Bundesliga

  • Креатор на темата Креатор на темата aleksandar09
  • Време на започнување Време на започнување
Овај е тој Дортмунд шо е страв и трепет оваа сезона ??? Па полош перформанс од екипа немам видено досега од кога пратам фудбал, освен шансата на Ројс кога излезе сам со голманот ништо не направија, Баерн изгледаат како десет класи да се подобри од нив.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Не се осеќаш малце глупо сега?
 
Добро, од вчера ли гледаш фудбал? Како бе вака носите заклучоци, никад нема да разберам.. Баерн утакмицава се екстра мотивирани, заостануваат у бундес и сеа дортмунд одеднаш трагедија биле. Па ако е така треба да се запалиш пошто 4 ги јадевте на овој ист стадион. Не ве разбирам мајке ми..

Не гледам прв пат фудбал, и ако го гледаше првото полувреме ќе сватиш шо ми беше муабетот, буквално стоеа на терен Дортмунд, никаква жар за игра, идеја немаа шо да прават, за среќа се оправија во второ полувреме и ме демантираа веднаш.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не се осеќаш малце глупо сега?

Ај уште некој нека ми коментира на постот и можи ќе се осетам [emoji16] Пишав погоре шо како, мака ми е да се објаснувам.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не гледам прв пат фудбал, и ако го гледаше првото полувреме ќе сватиш шо ми беше муабетот, буквално стоеа на терен Дортмунд, никаква жар за игра, идеја немаа шо да прават, за среќа се оправија во второ полувреме и ме демантираа веднаш.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Толку разбираш фудбал..Дортмунд не стоеа првото полувреме туку Баерн Минхен изиграа јак пресинг и ги добија сите 50-50 дуели па затоа ти делуваа дека Дортмунд стоеа..напротив имаа неколку контри и обиди за контри но играчите на Баерн вообичаено поискусни лесно ги решаваа тие ситуации.

Второто полувреме очекувано беше дека ќе паднат физички па затоа Дортмунд имаа повеќе простор за контри и комбинации и од таму дојдоа двете сто постотни шанси на Ројс и Алкасер каде изреагираа како аматери,па потоа се извадија со два велемајсторски гола.

Заклучок...Ковач лошо ја изменаџира екипата и е директен виновник за денешниот пораз.
 
Ау каков меч!!!

Доминација на Баерн во прво и тотал пад во второ.
Дортмунд како да беа на ракетен погон во вториот дел. Од кога излезе Гетце а влезе Пако како да заигра друг тим.
Каков тим има Борусија, ако успее да го задржи ќе гази во Европа. Одбраната не им е нешто екстра ама затоа средината и нападот се фантазија.
Витсел царува на средина, Санчо (откако се ослободи од притисокот) ги правеше смешни дефанзивците на Баерн, каков играч ќе биде овој, има баш се, брзина, техника, прегледност, се.
Ројс класика и Пако таман како класична 9-ка.
Заслужена победа. Ако се додаде дека имаа и 3 зицери (2 Ројс и еден Пако) тогаш можеше да биде уште поубедлива победата.

Што да се каже за Баерн. После доминантното прво полувреме целосно потонаа во второ.
Според мене ниту Ковач, ниту свети Ковач не може да ги оправи.
Потребен е ремонт на 80% од екипата.
Одбраната :pos::pos::pos:
Хумелс беше заменет поради мизерната игра а да не бркаа резултат ќе требаше истото да се направи и со Боатенг.
Од овој состав само Ноер, Кимих, Рибери и Левандовски вредат нешто. Другото е за старо железо.
Левандовски е класа играч. Секоја шанса ја претвора во гол, нема промашување.
Иако и двата поништени гола беа исправна одлука.

Сега Борусија му бега на Баерн 7 бода, не дека се недостижни ама Баерн ќе треба многу да се помачи.
Иако мислам дека го знаат рецептот. Купи ги најдобрите играчи од Дортминд и ем ќе го ослабеш директниот конкурент ем ти ќе се засилиш :icon_lol:
 
Од овој состав само Ноер, Кимих, Рибери и Левандовски вредат нешто.

Рибери е дно последниве година-две... колку побрзо се ослободат од него, толку подобро за тимот
 
Не гледам прв пат фудбал, и ако го гледаше првото полувреме ќе сватиш шо ми беше муабетот, буквално стоеа на терен Дортмунд, никаква жар за игра, идеја немаа шо да прават, за среќа се оправија во второ полувреме и ме демантираа веднаш.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Па очигледно е дека не разбираш фудбал, пошто носиш заклучок од едно изгледано полувреме, и притоа без да ги земеш предвид сите околности во врска со дербито. И дај заеби, ме тераш да сум шовинист иако сум женски пол, имај малце усул коа треба да се повлечеш, ова најдобронамерно..
 
Толку разбираш фудбал..Дортмунд не стоеа првото полувреме туку Баерн Минхен изиграа јак пресинг и ги добија сите 50-50 дуели па затоа ти делуваа дека Дортмунд стоеа..напротив имаа неколку контри и обиди за контри но играчите на Баерн вообичаено поискусни лесно ги решаваа тие ситуации.

Второто полувреме очекувано беше дека ќе паднат физички па затоа Дортмунд имаа повеќе простор за контри и комбинации и од таму дојдоа двете сто постотни шанси на Ројс и Алкасер каде изреагираа како аматери,па потоа се извадија со два велемајсторски гола.

Заклучок...Ковач лошо ја изменаџира екипата и е директен виновник за денешниот пораз.

Хахахаха извини ти експерту ти повеќе разбираш.
Бај д веј благодарение на воскреснувањето на Дортмунд во второ полувреме мене ме направија побогата за 100 евричи (читај ја твојата омилена тема)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Па очигледно е дека не разбираш фудбал, пошто носиш заклучок од едно изгледано полувреме, и притоа без да ги земеш предвид сите околности во врска со дербито. И дај заеби, ме тераш да сум шовинист иако сум женски пол, имај малце усул коа треба да се повлечеш, ова најдобронамерно..

Значи коментарот беше даден после првото полувреме, значи пишав дека Баерн ги издоминира прво полувреме не знам шо се напаливте толку. Ете ме демантираа грешно ги проценив, сега таман е ?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom