Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Судството постои за да ги штити обичните граѓани. Тој шо има пари и има моќ, него не му треба судство. Не му треба заштита од никого, оти таа заштита може да си ја купи. Во една таква ситуација, правосудството ја губи смислата заради која е креирано. Ако обичниот граѓанин нема пристап до единствената институција создадена за, на прво место, да ги заштити неговите права и интереси, а секоја "голема риба" може да го замолчи само со закана за тужба, тогаш не можеме да зборуваме за здрав систем.

Уставните судии кај нас одлучија дека нелегален документ, донесен надвор од процедура, закон и смисла е во согласност со уставот. Тоа не е од вчера, а и нема да заврши брзо, ни со влез во некое си НАТО, ни со влез во ЕУ. Сепак, најсиромашниот човек може да го тужи бизнисменот кој посегнал по негово земјиште и му вршел притисок да му го продаде. Такви случаи знам и такви случаи тие обични граѓани неретко ги добиваат, оти таа "висока политика" не се меша многу во граѓанските спорови, а судските трошоци не се неразумни(иако се прилично високи). Надвор од памет е некој обичен граѓанин во ЈуЕсЕј да тужи за слично нешто некој како МекДоналдс.
Тоа е, нишката во разговорот.
Dali ti stotuku kaza deka za vreme Gvujovo obicen gragjanin mozese pravnoimotno da se spori so Kamcev i na krajot toj spor da go dobie?

Ili pak da tuzi na primer za toa sto ne dobil rabotno mesto na nekoj fakultet kade sto trebal da bide zaposlen a na negovo mesto na primer ja zaposlile kerkata ili sinot na Vanovska (lupam, ne znam dali voopsto ima deca) zenata koja bila kako kaza Goca denje nokje sprema da gi brani stavovite na familijata?

Ozbilen si?
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
582
Поени од реакции
1.363
Не си прочитал убаво. Вакви спорови има, за изгореници, душевни болки, пукнат нокт...оти се лукративни за адвокати, па адвокатите сами одат и им нудат на овие...жртви да тужат, за да делат парите. Ја пишував за имотни асиметрични спорови. Таков да потегнам ја овде можам секогаш и не ми треба шестцифрена сума, а во Америка морам да ставам се под хипотека оти никој адвокат нема да се согласи од милосрдие да ме застапува во спор у кој ќе ми се признае некое право (сопственост, владение, неотуѓивост на нешто), а нема да има значителна финансиска компензација.
Принципот е ист. Кога се суди голема компанија постои шанса за големи казни( и награда за адвокати) воколку се докаже на неетичко/незаконско однесување. Луѓето мислат дека Америка е поделена на естаблишмент и остатокот, но многу покомплицирано е од тоа. Имаш богати луѓе и фирми но тие не мораат да имаат исти интереси, под еден. Имаш конзервативни и либерални медији, тие би обожавале да најдат апла случај како ти го опишуваш. Адвокатот кој би застапувал таков случај најверојатно ќе биде политичар следната година. 99.99% од такви проблеми што ти ги опишуваш се завршува така што ке се договарат за одредена сума.[DOUBLEPOST=1539812910][/DOUBLEPOST]
Па... Ајде да видиме... Финските фирми каде имаат аутсорсирано фабрики? Како и сите други богати држави, во Кина... Во Кина какви се условите во фабриките? Да не зборам каде све не западните фирми експлоатираат природни богатствка и така натака....
Ако е Кина оштетена, нема да ги допушти тие фабрики. Имаш ли видено како изгледаат кинеските градови денес? Изгледаат помодерно и побогато од еден Њујорк. Еден куп Кинези што знам или се враќаат или мислат да се вратат таму, од Америка.

Само е речено дека светот и цивилизацијата не е мрдната од робовладетелството па до сега...
А дали и тогаш во античкиот Рим или Египет робовите си мрчеле по разни форуми користејки брз Интернет?
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
А дали и тогаш во античкиот Рим или Египет робовите си мрчеле по разни форуми користејки брз Интернет?
Не мрчеле де... Принципот на владеење е поинаков... Денеска имаш доброволно робство, каде во земјите од третиот свет, вклучувајќи не и нас, луѓето молат за да робуваат некаде.... А притоа немаат основни услови за живот..Здравствена заштита и така натака... Кога ќе видиш во античкиот Рим или Египет, робовите што ги имале робовладетелите, биле нивна сопственост, а како нивна сопственост верувам дека се грижеле за нив, да бидат здрави, најадени и силни за да им ги вршат работите. Во модерно време, работодавецот го боли стапот за робот... секогаш ќе му дојде нов...

А тоа што јас и ти куцкаме тука, е за да си мислиш дека си слободен.... Ебење у мозок се вика операцијата...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Dali ti stotuku kaza deka za vreme Gvujovo obicen gragjanin mozese pravnoimotno da se spori so Kamcev i na krajot toj spor da go dobie?

Ili pak da tuzi na primer za toa sto ne dobil rabotno mesto na nekoj fakultet kade sto trebal da bide zaposlen a na negovo mesto na primer ja zaposlile kerkata ili sinot na Vanovska (lupam, ne znam dali voopsto ima deca) zenata koja bila kako kaza Goca denje nokje sprema da gi brnai stavovite na familijata?

Ozbilen si?
За образование не спорам. За непотизам не спорам. Временски не ограничувам. Не викам дека секој може да добие таков спор. Ја зборувам само за тоа дека кај нас луѓе имаат полесен пристап до судовите. Викам дека споредбата со Америка е лоша споредба и во правосудството и во здравството. Таму обичниот граѓанин нема пристап до судот, ако не планира да банкротира. Таму обичниот граѓанин го фаќаат "на кондиција", со долги процеси го секнат и не може да продолжи да се тужи, па у најголем дел тие луѓе се повлекуваат и по дифолт го губат спорот, не ни стигнуваат до завршница. Кај нас не е така и со исклучок на одредени бели мечки кои шо можеш да ги најдеш сегде, барем постои шанса дека можеш да добиеш спор, а ризикот да го изгубиш не оди рака под рака со ризикот од целосен финансиски крах и завршување на улица.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не мрчеле де... Принципот на владеење е поинаков... Денеска имаш доброволно робство, каде во земјите од третиот свет, вклучувајќи не и нас, луѓето молат за да робуваат некаде.... А притоа немаат основни услови за живот..Здравствена заштита и така натака... Кога ќе видиш во античкиот Рим или Египет, робовите што ги имале робовладетелите, биле нивна сопственост, а како нивна сопственост верувам дека се грижеле за нив, да бидат здрави, најадени и силни за да им ги вршат работите. Во модерно време, работодавецот го боли стапот за робот... секогаш ќе му дојде нов...

А тоа што јас и ти куцкаме тука, е за да си мислиш дека си слободен.... Ебење у мозок се вика операцијата...
Пак ти со ретардираните теории дека на робовите му било подобро од нас што ни е денес?
И ако тоа е така, што ти правиш да се ослободиш од модерното „ропство“?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Ако е Кина оштетена, нема да ги допушти тие фабрики. Имаш ли видено како изгледаат кинеските градови денес? Изгледаат помодерно и побогато од еден Њујорк. Еден куп Кинези што знам или се враќаат или мислат да се вратат таму, од Америка.
Кина ги допушта тие фабрики дека некој у позадина дебело е искеширан... Дали мислиш дека граѓаните на таа држава реално имаат некаков ќар од аутсоурцинг на работна сила и загадување...? Тоа што градовите им се сега напукани со згради, мене не ми збори дека напредуваат граѓаните... Напротив, градовите се конц логори, за стварање на мајндсет на модерен роб, кој мисли дека е ослободен... А всушност..[DOUBLEPOST=1539813980][/DOUBLEPOST]
Пак ти со ретардираните теории дека на робовите му било подобро од нас што ни е денес?
И ако тоа е така, што ти правиш да се ослободиш од модерното „ропство“?
Јас?
Ништо.
Сметам дека човекот нема капацитет да се ослободи од таквиот начин на функционирање... Жив доказ си ти, настапуваш со антагонизам, во секој момент кога розевите слочниња што ги имаш во главата и играат балет, некој ги поремети....

Па така решив да бидам робовладетел...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Па така решив да бидам робовладетел...
Оф, душа проста, он бил робовладетел. Намали гледањето филмови, ти штети.

Патем, кинескиот модел едно време ти беше идеален, читам нешто сега и тоа не ти е погодено, нема очигледно уредување за тебе на оваа планета.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Оф, душа проста, он бил робовладетел. Намали гледањето филмови, ти штети.

Патем, кинескиот модел едно време ти беше идеален, читам нешто сега и тоа не ти е погодено, нема очигледно уредување за тебе на оваа планета.
Ти дечко редовно ме мешаш со некого, те Ердоган сум го сакал, те Кина ми била омилена....

Дај поткрепи ги твоите тврдења со некој линк на пример...

А иначе филмови не гледам... тоа ти го оставам тебе.... Му требаат на ваквото општество луѓе кои гледаат филмови и мислат дека се слободни ...
 
Последно уредено:
Член од
29 декември 2007
Мислења
582
Поени од реакции
1.363
Не мрчеле де... Принципот на владеење е поинаков... Денеска имаш доброволно робство, каде во земјите од третиот свет, вклучувајќи не и нас, луѓето молат за да робуваат некаде.... А притоа немаат основни услови за живот..Здравствена заштита и така натака... Кога ќе видиш во античкиот Рим или Египет, робовите што ги имале робовладетелите, биле нивна сопственост, а како нивна сопственост верувам дека се грижеле за нив, да бидат здрави, најадени и силни за да им ги вршат работите. Во модерно време, работодавецот го боли стапот за робот... секогаш ќе му дојде нов...

А тоа што јас и ти куцкаме тука, е за да си мислиш дека си слободен.... Ебење у мозок се вика операцијата...
А кои тоа услови за живот се основни? И кога тоа биле задоволени?
Денеска многу повеќе луѓе умираат од дебелина отколку од глад. За општо здравје да не зборуваме, колку години се живеело тогаш , колку сега. Речиси да нема војна - повеќе луѓе умираат од самоубиство од криминал, тероризам и војни - комбинирано. Статистички, секој од нас сме најголеми непријатели на себеси.

Но друго ти е поентата чинам, ти велиш дека има јавани и јавачи и тогаш и сега. Епа добро утро, предусловот на секоја цивилизација е социјална стратификација.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.793
Поени од реакции
17.016

Ајде де... Ти ме дупиш мене.... Во иста димензија живееме? Колку има жртви во последните 100 години од војни, толку нема целосна човекова историја....

Но друго ти е поентата чинам, ти велиш дека има јавани и јавачи и тогаш и сега. Епа добро утро, предусловот на секоја цивилизација е социјална стратификација.
Да, тоа е предусловот и тоа е тоа... џабе револуции, џабе барање правда... на крај све завршува на ист начин...
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
582
Поени од реакции
1.363
Ајде де... Ти ме дупиш мене.... Во иста димензија живееме? Колку има жртви во последните 100 години од војни, толку нема целосна човекова историја....
Тоа не е точно - посебно ако се зема процентуално.
Но сеедно, зборувам за времето по 1945, кога со атомски бомби не е понатаму корисно за никого да има нови светски војни.
Еве https://ourworldindata.org/grapher/share-of-deaths-by-cause-2016
Повеќе луѓе умираат од самоубиство од разни конфликт/тероризми комбинирано. Повеќе луѓе умираат од болести поврзани со пролив од претходните причини комбинирано.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.793
Поени од реакции
17.016
ОХИ Преспански договор ( и Нобелова награда за лажење)

https://kajgana.com/kako-reagiraa-grchkite-partii-na-ostavkata-na-kodzijas

а нашиот хохштаплер ( кој на времето пред 27 години гласаше ПРОТИВ македонска валута) филозофира и замачкува
https://www.faktor.mk/maleski-za-faktor-cipras-kje-i-prkosi-na-krizata
овој семкарот :cool: со оставката го здрма и Волстрит :eek:, ама и нашиот мицко го бива за поезија :icon_mrgr:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.889
Поени од реакции
12.423
Кај нас не е така .
Читни за адвокатските тарифи во САД. .
со оглед на примањата и овде тарифите не се за обични граѓани. Не може да се најде адвокат заради тие тарифи. Ги качиле услугите од пред некоја година. Поднесок за рочиште, за стечај, за паушал за адвокатот плус по % час, па за две три вештачења кои патем се изгор...ем на крај најчесто во договорите ставаат т.н. награда за адвокат која често се мери во илјадарки евра. Груба пресметка ни предложија 5-7000 евра за "сигурно завршување" од до на цела постапка не ми личи на ефтино. За трошоци од ракав да не зборам.
Уште ако во равенката го ставиш ипсилон, мито, со уште неколку рочишта со некоја измислена болест...че си дадеш куќа на кредит за еден процес.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom