Еве тука. Сепак дискутабилниот дел е тој со греењето и колку ефект ќе има. Со оглед на тоа што и самата клима е малку пониско ефикасна. Така да сосем е возможно да е сличен ефектот на месечно ниво со хиперинвертер за ладење, а да е повисока за греење.
А за ладење имам мерено за кај мене пуштена 24 часа цело лето навечер на 26Ц, а преку ден на 24Ц и тоа и кога бев на одмор не ја изгасив за да си тера и спратот да си е таманка.
За 4172часа или 173 дена или 5,7 месеци ладење комплет се на се е потрошено 437KW, по 6 денари киловат еве да речеме дека повеќе било во скапа тарифа тоа се 2670 денари. Комплет цело возможно лето опфатено. Климата не ја гасам, од ладење, ја префрлам на греење кога ќе треба.
А со оглед на тоа што хансолот има послаб пдизајн и послаб скоп и општо е доста послаба клима, мислам дека ефектот тие 2670 денари за цело лето ќе се минимално намалени, а се комплицира монтажата, и слично. А може и да е повисока цената на греење во споредба со FH35VE со оглед на фантастичниот COP што го има FH на сите температури.