,множат,делат и толку,не да учи полиноми,корени и остали глупости.
Денеска се случува кај нас децата да знаат да решат полином,а незнае колку е 8 по 7.
После во средно нека си се определат кој кај сака и тогаш нека се посвети на тоа.
Еве типичен пример каде страхотно потфрлило нашето образование.
Јас во сите училишта би вовел и мини кино сала задолжително. Да се гледаат некој документарци за наука, за природа, за животни.
Затоа што училиштата немаат проектори...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Втор пример...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.806
Поени од реакции
8.223
Втор пример...
Ок, ајде ти дај нешто пиши што би било според тебе најдобро за промена во образованието да прочитаме нешто и од тебе :)

Meне поентата ми беше дека би сакал во образованието, во сите училишта да се воведат работи што досега немало кај нас, како што е примерот мој со кино.
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161
Ако тргнам од промена, најпрво ќе ставам акцент на културата. Ако самото дете не добива воспитување и внимание од дома, барем училиштето да го надокнади тоа. Треба да ги научи децата да си помагаат и почитуваат еден со друг, а не на обратното што е случај на денешното време.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
524
Поени од реакции
386
Како ученик од четврта година би го прокоментирал нашиот образовен систем.

Според мене постојат два типа на луѓе:
-Такви кои се интересираат,размислуваат,делуваат...
-Кои не се интересираат,не делуваат...

Тоа е нормално на некој начин,меѓутоа проблемот е блендот на овие два типа.Мора,потенцирам МОРА да има дистинкција меѓу овие два типа.

Следува уште едно разединување а тоа се различни интереси,различни струки.Неможе научник да троши време на јазик,а лингвист на наука. Можеби има ученици кои сеуште имат дилеми меѓутоа пофлексибилно образование би овозможило да учениците кои се во дилема слободно да пробуваат, а оние кои се веќе талентирани и навлезени слободно да може да терат напред.

Како љубител на информатичката технологија многу тешко ми паѓа кога ќе слушнам дека соученици од тоа што се исплашени од оценките ќе полагаат биологија на матура(наместо пример физика) и англиски(наместо пример информатика) со цел да имаат солиден просек и да бидат примени на ФИНКИ.Си го поставувам прашањето,дали мене ми вреди да бидам студент на ФИНКИ со соученици кои вака ќе влезат во овој круг и тоа дефинитивно тие ќе имат некој поен плус поради одличните оценки(рамноправно,наместо стручно гледано),а јас помалку поени затоа што сум го одбрал потешкиот пат,и затоа што посветувам повеќе време надвор од училиште одејќи во локални фирми а од ова трпат предметите како филозофија,бизнис и слично. Сметам дека ова е апсурдно,и дека има голем број на случаи како мене кои поради ова студиите ќе се напрегнат да ги завршат во Белград,Љубљана и слично.

Меѓутоа гледам и светлина. Ќе се отвара математичка гимназија(на моја жалост кога јас завршувам),ова мислам дека е чекор напред, се молам да се отворат и други вакви центри и сметам дека овие потези се вистинските за прогресирање во образованието.

Ако подразмислам за основното образование,бидејќи имам брат кој е трето одделение,и ако го споредам со мене,драстично има промени и тоа на лошо,нови методи кои се безврска дополнителни,додатни веќе и нема(а и што ќе има кога не е вреднувано),владеат протекции страшни што е најголем проблем во образованието бидејќи е големо разочарување кога безвредно е твоето знаење.

Се на се заклучок е немаме услови,слабо стоиме и со кадар,капак на се се врските,ако не се трудите и не бидете „самоук“,вие ќе останете теле,цела среќа во несреќа е Интернетот,ама ако знаеш како да го искористиш :rolleyes:

Прекрасна тема за дискусија.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Тргнете од тоа што нема веронаука и ви станува се јасно. Во средно образование треба да се тргнат ФЗО, Ликовно, Математика. Хемија и Физика треба да се учат само основите за кои се повеќе од доволно две години од основното образование. Да се фокусира образованието на изучување на Германски, Англиски јазик а не 10 години од образованието да се троши на изучување на Македонскиот, која логика човече....

Во високото образование ситуацијата е многу полоша. Се учат непотребни предмети кои немаат никаква врска со факултетот а стручни предмети се во дефицит. Многу непотребни работи учиме во сите образовни структури, премногу е и децата неможат да го запамтат она најважното.

 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.842
Поени од реакции
7.312
Луѓе да ве стават еден ден во школо во денешно време се ќе ви е јасно.јас пред неколку години завршив,сега ќе ви кажам и за што поточно зборам.
Географија испрашува едно дете и му вика ај најди го Скопје на карта,и овој почнува бара,врти по картата и доаѓа до Сан Марино на картата го пишува С.Марино,и овој вика аааа еве го село Марино сигурно тука е Скопје.:pos:
Друг случај,збориме со едно дете од средно и ми вика,абе имам еден другар живее во Катланово,а селото било одалечено неколку километри од некој друг град мислам Прилеп беше,а спаѓа под Скопје,незнам дали да се смеам или да плачам.
Ова ви се само два примера за образованието и тоа колку децата знаат нешто.
Ај сега кажете вие што треба да се промени
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom