Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
А за кој да пишуваат ако не за бегството на најголемиот криминалец? Да не сакаш топ тема да е ланскиот снег или пак за тебе и приказната за твојот бг пасош?


Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
Нека не те занима многу за моите пасоши, може и 10 да имам. Гледај си ти за тебе и не ми се мешај во приватен живот.

Има побитни работи отколку Грујо.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.505
Поени од реакции
1.894
50 страни за Грујо напишавте, за толку небитна личност, а никој не кажа за загадениот воздух, за бабичката што ја избркал инспекторот, за менување на името Македонија, за шиптаризацијата на Македонија...не бе Грујо е топ тема сега.
Класични удбашки финти за дефокусирање на проста раја дур се дешава некое срање. Дур се праи геноцид на македонскиот народ,расте задолжувањето,рекорден буџет,растат даноци му се пуштаат информации како бегство на Грујо,писма на Мијалков и сл.Исто како во 90 ти години кога беа немирите во Тетово и Гостивар имаше девалвација на денарот.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Нека не те занима многу за моите пасоши, може и 10 да имам. Гледај си ти за тебе и не ми се мешај во приватен живот.

Има побитни работи отколку Грујо.
Многу ме занима за патриотите како тебе.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Јане Сандански, инаку чест гост на бугарскиот двор, бил убиен од заседа од неговите.
И Тодор Александров исто.[DOUBLEPOST=1542378303][/DOUBLEPOST]
Не е со Бугарски.
Како што Илинденското е и македонско, и бугарско... така и пасошот е и бугарски, и македонски. С'шти народ... така оди работава со договорот на Заев.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Незнам колку си запознаен со ситуацијата, ама човекот во најмала рака плаче за оставка, тој е втор човек во државата и после се ова што се случува неможе да нема пиздарии позади себе, прво во Куманово бидејќи тука сам најзапознаен на одговорни и раководни функции намести такви полтрони што не би можел ни да замислиш на се што се спремни во име на партијата... примера ради директорот на службен весник кој исто така е од куманово и да го прашаш за азбука да ти ја каже тој нема да знае, се јавува на ВД директор на јавно пртпријатие стопанисување со станбен и деловен простор во државна сопственост кој што е стара коска и нема заебанција со него, кој што полтронот директорот на службен весник бара да овој прости камата на некое третто јавно претпријатие во име и за партијата, на што овој му одговара дека тоа не е негова сопственост и не е тој лично доверител па да простува камати на кого како к му текне и му спушти слушалка, за да после месец дена истиот од главен каднидат за да остане директор на јавното претпријатие го сменија и назначија друг.
Да бе пишувам сега тука за конфликтот меѓу Спасовси и градоначалникот на Куманово, каде што трпат граѓаните со најскапа вода во Македонија, да не кажувам какви полтрони за кандидати за градоначалници намести ке ми треба пола ден пишување само, така да далеку е од тоа дека нема пиздарии позади себе а во најмала рака е неспособен за функцијата и ја врши по принцип на неговата претходничка со уцени, закани и притисок.
Едно е некоја општа импресија која владее за некој во јавноста, сосема друго е тоа шо си пишал ти, пошто секој од нас ако земе да напише вакви работи кои се вртат низ кулоарите или чаршиски муабети од секој град, мислам дека ќе дојдеме до многу гаден заклучок за тоа каде живееме. Ова шо си го пишал ти безмалку се случува во секој град и секоја институција, без исклучок.
Дури да се дограбат до власт...и еве сеа борба за колачот. Друго се е исто само него го нема.

Не сакам да се ставам во позиција да бранам некого, факт е дека qr ги боли за правна држава или одговорност за некаква пиздарија, Груки замина во договор и сеа треба жртвено јагне за тоа, некому му пречи, или повеќе не одговара Оливер Спасовски и тоа е тоа.

Ете досега колку афери имаше со Кочо Анѓушев, згора на тоа директно вршеше притисок на новинар и на Слаѓана Тасева и тоа јавно се обзнани па никој од овие сеа шо лаат за оставка не се огласи?

РЕК Битола досега еден куп испади имаше, еве пак тендери делење во четири очи, партиски вработувања итн и сето тоа обзнаено во јавноста, па пак никој не бара оставка од Васко Кочвачевски? А во овој случај немаш претстава од какви епски размери е зборот некомпетентност.

Мислам дека со ова доловив како стојат работите...

Да не навлегуваме понатаму, безпредметно е веќе, сите знаат зошто ги поддржуваа и шо ветува и сите гледаат шо се случува сега.[DOUBLEPOST=1542378543][/DOUBLEPOST]
Кој и да остане да живее во ова држава треба да му се додели орден за храброст,издржливост,трпеливост....
Зависи за кој, за некои ликови ова е ветената земја, да се разбереме :icon_lol:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не сме имале понеспособна влада одкако постоиме како држава... Груевски да не пишеше на фб дека се наоѓа во Будимпешта, овие од МВР уште ќе отвараа гепеци низ Скопјево.
Дека е непсособна е факт, но ако веста дека Грујо си ги испразнил сметките уште во септември е точна, а нема зошто да не биде точна, тогаш јас сум 100% сигурен и ништо нема да ме разубеди дека не е побегнат со амин на власта. Нема шанси лик како Грујо, од таков калибар, со обвиненија, осуди така без надзор да е оставен да прави што сака, да не знаел никој дека од пред два месеци повлекува пари од банки, сигурно не мислеле дека за дома му се.
Прашање е само дали тоа е направено со знаење и дозвола на повисоки инстанци, некако целата организација, со толку вмешаност на цел маџарски дипломатски кор не остава простор за случајности и дека цијашите не знаеле што се дешава.

А оној дибекот наш уште па излегува у јавност и прашува дали е киднапиран Грујо.
Киднапиран му е на Заев мозокот.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Ќе се обидам да објаснам во неколку точки за полесна организација на мислата.

1. Македонците ретко се бунтуваат во споредба со други народи. Илинденското востание беше предвреме и иницирано од елементи од Бугарија. Во втората светска војна се дигнавме последни во југославенските простори. За време на СФРЈ од Македонија речиси да немаше комунистички дисиденти. Немаше и некоја голема антикомунистичка емиграција (а имаше голема дијаспора). Хрватски и српски емигранти вршеа атентати на амбасадори, киднапирање на авиони и други терористички акцији. Ништо од тоа кај нас. Во 1968 имаше револуција во Чешкословачка и огромни студентски протести во цела западна Европа кои се проширија во Белград, Загреб и Љубљана. Од Скопје во тоа време судентите праќаа телеграма на подршка до Тито. Во осумдесетите имаше големи националистички и генерални антикомунистички превирање, Југославија се распаѓаше. Немаше такви работи кај нас. Ни криви ни должни, го преживеавме тој распад со независна држава со сплет на околности.

2. Народот сам по себе многу ретко менува нешто. Победата речиси секогаш била на страна на тие што соработуваат подобро меѓу себе, подобра организација. Дисциплинирана војска лесно победува неорганизирана орда, обединета елита доминира над неорганизираните маси. Кога револуцијата во Русија пламна во 1917 тоа не се случи затоа што 180 милиони селани и работници се побунија против царот. Во тоа време, Комунистичката партија имаше само 27,000 членови во споредба со 3 милиони припадници на средна и висока класа. Но заради високата организираност, шака болшевици се имаат ставено на вистински места во вистинско време и после е историја. Та така и во Македонија за да се случи некоја промена треба добра организација, не мора да е голема, а масата е само алатка за промена.

3. Конкретно оваа власт е неспособна затоа што не е дојдена на власт по сопствени заслуги. Едноставно се работи за насаден, октроиран режим. Претходните барем правеа Потемкинови села, овие ни тоа не можат, неспособност смрде на сите страни.

4. Зошто се случуваат работите кој ги наведе - крадење, местење итн. Затоа што ако ставиш просечен Македонец на власт тоа ќе го добиеш. Власта е рефлексија на нашето општество. Како што и општеството е рефлексија на власта. Кокошка и јајце проблем. Просечен Македонец секогаш ќе гледа да фати врски за да се заврши нешто побрзо. Ако може да направи услуга на пријател или роднина така што ќе вработи некој нивен, се разбира дека ќе го направи тоа. После тие луѓе тебе ти должат, па кога ќе затребе ако можат и тие ќе помогнат итн. Овие на власта се се тоа, само на стереоиди, власта корумпира, апсолутна власт корумпира апсолутно. За да имаш нормална држава треба да имаш општество со интегритет и доблесна структура. Кои работи се дозволиви, кои не се , а кои не се под никој случај. Кои доблести се негуваат во Македонија? Речиси е срамота да бидеш чесен човек. Дури и централниот симбол и наратив околу кои ние како народ сме организирани ( а на сите народи се потребни симболи и наративи за да постојат) - името е на распродажба. Дали оние 7-8 пратеника кои гласаа за промена на устав ќе бидата нешто остракизирани во општеството за година дена? Не верувам.

Имаме нефунционално општество , следствено и нефункционална држава. Во историјата такви држави исчезнувале и биле голтани од други, поефикасни држави. Но бидејки сериозна војна во Европа немало од 1945 и постои механизам да се спречи промени на граници и да се одржава стабилност, постоиме како држава во полу-коматизирана состојба. За да се разбудиш, или промената ќе дојде од долу - приоритети на општеството ќе се менуваат, или од горе - шака визионери нагло ќе ја смени насоката на општеството. Првото е ужасно бавен процес, второто е ризичен процес. На секој Ли Куан Ју или Ататурк има барем десет Сталина, Иди Амин итн.
И? Народов е супер?
Инертноста е неоправдана. Нема реално оправдување за ова што го пишуваш. До кога ќе се правдаме и ќе се повикуваме на некакви историски наследни проблеми. За мене не е коректен одговор дека "јеби га, стално сме биле такви", туку "дај да промениме нешто конкретно".

Прво и основно - не сме племе у Амазон со гол газ шо шета по цел ден. Имаме барем формални институции и треба да ги стаиме у погон. Државава веќе има генерации високошколувани луѓе, доста е веќе со вреќи брашно да се гласа, дај да еволуираме веќе. Аљи, амди, зинго, лиле, павле јале/нејале у власт - преку Стојан веќе! И понатаму немаат ни срам, ни совест да се тргнат и да престанат да гушат. За сдс и дпне шо да се каже веќе - стои на чело еден лик и со себе носи екипа мајмуни на министерски и пратенички места, кои се тотални анонимуси од претходно, со сумљиво образование, уште посумљив интегритет - и пак се иде и масовно се гласа за ликови кои нит ги знаеш, нити тие знаат шо суштински треба да работат....еве која е разликата меѓу пајакот и брколинда? Исти к***ц - неспособни, полуписмени послушници кои држат или држеле ресор кој е клучен за ваква држава на ветрометина на бегалци, рути на дрога, бело робје...тенденциозно ставени на конкретното место за да извршуваат агенди и да не тонат.

Во времето на бц и љуБчо договорот беше преќутен, а ова сега е плод на Пржино. Во Пржино му се даде шанса на паторот да се искупи, затоа што заев имаше рејтинг изразен во промили. Ја истераа заедно прљавата работа за промена на идентитетот, со гласовите од дпне и сега ова му е поклон на паторот за тоа.

Народов и понатаму си ќути....и порано имам пишувано дека во принцип не треба чоек да се потресуе дека вака патиме, пошо све ни е од памет тоа.

Класичен пример е идиотскава изјава на муртинскиов дека можеби паторот е киднапиран, со што и самиот се вклучува во кампањата за замачкување очи и тоа побааги несмасно. Нека иде да проба ваков кловн да глуми премиер на која било друга сериозна држава во светот има да остане без работа до вечер.

Доста е да стоиме позади вакви дебили веќе. Коалицијата учк-сдс-дпне-сите гнасни привезоци ја фрлија државава у амбис.

Ќе дојде време и муртињо да се менува...и тој ќе збрише вака, еднаш веќе го аболицираше бц. Додека они си играат к***т на нас животите ни пројдоа у "транзиција", распад...немаме право на никаков изговор.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Кој и да остане да живее во ова држава треба да му се додели орден за храброст,издржливост,трпеливост....
Да да, све сме самураи, витези, сердари...филозофи...
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Многу логично. Кога се делело смисла за логика тебе мајка ти те заборавила на задното седиште, и тоа на горештина.
Хахаха, е бе море едип
Затоа што и николај имал едипов комплекс
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
http://prizma.mk/kolumni/ide-dunav/

Интересна е тезата во последниот пасус, за тоа дека Груевски во случајов е само пион за евентуално вето или кочење од страна на Унгарија како услуга на Орбан кон Путин.
Прашање е само дали стварно Орбан толку се преценува да оди отворено против американсиот интерес.

Искрено, не ги разбирам унгарците во моментот што сакаат да постигнат, изгледа никако не можат да си ги научат историските лекции.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Човекот врескал а комшиите негови (централа на МВР) никако да му помогнат. Да ти се плукнам во таквите комшии...
А комшијата Геро кај бил? И тој не слушнал?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom