Еразмус+ водич, прашања и одговори

Дали сте биле на Еразмус+ размена и дали ја оценувате како позитивно искуство?

  • Да, сум бил/а и искуството ми е позитивно.

    Гласови: 13 38,2%
  • Да, сум бил/а и искуството ми е негативно

    Гласови: 2 5,9%
  • Не сум бил/а на размена, но би сакал/а да одам.

    Гласови: 15 44,1%
  • Не сум бил/а на размена и не би сакал/а да одам.

    Гласови: 4 11,8%

  • Вкупно гласачи
    34

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Дечки случајно да не постои некаква листа или база кај што може да се пребаруваат соработки меѓу факултети?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.078

Mislam deka ne postoi takva baza. Sekoj fakultet ima svoja lista so koi fakulteti sorabotuva i mozes da ja najdes na nivniot website.
 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Некој од Економски да бил на размена на семестар, да ми пише порака?
 
Член од
18 септември 2012
Мислења
71
Поени од реакции
6
Здраво дечки јас ќе одам на размена во Словенија оваа година и треба да аплицирам за Виза Д.Па ме интересира каков е тој документ што треба да го приложам како доказ за сместување ? (нешто како официјален договор меѓу мене и газдата на станот заведен со потпис или ?)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440

Да, обично е тоа договор за станување или како и да се нарекува во Словенија, заверен на нотар или потпишан од тебе и газдата кај некој батка сличен на нотар кај нас и во оригинал го носиш во полиција или амбасада. Ако си во студентски, си имаат темплејт тие сигурно, полесно ќе си поминеш :D
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.322
Поени од реакции
4.605
Ako ima nekoj za u Split letniov semestar, neka se kazuva, da go uvedam u dalmatinskiot zivot :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Дечки вчера се вратив од Тирана, присуствував на првото генерално собрание на Western Balkans Alumni Association (WBAA), организација наменета за студентите и професорите од 6-те* земји на Западен Балкан кои оствариле мобилност преку било која од Еразмус+ програмите (обична мобилност, Еразмус Мундус, Марија Кири итн.).

Basically, се работи за доста сериозна организација, која е под капата на ЕУ и директно одговара пред Европската Комисија. Задолжена е за промоција и развој на Еразмус програмата на нашиве простори, како и за реализирање на најразлични проекти, се разбира сето финансирано од ЕУ. Официјално започна со работа лани, имавме викенд митинг во Охрид (како и многу други состаноци во Брисел, Подгорица итн. на кои јас не присуствував), а после собранието што се одржа викендов, се започнува со вистинската работа за која што е формирана.

Го пишувам постов со цел да информирам тие што не се членови, тие што пропуштиле да станат членови, како и идните потенцијални членови што допрва треба да заминат или да го довршат својот Еразмус престој. Апликацијата за членство е постојано отворена и кон неа можете да пристапите на следното линкче: https://www.western-balkans-alumni.eu/membership/
Како членови имате право да учествувате во активностите, да поднесете предлог-проект, за кој доколку е одобрен ќе добиете финансиска и логистичка поддршка (грантови од 1500, 5000 и 10000 евра), да членувате во бордот и во тимовите, како и да одлучувате за работата на самата асоцијација.

Звучи ептен Топ-Шоповски сето ова, свесен сум, али нема никаква врска тоа, не е реклама или промоција, ниту пак добивам процент или реферал за секој нов член :D. Самата организација не е ништо налик студентските парламенти и Бест-мест такви организации (ниту налик МЛМ сектите со енерџајзерите, рол-коловите и слично, нема такви срања:D), доста е посериозно и полеџит (пример членовите на бордот во Јуни во Белград ќе имаат состанок со министрите за образование од сите шест земји и со претставници од ЕУ и ќе се разговара за имплементација и финансирање на конкретни работи). Со зачленување добивате многу; иако сета работа е на волонтерска база, се што треба, чак и повеќе од тоа (5 star hotels :icon_lol:), е финансирано од ЕУ, а да не зборувам за конкретното искуство и контактите што се стекнуваат доколку сте повеќе ангажирани во работата. Се е организирано на највисоко можно ниво. Нормално, слободно прашајте се што ве интересира, разгледајте ја веб-страната и се разбира регистрирајте се за да се дружиме, заедно да прошетаме и секако, да сработиме нешто што ќе има позитивен импакт :D.
 
Poznavam edna crnogorka sho odamna ide na WBAA.
I kako gi odbiraat tie sho shetaat po 5 star hotels? Site proekti pisuvaat? :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Poznavam edna crnogorka sho odamna ide na WBAA.
I kako gi odbiraat tie sho shetaat po 5 star hotels? Site proekti pisuvaat? :D
Епа ваљда таа е во бордот моментално, чим е одамна вклучена :D

Прво, за хотелите :icon_lol:. Еднаш годишно има генерален собир наменет за сите членови, лани беше Охрид, годинава Тирана, а в година ваљда ќе е во Приштина. Сите членови имаат право да аплицираат и да бидат избрани да присуствуваат. Шансите да не дојдеш се минорни. Лани во Охрид бевме околу 300 (пошто имаше покането премногу не-членови, т.е. министри, дипломати, универзитети, национални агенции...), годинава околу 150. Доста од членовите поради обврски и работа не можат воопшто да присуствуваат, година половина борд беше или отсутен или само виртуелно вклучен, така да секој кој има мотивација и може да присуствува реално е да присуствува. Исто така преку годината има неколку мали собири во Брисел со ЕК (најчесто бордот и претседателите на тимовите или нивни замени доколку тие не можат), состаноци на различните тимови во организацијата, како и национални состаноци, така да во зависност од твојата активност можеш да присуствуваш на еден собир, оној генералниот, или пак можеш буквално секаде да појдеш.

Наскоро треба да биде објавен отворен повик за проекти, на кој што можат да аплицираат сите членови. Досега имаше пилот-период каде бордот склопи неколку проекти кои треба за брзо да се реализираат, но после Тирана проектите стануваат достапни за сите. Според тоа што го видовме, постапката е доста полесна од онаа генералната Еразмус која важи за сите, а инструкции, темплејти, формулари, се тоа ќе биде достапно. Се аплицира за мали (1500 евра), средни (5000 евра) и големи проекти (10 000 евра), со тоа што големите проекти мора да бидат регионални, односно да ги вклучат сите земји членки. Може на секој начин да се аплицира, дали индивидуално, дали групно, дали цел национален чаптер. Се разбира, ќе има систем на бодување на апликациите и нема сите да можат да бидат финансирани во тековната година.

А, да, наскоро ќе биде пуштена во употреба и специјална социјална мрежа, отворена само за членовите, некој микс помеѓу ФБ и Линкедин, што ќе овозможи многу лесна и брза комуникација, како за состаноци, така и за проекти.
 
Член од
22 август 2018
Мислења
196
Поени од реакции
81
Здраво, имам завршено прва година, сега ќе запишувам втора. Сакав 4ти семестар да одам на еразмус во Бугарија. Дали и кога може да се аплицира?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Здраво, имам завршено прва година, сега ќе запишувам втора. Сакав 4ти семестар да одам на еразмус во Бугарија. Дали и кога може да се аплицира?
Аплицирањето за летен семестар завршува отприлика сега, така да провери си со твојот и во странскиот универзитет дали сеуште имаш можност, али мислам дека ќе е можеби касно ако ја почнуваш од 0 постапката.
 
Член од
22 август 2018
Мислења
196
Поени од реакции
81
Аплицирањето за летен семестар завршува отприлика сега, така да провери си со твојот и во странскиот универзитет дали сеуште имаш можност, али мислам дека ќе е можеби касно ако ја почнуваш од 0 постапката.
Ќе прашам.. Мислев дека се аплицира Октомври/Ноември.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.078
3 semestri pominato mislam e uslovot, a za da ides zimava mislam uste ima sansi, prasaj koordinator.
 
Член од
2 октомври 2021
Мислења
173
Поени од реакции
135
Zdravo, dali e dobra ideја da se аплицира за erasmus vo prvata godina na fakultet? Ili sepak e porazmuno da se poceka
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Zdravo, dali e dobra ideја da se аплицира за erasmus vo prvata godina na fakultet? Ili sepak e porazmuno da se poceka
Јас мислам дека не ни можеш да аплицираш во првата година. Мислам дека од втора натаму ќе можеш да аплицираш, ама сепак, провери си на факс, можеби е поинаку.
А доколку може, јас би почекала барем до втора... остави време малку да се навикнеш на новата средина иобврски.. па потоа и на други авантури. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom