Уште ова го немав прочитано.. Климата модулирала со 100вати. Па добро бе знаете ли што значи тоа 100 вати потрошувачка!!! Камен ладен воздух!!! На колку е тоа пуштено да модулира, 10степени?? Ќе навредам овај пат со извинување ама за ваков шизофреничен човек само забрана од интернет провајдерот и пристап до компјутер (за доброто на темата).
Дај бидете реални, еве кај мене на 24 степени работи како он офф и во 3 сати ми троши точно 10 денари (мерачот е наместен постојано на скапа струја). Ако е ладна собата тогаш одржува околу 500вати, но кога ќе загере гасни. Потоа на вклучување заради заштити е програмиран во првите три минути да оди до потрошувачка од 1500вати и потоа пополека да спушта, па во наредните две минути нема доволно време да спушти, сензорот на негова амбиентална покажува 26 степени и се исклучува. 5-6 минути се потребни за неговата амбиентална температура да падне под 24 степени и повторно да се вклучи.
Перките ми се наместени на горе и попријатно не сум се чувствувал до сега. Ем не дува на долу во нас, ем имам константна температура од 24.3 степени преку цел ден.
Кога модулираше со 500вати реално тоа е температура помала од човечкото тело и за мене не беше воопшто пријатна. Затоа и наместив перки на горе.
И да.. троши.. затоа што е уред што произведува топлина, затоа што не е уред што произведува струја и да враќа на ЕВН. Разберете веќе еднаш.
Мој добронамерен совет, да си купите клима што ќе ве грее на ладно, заебете ова што ве лажат дека ќе ви модулира со 100 вати со 200. Тоа е преладен воздух, нема шанса ниту една клима да може со 200 вати да одржува 24 степени, дури и на ова топло време, а камоли кога ќе залади. Дури и Тошиба од 80000 денари 3.5кв во 25м2 гасни на топлово иако е направена со прениска модулација.
Стварно ја серете темава со сите овие глупости, штедења, ниски модулации, луѓето купуваат слаби клими и мрзнат во зима. Се надевам ќе прекинете со лагите и глупостите!!!