Одлуката ќе беше добра ако беше донесена пред година дена, сега е само дополнително распаѓање. Плус, половична е. Сашо го исклучува, Никола не.
Александар честита криминална коалиција помеѓу Зоран, Вице и Сашо Мијалков. Ок, во чие владеење сите тројца се збогатија и добија моќ? Колку тежеа Зоран и Вице Заев до 2006та, колку во 2016та? И за Сашо истото? Како ќе се ослободат од тој багаж, кога човекот што беше премиер во цел тој период сеуште е почесен претседател?
Половичен и килав потег. Мицкоски се изгуби тотално од петок наваму, и се покажа дека исходот од референдумот му беше тотална среќна околност, не дека нешто тој добро се постави. Единствено добро што ќе му дојде од сето ова е што веќе народ нема да го перцепира за лигав и смотан, зошто го избра Сашо за противник, и ќе се палат идиоти. Ама колку куршуми си испука во нозе со истата одлука, ќе видиме како ќе продолжи да се движи.