Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Доста членови на форумов нема да се согласат со моето мислење.
Скоро сите херои во повеќето време од борбата бегале и се криеле од режимот. Пример Гоце Делче, Питу Гули, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Никола Груевски...
Сите правеле нешто забрането од тогашниот режим, убивале, краделе пари за револуцијата, киднапирале луѓе и барале откуп/Мис Стон/. Сето тоа по денешен аршин е забрането од системот, но ако системот е ропство, окупација, хунта, по природно право сето тоа е дозволено и се вика револуционери, бунтовници.
Сите источно европски политичари од 1990г. до денеска се инволвирани во некаков криминал, проблемот е фашизмот, селективно правосудство за тие што се против режимот. Пример за Јункер, Меркел не подигаш обвинение, а за антифашистите Љо Пен, Груевски, Сноудон, Асанџ, дури и Трамп да, или ако е обратниот случај вадиш криминалец од затвор, носиш аболиција и го ставаш премиер.
Не викам дека не крадел Грујо, но проблемот е глобален, селективен прогон на несогласните со ЕУ фашизмот.
Орбан е против Сорос, дел од вистинските патриоти во ЕУ, има муда да се бори против ЕУ, решил дека треба да помогне на репресирани политичари од хунтата во Македонија и го направил.
Перспективно доста медиен глас ќе се даде на светот за Македонија, ќе излезат многу факти за теророт во Македонија, тоа му е и една од целите.
Фала ти Боже што симна од небеса и не просветли! Прости ни шо не препознавме дека еден клептомански патор бил реинкарнација на Александар Трети.


Абе некаде се дели многу јака дрога, а никој не ми кажува...
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.344
Поени од реакции
4.677
200 илјади евра извадил од сметки, СЈО/ судот не му ги замрзнаа, шо мислеа?

Дека ги извадил за да ја реновира Шутка?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Не е тешко да се замисли, прашање е чуму му е тоа?
За некоја година овде ЕУ, поверојатно ммф, ќе стави ополномошник кој ќе ги потпишува ратите од кредитот за пензии.
Ти би се вратил за премиер во земја во која нема што да се украде?
За крадење секогаш ќе има извори...
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.161
Поени од реакции
5.940
...ако се нерелевантни податоци за попис, тогаш која е целта на пописот СЕГА ( дури од 2002 год, па сега)
пред турбулентното донесување на закон за двојазичност ? :zloo:
и како ќе се одреди на пример колку роми, турци има кога сите го зборуваат албанскиот јазик и него ќе го пријават? а и „торбешите“ може им е мајчин македонскиот јазик, ама го зборуваат и албанскиот јазик, може порано НЕ, но денес ДА - да на крај испадне дека (според тебе само опција кој јазик се зборува дома и кој е мајчин јазик) има само албанци и наместо да се покаже реалниот процент што прашање дали воопшто се застапени со 15 % во моментов во МКД ќе испадне дека се 30 % и повеќе, :facepalm:
или според податоците од пописот од 2002 година :
Македонци 1,297,981 или 64.18%.
Албанци 506,083 или 25.17%
Турци 77,959 или 3.85%
Роми 53,879 или 2.66%
п.с.
...и во штала попис да се прави ќе се каже колку крави, колку кокошки, колку коњи, колку мисири, а не само дека се има дваесет животни и толку! :D
Поентата на попис во нормални држави е да се види возрасна распределеност на населението, и до некаде половата. За да се знае отприлика каде треба да се изградат повеќе градинки и училишта, а каде треба да се затворат некои заради недоволен број деца. Дури и побитно - да се види работоспособно население и сооднос помеѓу нив и пензионерите во државата (најчесто луѓе над 65 години).

Мајчин јазик до некаде можам да разберам, за да се знае во училишта колку деца би учеле на одреден јазик. Но етничка и верска припадност е тотално небитно затоа што е 21 век. Наместо да се трошат пари на глупости (религиски објекти) што биле значајни во 15 век, треба да се фокусираме на иднината.

Но ова е во нормални држави... Македонија не е таква.

А ти пошто си кокошка - слободно кажи им на тие да не те бројат во луѓето што живеат во Македонија.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Кој скопски бе? Рада Ш е скопски. До кога со тие глупи муабети?

Не е битно чоек дали е Муртино, Ѓорче, Валандово. Ако има таков партиски мајндсет - тури му пепел. Сдс и дпне се пуни багра у себе, неизживеани копуци. Од тие треба да се отарасаат.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
200 илјади евра извадил од сметки, СЈО/ судот не му ги замрзнаа, шо мислеа?

Дека ги извадил за да ја реновира Шутка?
Па за печалба се спремал чоекот. Да му се најдат за по пат ги извадил дур се снајде во новата земја...:toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.491
Поени од реакции
18.517
Доста членови на форумов нема да се согласат со моето мислење.
Скоро сите херои во повеќето време од борбата бегале и се криеле од режимот. Пример Гоце Делче, Питу Гули, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Никола Груевски...
Сите правеле нешто забрането од тогашниот режим, убивале, краделе пари за револуцијата, киднапирале луѓе и барале откуп/Мис Стон/. Сето тоа по денешен аршин е забрането од системот, но ако системот е ропство, окупација, хунта, по природно право сето тоа е дозволено и се вика револуционери, бунтовници.
Сите источно европски политичари од 1990г. до денеска се инволвирани во некаков криминал, проблемот е фашизмот, селективно правосудство за тие што се против режимот. Пример за Јункер, Меркел не подигаш обвинение, а за антифашистите Љо Пен, Груевски, Сноудон, Асанџ, дури и Трамп да, или ако е обратниот случај вадиш криминалец од затвор, носиш аболиција и го ставаш премиер.
Не викам дека не крадел Грујо, но проблемот е глобален, селективен прогон на несогласните со ЕУ фашизмот.
Орбан е против Сорос, дел од вистинските патриоти во ЕУ, има муда да се бори против ЕУ, решил дека треба да помогне на репресирани политичари од хунтата во Македонија и го направил.
Перспективно доста медиен глас ќе се даде на светот за Македонија, ќе излезат многу факти за теророт во Македонија, тоа му е и една од целите.
Ваков пост не можи да помини само со лајк, морам да го украдам и да го шернам и јас :)
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
582
Поени од реакции
1.363
Не се согласувам.
Сега се на власт. Тоа е неспособност?...а имаа очаен, катастрофален рејтинг пред изборите 2016-та.

Сега хараат, крадат, местат тендери, вработуваат свои. Тоа е неспособност? За праење држава да - ги боли стапот за тоа, ама за себе, па и не се баш неспособни.

Еве сега, братучедот СМ, упорно не го приведуваат, свесно, намерно....вие мислете си дека е неспособност, ама свесни се дека сега паторот и братучед му се на култно ниво, идоли на ретардираните вморони и кога тогаш, триумфално ќе се вратат во Северна, откако и братучедот ќе избега нели, за некој месец, ќе го видиме и тоа. Кога ќе се вратат на власт, оваа банда ќе си праи вакви спектакуларни бегства, а на дпне тогаш ќе му праат вакви мемиња.
Ни дпне, ни сдс не се неспособни, туку народов е глуп и наивен.
Љубчо не ги уапси БЦ.
БЦ не го уапси Љубчо после.
После паторот не го уапси бучко, изглуми со муртинецот, па после ни ги отече ташаците дека е аболициран криминалец, свесно носејќи ја работата во ќорсокак за да биде: "еве јас све напраив да го уапсам, ама системов не чини". Така и сега муртињо "се' напраи (жими тасе), ама системов го пушти паторот" - жити све!?.....евтин, лош театар и глупа, ретардирана публика.
Чавка на чавка очи не и колва.

Овој криминален ланец требаше освестен народ да го прекине со влегување во институциите, ама не крсто мукоски кречачот да им отвори врата и бетмен со тендерите да глуми Че, туку да влезе бесен и да летаат глави на сите страни. Вака "со пенкало" самите им дадовме легитиметет за уште една "транзиција". Теоријата дека почеток на пристапни преговори значи воведување ред не може да биде попогрешна, напротив, на располагање се повеќе пари, европски фондови, на кои поединци крв ќе се напраат од крадење. Ќе биде после "абе ви дадовме пари за фабрика, а фабриката ја нема...и Анѓушев го нема". Допрва ќе следи лоповлукот.

Не се тие неспособни туку ова е народ - овца.
Ќе се обидам да објаснам во неколку точки за полесна организација на мислата.

1. Македонците ретко се бунтуваат во споредба со други народи. Илинденското востание беше предвреме и иницирано од елементи од Бугарија. Во втората светска војна се дигнавме последни во југославенските простори. За време на СФРЈ од Македонија речиси да немаше комунистички дисиденти. Немаше и некоја голема антикомунистичка емиграција (а имаше голема дијаспора). Хрватски и српски емигранти вршеа атентати на амбасадори, киднапирање на авиони и други терористички акцији. Ништо од тоа кај нас. Во 1968 имаше револуција во Чешкословачка и огромни студентски протести во цела западна Европа кои се проширија во Белград, Загреб и Љубљана. Од Скопје во тоа време судентите праќаа телеграма на подршка до Тито. Во осумдесетите имаше големи националистички и генерални антикомунистички превирање, Југославија се распаѓаше. Немаше такви работи кај нас. Ни криви ни должни, го преживеавме тој распад со независна држава со сплет на околности.

2. Народот сам по себе многу ретко менува нешто. Победата речиси секогаш била на страна на тие што соработуваат подобро меѓу себе, подобра организација. Дисциплинирана војска лесно победува неорганизирана орда, обединета елита доминира над неорганизираните маси. Кога револуцијата во Русија пламна во 1917 тоа не се случи затоа што 180 милиони селани и работници се побунија против царот. Во тоа време, Комунистичката партија имаше само 27,000 членови во споредба со 3 милиони припадници на средна и висока класа. Но заради високата организираност, шака болшевици се имаат ставено на вистински места во вистинско време и после е историја. Та така и во Македонија за да се случи некоја промена треба добра организација, не мора да е голема, а масата е само алатка за промена.

3. Конкретно оваа власт е неспособна затоа што не е дојдена на власт по сопствени заслуги. Едноставно се работи за насаден, октроиран режим. Претходните барем правеа Потемкинови села, овие ни тоа не можат, неспособност смрде на сите страни.

4. Зошто се случуваат работите кој ги наведе - крадење, местење итн. Затоа што ако ставиш просечен Македонец на власт тоа ќе го добиеш. Власта е рефлексија на нашето општество. Како што и општеството е рефлексија на власта. Кокошка и јајце проблем. Просечен Македонец секогаш ќе гледа да фати врски за да се заврши нешто побрзо. Ако може да направи услуга на пријател или роднина така што ќе вработи некој нивен, се разбира дека ќе го направи тоа. После тие луѓе тебе ти должат, па кога ќе затребе ако можат и тие ќе помогнат итн. Овие на власта се се тоа, само на стереоиди, власта корумпира, апсолутна власт корумпира апсолутно. За да имаш нормална држава треба да имаш општество со интегритет и доблесна структура. Кои работи се дозволиви, кои не се , а кои не се под никој случај. Кои доблести се негуваат во Македонија? Речиси е срамота да бидеш чесен човек. Дури и централниот симбол и наратив околу кои ние како народ сме организирани ( а на сите народи се потребни симболи и наративи за да постојат) - името е на распродажба. Дали оние 7-8 пратеника кои гласаа за промена на устав ќе бидата нешто остракизирани во општеството за година дена? Не верувам.

Имаме нефунционално општество , следствено и нефункционална држава. Во историјата такви држави исчезнувале и биле голтани од други, поефикасни држави. Но бидејки сериозна војна во Европа немало од 1945 и постои механизам да се спречи промени на граници и да се одржава стабилност, постоиме како држава во полу-коматизирана состојба. За да се разбудиш, или промената ќе дојде од долу - приоритети на општеството ќе се менуваат, или од горе - шака визионери нагло ќе ја смени насоката на општеството. Првото е ужасно бавен процес, второто е ризичен процес. На секој Ли Куан Ју или Ататурк има барем десет Сталина, Иди Амин итн.
 
Последно уредено:

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.645
Поени од реакции
22.376
Смејте се на изјавата дека бил киднапиран Грујо и мудрете уште неколку дена. Во меѓувреме Зајо и компанија ќе изменат све живо и диво. Ова е тактика и пренасочивање на фокусот од критичните теми.

Gesendet von meinem SM-G930F mit Tapatalk
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Кој скопски бе? Рада Ш е скопски. До кога со тие глупи муабети?

Не е битно чоек дали е Муртино, Ѓорче, Валандово. Ако има таков партиски мајндсет - тури му пепел. Сдс и дпне се пуни багра у себе, неизживеани копуци. Од тие треба да се отарасаат.
Не му беше тоа поентата повеќе од сигурно, сигурно не се однесува на скопјанишча vs провинцијалци, поентата е борба за превласт изразена во раководни функции низ вукојебинава и преку нив испумпување буџетски средства.
Тоа е целта во меѓусебната внатрепартиска клановска војна во СДС, додека ДПСМНЕ беа монолитни по тоа прашање, братучедите беа а ништо чудно и сеуште да се неприкосновени еминенции таму. Пошто се покажа тој модел на братучедите доста ефикасен сеа овие одат дословно да го копираат. Прво да се пресметаат меѓусебно :D

Некој изглеа апла го мести Оливер Спасовски за оставка, пошто едино тој од највисокото раководство на СДС нема јаки пиздарии позади себе и им руши просек, регресија кон средна вредност :LOL:. А некако не им е зауздан ни на едните ни на другите. Факт е дека министерството за удбашки работи на Северна Македонија е важна алатка за секоја власт кај нас, тоа ти е современ Гестапо по начин на функционирање, само али експрес неквалитетна верзија :icon_lol:


хахахахахахаха киднапиран бил!!!!! Филмов се претвора од политички трилер во комедија.
Кој знае колку силен отпор има пружено при киднапирањето :icon_lol:

Има викано на цел глас: оставете ме да лежам зандана за мајка Македонија осуден на правина :pos:

 
Последно уредено:
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Бидејќи ако ги немаше овие дефокусирачки сајтови,вести,информаци Македонците ќе ги преплавеа улиците со гнев,и ќе ставеа крај на ова лудило.:pos:

Инаку дали се оди на карта бркото да не биде ставена у затвор,бидејќи зачести со интервјуа,гостување,изјави на 1ТВ?(и малце ми е чудно)
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
За крадење секогаш ќе има извори...
Баш така, слезе Мурто за да ја јавне магарицата Македонија сега Курто...

Пишувањата на „Лидер” се потврдија: 22 милиони од РЕК без тендер за фирмата „на Вицeто“

Пишувањата на „Економски Лидер” на 4 октомври оваа година, за огромен скандал на повидок поврзан со трошењето на државни пари во РЕК Битола, денеска се потврдија.

Тогаш објавивме дека АД ЕЛЕМ, во ист ден, на РЕК Битола му дале согласност за две идентични набавки за услугата „техничко чистење на ПЕ Рудници“. Скандалозно тука е тоа што едната набавка ќе биде отворена преку јавен тендер кој е објавен јавно на сајтот за јавни набавки, а втората ќе биде спроведена во четири очи со компании. Главнината на понудата за набавката во четири очи е вредна 18 милиони денари, а како што дознавме, неа ќе ја добие компанијата „СВ Инвест“ која е поврзувана со името на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.

Овој наш сомнеж се потврди денеска, кога на страницата на јавни набавки е објавен Договорот за склучена јавна набавка помеѓу АД ЕЛЕМ – Подружница РЕК Битола и СВ Инвест ДООЕЛ Битола. Договорот е склучен со цел ангажирање на помошна механизација за потребите на рударска оператива во ПЕ Рудници, РЕК Битола, за услуги за одржување и поправка.



Договорот за набавката е склучен вчера, а според податоците добиени биле само две понуди, со критериум најниска цена.


Вредноста на Договорот изнесува со ДДВ 22.833.000 денари. Лидер претходно го објави износот на главнината на Договорот која изнесува 18 милиони денари без ДДВ.



Инаку компанијата „СВ Инвест“ се поврзува со името на Вице Заев, е управувана од Стојан Чифлигароски.



Претходно, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на прес конференција откри дека камиони од струмичка компанија во сопственост на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, со налепници токму од битолската компанија „СВ Инвест”, се ангажирани за превоз на јаглен во РЕК Битола.



Договорот за јавната набавка може да го погледенте на следниот линк:www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/e56147dd-101f-4990-9e03-5e8d059a1d73

Текстот кој поретходно го објави Лидер, прочитајте го на следниот линк: „СВ Инвест „на Вицeто“ ќе добие 18 милиони од РЕК без тендер?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom