и уште нешто,за LG kлимите има овде лоши коментари.но ќе потсетам дека се купени од МК.
јас мојата ја купив од ГР,произведена во Кина,знаат овде некој членови и сум пишал претходно.
кога мојава клима ќе постигне пример 22 (зборам за греење),тогаш ја спушта перката ,односно ја затвара но остава 1-2 цм отвор и само вентилаторот од внатрешната дува на најслабо.(послабо од првата брзина)
чисто да си ја провери низ сензорот температурата на воздухот што е внатре.
надворешната е исклучена.тогаш троши 12-13 вати,од тие 5вати е за трафото кое троши во мирување.
според мене ок е и логички.
воздухот или струењето воопшто не приметува,не пречи.
потоа кога ќе примети дека има намалување се уклучува компресорот-надворешната и до 500-600 вати за да за кратко време спушти до 280 вати и така одржава подолго време.
кога со тие 280 вати ќе ја постигне температурата пак се исклучува надворешната и останува само дувањето на внатрешната со најслаба циркулација со спуштена перка 1-2цм отвор. циклусот се повторува
значи оваа модулација според мене е супер.
друго што сум приметил,да споделам:
кога ладна просторијата ,климата троши 1650 вати максимум и тука копресорот работи со најголема снага и фрекфенција.
тогаш најпаметно е да се пушти опцијата JET,со најсилно дување на фанот во внатрешната и да загрее брзо
како што се приближува до посгинатата темепартура,така намалува потрошувачката ..
чисто да потсетам
има двореден надворешен изменувач,има 970 грама фреон,добро изолиран компресор(имав ставано слики кога ја отворив цела клима),не сум сигурен дали има ЕЕВ или капилара.сега за сега не ми е важно
после 1 година користење,што се однесува до мене ЛГ климава е ОК.
вакви информации треба да пишувате и да споделувате а не расправања и инаетења.
нека секој проба да ја опише работа на неговата клима,што приметил ,кога,како...само така ќе научиме нешто и ќе има добра дискусија со почитување меѓусебе.
Поздрав Марјан