Шо титула освои Мекларен? ??????????????
Грешка, пардон...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Шо титула освои Мекларен? ??????????????
Повеќе рекорди на Шумахер се срушени. Како пол позиции, победи со пол позиции, стартови од првиот ред, последователни трки со освоен бод, пол позиции на 24 различни гранд при, победи на 23 различни гранд при, најмногу подиуми во една сезона, последователни трки без откажување. За 3 сезони ќе биде срушен и бројот на победи и бројот на титули и подиуми...Создадоа тешка машинерија Мерцедес од болид до шофер како Луис. Бидат ли слично конкурентни уште две сезони, може да се стигнат и најневозможните рекорди на Шумахер. Ќе видиме после 2020та што ќе се смени во спортов, наредна сезона очекувам и Ред Бул да се поконкурентни, може да има многу интересна борба. Верстапен почнува да созрева, ќе биде само појак понатака.
Повеќе рекорди на Шумахер се срушени. Како пол позиции, победи со пол позиции, стартови од првиот ред, последователни трки со освоен бод, пол позиции на 24 различни гранд при, победи на 23 различни гранд при, најмногу подиуми во една сезона, последователни трки без откажување. За 3 сезони ќе биде срушен и бројот на победи и бројот на титули и подиуми...
Што немаа да го стигнат бе???И многу правила се сменија во Ф1 откако тој ја напушти. А да останеа правилата како што беа кога беше и тој во трките, никад немаа да го стигнат.
Што немаа да го стигнат бе???
Се виде да!!!
Каков возач се покажа Шуми во периодот од 2010 до 2012 година откако дојдоа Фетел и Хамилтон ??? Највисок успех третото место, во 58 трки...
Тој беше како тренинг за нив. Си играа го дупеа како што сакаат... Го престигнуваа по еден цел круг некојпат и по два круга... Тој беше за нив како што беа да речиме Јос Верстапен од Ероуз и Џони Херберт од Јагуар и Џенсон Батон од БМВ Вилијамс во негово време!!!
Можеше Шуми да ги дупит генерациите од неговото време. Но не можеше да ги дупит на сегашниве... И затоа се повлече... А да се погодеа такви неконкурентни како од неговото време ќе останеше барем уште 2-3 сезони...
А сите светски спортски медиуми во 2010 шпекулираа дека Шуми може да ја освои осмата круна...
Па дури и Шуми поседувал несомнени квалитети да оди и до 10-та круна...
Па дури и Норберт Хауг спортскиот директор на Мерцедес ќе му потпишел доживотен договор... Оф леле...
Ajде бе! Сакаш да кажеш лош беше болидот на Мерцедес ГП од 2010-2012 година.Да бе, а Шуми во Ферари да не возеше случајно па да го дупат кои стигнат. Шуми го возеше најлошиот болид тогаш во Ф1.
Ajде бе! Сакаш да кажеш лош беше болидот на Мерцедес ГП од 2010-2012 година.
Ако е лош болидот за едниот ќе е лош и за клубскиот колега.
Нико Розберг во сите 3 сезони беше пред него. Првата сезона 2010 со скоро дупло повеќе поени... А истиот болид го имаше. Успеваше да се искачува неколкупати на подиумот, да направи една две победи по некоја пол позиција, а Шумахер ништо од тоа...
Не можи во исти тим болидот за едниот да е лош, а за другиот супериорен...
Седнав ја гледав трката, Хакинен заврши втор на таа, Шумахер победи. После тоа почнав повеќе од брат ми да пратам и да се замарам. Одамна веќе не се замарам толку, иако редовно пратам.

