Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
Го санкаат Зоран по удолница со умерено темпо. Денес пуштија водичка дека преку унгарските служби се чул со Грујо пред вториов да си замине, а првиов излезе да негира.
Познаваајќи го Заев и дека он е искрен само кога лаже, можеби пуштиле и по некоја солза :love::love::love::love:

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Не бе, јас велам да заборавиме, да ги избришиме 11те години башибозлук и бегството на браникот.
Оти 11 години проблеми се решаваат за две-три.
А ова сега ќе го избришите од меморија или воопшто нема да го регистрирате?
Сега, еве пред очи ви се случува пак Грујо, шо ќутите?
Срамота е што мислите дека членството на форумот е исто глупо како партиското[DOUBLEPOST=1543156752][/DOUBLEPOST]
Го идолизирале :pos:
Едвај формираше влада, ни референдум не му успеја ни ништо.
Кога ќе падне од власт а во случај да се води некој судски процес сите ќе заборават на него, како да не постоел а не да протестираат пред суд или да се радуваат деа киднал :pos:

Култуот на личност е интересен феномен.



Претпоставам дека браќата така го викаат, Зорwан Заијеф :pos:
Мислиш попис?[DOUBLEPOST=1543157057][/DOUBLEPOST]
Прегледај го приврзокот 200035

Nema sansi ova. Site znaeme deka izbega kako picka i ja ostavi Borkica na cedilo so dve drobni decinja.
Нема шанси, гонет криминалец, врз кој градиш кариера, да ти избега пред очи без дикументи.
Грујо не избега, грујо е пуштен од власта да избега, помири се
Или е тоа или власта е неспособна па му бегаат луѓето од рака.
Бирај си опција, или си ти глуп или е власта
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.801
Поени од реакции
3.902
ДЕМОЛИРАНИ ВОЗИЛА НА УБК: Искршени стакла на шест автомобил во сопственост на УБК

Не знам што значи ова и кој им праќа порака ама смешно е. Тајна служба, а сите и ги знаат возилата. Како ке следиш некој или ќе си ја работиш работата ако сите знаат дека си вработен у убк и возиш некое возило. Зеле им ги искршиле сите возила на убк што биле паркирани на некој паркинг што имало паркирани и возила кој што не биле на убк.

И после се чудат како им избегал Грујо
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.529
Поени од реакции
18.443
Го санкаат Зоран по удолница со умерено темпо. Денес пуштија водичка дека преку унгарските служби се чул со Грујо пред вториов да си замине, а првиов излезе да негира.
Познаваајќи го Заев и дека он е искрен само кога лаже, можеби пуштиле и по некоја солза :love::love::love::love:

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
Наскоро ќе видиме за какви дипломатски / разузнавачки, заткулисни игри станува збор. Се мислам дека Заев газот го стаил кај што се мерат стапови и сега сиротиот не може ни да излезе од таму.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.964
Поени од реакции
41.280
Можеби поголемата фрустрираност кон Заев е ради тоа што буквално ветуваше мед и млеко ако дојде на власт. Се сеќавате на она ветување на Бранко со по еден вработен од секое семејство? Епа за Заев тоа ќе биде 500те евра плата... едноставно ветуваше едно кога беше опозиција, прави друго одкако е на власт. Сте го слушнале на митинг дека ќе менува Устав и име на државата? Нормално дека не... па по ѓаволите, тој викаше дека нема да ја отвара Пандорината кутија за вметнување на Охридскиот Договор во Уставот, па по 2-3 дена гледаш го прави тоа без ич око да му трепне. Ќпвекот досега докажа 1000 пати дека е патолошки лажго.
За тоа дека наследил тешка ситуација после 11 година на предходната власт, точно е не одрекувам. Предходниве премногу ја задолжија државата. Али ај веќе кога правите паралела помеѓу Груевски и Заев, сетете се дека и Груки во 2006 кога дојде на власт го начека истотака гомно ситуација, па тоа не му пречеше да има добри и солидни 2-3 години владеење се до 2009/2010 додека парите и славата не му го испија умот заедно со братучед му. Така е, тоа е факт кој никој неможе да го побие, првите 2-3 години на Груки беа добри, а ветото во Букурешт му помогна да го направи тој култ кој и сега го има дел од народот кон него.
Другото што ќе го потенцирам како слабост кај Заев е несериозноста кон улогата на премиер на државата... со кој ум ти одиш и ги ставаш Брат Љубе, Самка Ибраимовски и Хаџибулиќ како советници за странски инвестиции? Значи оној сектор кој е најпотребен во оваа држава каде невработеноста на населението е 26+%?
Или пак еве кога го стави Командант Хоџа како советник за безбедност... ОК го става, нормално има реакции од јавноста, излага на прес Зоки и знаете што му е една од причините што го оправдува овој потег да стави поранешен терорист како сов. за безбедност? Имал многудетно семејство, му требале пари.... :facepalm: Наредниот ден Командант Хоџа дава отказ, излага пред камери и вика дека не му дошле до тие 30.000 денари. Буквално му се моча у лице на Заев, а овој нашиов ќути ко прваче на испрашување.
Истово беше и пред некоја недела на МТВ, кога водителов го прашува кога да се очекува зголемување на ветената економија од 5%, за да овој да ти дава одговор "Ќе даде Господ, ќе биде...":facepalm:
Оди ти биди премиер во Германија, Франција, Шпанија, Италија, Англија и дади ваков одговор, одма наредниот ден оставка си даваш и те бришат од колективна меморија народот, едноставно не постоиш и не си способен за таа функција што ја извршуваш.
И Груевски имал испади, и тоа доста сериозни, како пример помилување на Хашките случаеви, и ставањето на Таљат како Министер за Одбрана. Тој со тие потези ги изгуби гласовите на неутралните гласачи, али да потенцираме тој скоро и да немаше испади пред камери, и имаше страшен ПР кој стоеше позади него, и затоа му успеваше него, и палеше тоа кај народот (читај: сендвичарите). Заев за ПР луѓе ги има Цацко, Влатко Васиљ и Саше Мактел...толку :toe: Оние што му беа еден начин луѓе за пропаганда и вооглавно беа дел од шарената револуција, Павле и Ивана сега не постојат на социјалните мрежи, пички кои не знаат како да го оправдаат. Милчин истотака го прави од гомно подоле, Геро и СДК во некои одредени случаеви.

Народот (барем оние неутралните, без книшка) увиде дека Заев не е способен човек да ја води државава, и дека се е поочигледно дека овој е сместен на власт се со една цел... смени име на држава и фала, чао, пријатно. Можеби ќе добие еден вид на награда од горе и ќе биде консензуален кандидат за претседател на РСМ, али и странскиот фактор не го фаворизира веќе.
Знаете за Референдумот кој му ја честиташе "успешноста" по социјалните мрежи? Хан, Могерини, Ван Хауте... зошто не доби честитки пример од Меркел, Курц, Макрон оние луѓе кои доаѓаа тука и го тапкаа по рамо? Дека тие луѓе во своите држави се избрани од народ бре, и знаеа дека тоа што му се деси на Заев на Референдумот и покрај цела пропаганда машинерија што ја имаше, е дебакл. Чист дебакл, и би било глупо да честитаат таков пораз на човек кој пропаѓа одвнатре.
Чудно како довчерашните освестени и бањати не ја согледуваат оваа вистина и реалност. Ваљда престанале да се бањаат. :toe:

Иначе потполно се сложувам со се што е напишано
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.822
Поени од реакции
17.049
А ова сега ќе го избришите од меморија или воопшто нема да го регистрирате?
Сега, еве пред очи ви се случува пак Грујо, шо ќутите?
Срамота е што мислите дека членството на форумот е исто глупо како партиското[DOUBLEPOST=1543156752][/DOUBLEPOST]

Мислиш попис?[DOUBLEPOST=1543157057][/DOUBLEPOST]

Нема шанси, гонет криминалец, врз кој градиш кариера, да ти избега пред очи без дикументи.
Грујо не избега, грујо е пуштен од власта да избега, помири се
Или е тоа или власта е неспособна па му бегаат луѓето од рака.
Бирај си опција, или си ти глуп или е власта
Заев: Како четири земји, наши пријатели, го дозволиле бегството на Груевски?

молчи и покри се...па и убијците од Смилковско езеро, од Дивље насеље, убиецот на Јанушев , на Саздо, исто избегаа кај наши пријатели... Да не кажувам повторно дека од Дивље насеље ги пуштивте германскиот и францускиот платеник...

Туку го пумпате ова со Гвујо за да забошотите дузина незаконски тендери и други скандали, ете се замолча за криминалецот градоначелник од Ново Село, најнапред осуден на 18месеци, по жалба смалено на 6 месеци а и НЕЈАСНО како му е патем избришана условната од 2 години... а никој не смее ниту да пишува за тоа..
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.935
Сега, еве пред очи ви се случува пак Грујо, шо ќутите?
Гризни јазик и помести се. Било не поновило се.[DOUBLEPOST=1543165733][/DOUBLEPOST]може Груевски и Орбан си имале двостран договор, ако на било кој од нив му се деси Санадер, да иде кај другиот
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Овој од Титови Леви Сили порано беше со СДСМ на Бранко, како гз и гаќи беа тие две партии, а немаш појма колку ги ругаше ВМРО-ДПМНЕ... Чим и овој фосилов го пикнаа у партија и еве колкушто гледам седи во први редови на митинзи, значи знаеме до кое дереџе е дојдена партијата нажалост.
До пред 13/14 години овој од ТЛС не го сматраа за жив во ДПМНЕ, а сега ќе изиграва патриот со петокраката на гради.

П.С. Брашнаров, Ченто, Шатев и другите патриоти го јаделе најмногу од вакви луѓе како овој од ТЛС... :( Ај остај овие што ги набројав, Драган Богдановски човекот кој ја основа модерната ВМРО-ДПМНЕ бил политички гонет од луѓето како Слободан Угриновски, а сега ваквите луѓе седат во први редови на митинзи... Не бе не се нормални овие во ДПМНЕ, изгубија секаква реалност со патриотизмот начисто.
Претседателот на Титовите леви сили Слободан Угриновски почина синоќа, а веста ја својот Фејсбук профил ја објави неговиот син, Никола Угриновски.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.361
Поени од реакции
21.790
Кога ќе никнат новокомпонирани песми за Заијеф, тетоважи на бицепс со неговиот лик, протести и блокади пред суд за негово ослободување тогаш може да зборуваме за тоа.
:vrtioci:








Мајка го роди, народ да води!:anco:




 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.935
:vrtioci:








Мајка го роди, народ да води!:anco:




Знае да оди!!!
Дај - шта даш, секој квалитет е добредојден.
(мада, ова гарант им е у контекст на одењето на Груевски)


Како спремно ја покажа колекцијава, очигледно ги имате складирано овие за зимница, што не е чудо, пошто и во СДСМ гарант имаат колекција на бисери за Груевски. Има тука некои кои не сум ги видел до сега.

Тоа мајка го роди народ да води, го иам видено и за Груевски. Крајно неинвентивно од страна на СДСМ. Плус и Ванѓа ја умешаа по потпуно иста линија.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.161
Поени од реакции
5.940
Ај на здравје...

https://fokus.mk/mpts-i-mg-feshn-ja-kupija-atraktivnata-partsela-sproti-gtts/

Две фирми ја купиле атрактивната парцела од 9.000 м2 за сума од 312 евра по квадрат спроти скопски ГТЦ, односно хотелот „Холидеј Ин“, на која беше предвидено да никнат 60-катници. Парите се уплатени пред еден месец во државниот буџет, а се работи за 2,9 милиони евра, дознава ТВ24.

Станува збор за купувачи кои се две фирми, во кои како сопственик се води извесен Зoран Антиќ. Првата фирма е М.Г Фешн во сопственост на Антиќ и неговата сопруга Тања, а втората фирмата е „Обновители“ во сопственост на Антиќ и извесен субјект МПЦ.


Од ресорното министерство посочуваат дека на локацијата предвидено е да се градат А2 станбени згради, но и комерцијални објекти. Според градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, урбанистичкиот план ќе се ревидира и на тоа место не би требало да никнат толку високи згради.
Абе и СДССМ не требаше да дојде на власт, па дојде...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom