Нема своја страна, бираш или црно или бело или змија да те апне или магаре да те бапне исто како и ние, едино Југославија била држава што била своја на свое иако и она била повише со СССР него со западот.
Беш ли га, не сум сигурен дека баш и немаа избор! Е сега на што се сведуваше изборот? Не би рекол змија или магаре!
Беа во поповолна позиција од Белорусија во односите со Русија, имаа што да понудат. Можеа Крим преќутно да го остават како неутрална зона или нешто слично. Да го продолжат договорот за Севастопол и делот од Црно море на уште 99 години, како што прават тимовите кога некој играч им е важен, му го продолжуваат договорот пред да му заврши тековниот. Можеа да ќутат и да си се греат и користат гас, по цена која ни русите сами на себе не си го продаваа и да не должам, можеа многу, ако сакаа и умееа.
Ама не, лаком газ, подлегнаа на митото и притисокот од запад, плус она словенското да му умре козата на комшијата и бидна што бидна. Сега идат накај Молдавија не накај Европа, макар што им се сервираат приказни дека ако не утре ама задутре сигурно ќе ги примат во ЕУ и ќе тече мед и млеко.
Русија санкциите си ги користи за зајакнување на сопственото производство, додека Украина тоне во жив песок, како и ние!
Имам пријатели и колеги и од двете страни, не завземам страна, само се повеќе и повеќе ми е жал за украинците, паднаа во клопка од која нема вадење.