Можеби поголемата фрустрираност кон Заев е ради тоа што буквално ветуваше мед и млеко ако дојде на власт. Се сеќавате на она ветување на Бранко со по еден вработен од секое семејство? Епа за Заев тоа ќе биде 500те евра плата... едноставно ветуваше едно кога беше опозиција, прави друго одкако е на власт. Сте го слушнале на митинг дека ќе менува Устав и име на државата? Нормално дека не... па по ѓаволите, тој викаше дека нема да ја отвара Пандорината кутија за вметнување на Охридскиот Договор во Уставот, па по 2-3 дена гледаш го прави тоа без ич око да му трепне. Ќпвекот досега докажа 1000 пати дека е патолошки лажго.
За тоа дека наследил тешка ситуација после 11 година на предходната власт, точно е не одрекувам. Предходниве премногу ја задолжија државата. Али ај веќе кога правите паралела помеѓу Груевски и Заев, сетете се дека и Груки во 2006 кога дојде на власт го начека истотака гомно ситуација, па тоа не му пречеше да има добри и солидни 2-3 години владеење се до 2009/2010 додека парите и славата не му го испија умот заедно со братучед му. Така е, тоа е факт кој никој неможе да го побие, првите 2-3 години на Груки беа добри, а ветото во Букурешт му помогна да го направи тој култ кој и сега го има дел од народот кон него.
Другото што ќе го потенцирам како слабост кај Заев е несериозноста кон улогата на премиер на државата... со кој ум ти одиш и ги ставаш Брат Љубе, Самка Ибраимовски и Хаџибулиќ како советници за странски инвестиции? Значи оној сектор кој е најпотребен во оваа држава каде невработеноста на населението е 26+%?
Или пак еве кога го стави Командант Хоџа како советник за безбедност... ОК го става, нормално има реакции од јавноста, излага на прес Зоки и знаете што му е една од причините што го оправдува овој потег да стави поранешен терорист како сов. за безбедност? Имал многудетно семејство, му требале пари....

Наредниот ден Командант Хоџа дава отказ, излага пред камери и вика дека не му дошле до тие 30.000 денари. Буквално му се моча у лице на Заев, а овој нашиов ќути ко прваче на испрашување.
Истово беше и пред некоја недела на МТВ, кога водителов го прашува кога да се очекува зголемување на ветената економија од 5%, за да овој да ти дава одговор "Ќе даде Господ, ќе биде..."

Оди ти биди премиер во Германија, Франција, Шпанија, Италија, Англија и дади ваков одговор, одма наредниот ден оставка си даваш и те бришат од колективна меморија народот, едноставно не постоиш и не си способен за таа функција што ја извршуваш.
И Груевски имал испади, и тоа доста сериозни, како пример помилување на Хашките случаеви, и ставањето на Таљат како Министер за Одбрана. Тој со тие потези ги изгуби гласовите на неутралните гласачи, али да потенцираме тој скоро и да немаше испади пред камери, и имаше страшен ПР кој стоеше позади него, и затоа му успеваше него, и палеше тоа кај народот (читај: сендвичарите). Заев за ПР луѓе ги има Цацко, Влатко Васиљ и Саше Мактел...толку

Оние што му беа еден начин луѓе за пропаганда и вооглавно беа дел од шарената револуција, Павле и Ивана сега не постојат на социјалните мрежи, пички кои не знаат како да го оправдаат. Милчин истотака го прави од гомно подоле, Геро и СДК во некои одредени случаеви.
Народот (барем оние неутралните, без книшка) увиде дека Заев не е способен човек да ја води државава, и дека се е поочигледно дека овој е сместен на власт се со една цел... смени име на држава и фала, чао, пријатно. Можеби ќе добие еден вид на награда од горе и ќе биде консензуален кандидат за претседател на Р
СМ, али и странскиот фактор не го фаворизира веќе.
Знаете за Референдумот кој му ја честиташе "успешноста" по социјалните мрежи? Хан, Могерини, Ван Хауте... зошто не доби честитки пример од Меркел, Курц, Макрон оние луѓе кои доаѓаа тука и го тапкаа по рамо? Дека тие луѓе во своите држави се избрани од народ бре, и знаеа дека тоа што му се деси на Заев на Референдумот и покрај цела пропаганда машинерија што ја имаше, е дебакл. Чист дебакл, и би било глупо да честитаат таков пораз на човек кој пропаѓа одвнатре.