Бидејќи се изначитав на различни форуми и се изнаслушав на "рекла-казала" сврзано со темата, веќе не сум на јасно со процедуриве.
Имам поднесено документи со произход преку тетка (на мајка ми, сестра.На произходот не е наведено врз кој основ е добиен).Ми закажаа интервју после 1год и 1месец.Во меѓувреме татко ми доби бг.државјанство и на интервјуто ми побараа фотокопија од неговиот пасош и им доставив.Сакам да прашам сега ако има некој со слично изкуство , дали можат да ми направат проблем заради произходот и дали треба да вадам нов произход ( разбрав дека преку тетки,вујковци,братучеди одбивале). Дали има шанса да ме одбијат?
Инаку живеам повеќе од 3 год во Бугарија и имам лична карта - разрешение за постојано пребиваване и ЕГН.
Ви благодарам однапред и на сите посакувам успех!