Пукнатини на прстите од рацете

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Возраст
40
Дали знае некој зошто се појавуваат пукнатини на прстите? Инаку 2 години работам во пекара. Можно ли е од брашното? На испитување на кожно ми најдоја дека сум алергичен на состојка формалдехид (тоа го има најчесто во детергентите). Користам маст белогент ефикасно ги лечи пукнатините ама набрзо други се појавуваат.
dscn4510.jpg
 
...

Користам маст белогент ефикасно ги лечи пукнатините ама набрзо други се појавуваат.

...

За жал, освен Белогент или било кој друг кортикостероид, единствено друго решение е` да ги мачкаш рацете секојдневно со крема за раце, или крема за лице - јас на пример во зима кога рацете ми се сушат поради воздушниот притисок за време на ниските зимски температури, ги мачкам со Нивеа ноќна крема, наменета е за лице, но одлична работа врши и на раце.

Вистинскиот лек е да куртулиш од детергентот, стави им до знаење дома или на работа дека си алергичен на детергенти и дека некој друг ќе мора да ги мие садовите и/или да ги пере алиштата и/или постелнината.

Или ако веќе мораш да миеш садови и/или да переш алишта и/или постелнина, нека ти дадат ракавици за таквите потреби за да ги заштитиш рацете од детергентот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

И порано нормално користев детергенти, ама воопшто не ми се појавуваа пукнатини. Значи сигурно од брашно е. А и кожата ми е доста сува.
 
И порано нормално користев детергенти, ама воопшто не ми се појавуваа пукнатини. Значи сигурно од брашно е. А и кожата ми е доста сува.

Кожата не може до бескрај да ги трпи хемикалиите кои ги содржат детергентите, со тек на време имунолошкиот систем го наплаќа данокот, на крајот на краиштата, дланките ги користиме секојдневно за се` и сешто.

Јас би се кладел дека причинителот е` детергентот, а не брашното.
 
ова ти се рагади поради сува кожа ,, 90 посто од користење детергент плус брашното додатно дава сувост а ти докажале дека си алергичен на детергент,,, ако можеш да побараш да те стават на друго место да работиш или да побараш друга работа..со мастови нема да се излечиш доколку одредено време не се тргнеш од работата,,, совет би ти дал да одиш на институт за медицина на труд во чаир ќе ти направат преглед,анализи и може да ти помогнат во врска со документација ,боледување или евентуално комисија да ти даде одобрење за прераспределба,, со среќа
 
А препорака за некоја добра приватна кожна ординација во Скопје?
 
И порано нормално користев детергенти, ама воопшто не ми се појавуваа пукнатини. Значи сигурно од брашно е. А и кожата ми е доста сува.
Секој човек е алергичен на нешто, во секој момент од животот може да се "активира" алергијата.
 
Па можеш ваљда гумени ракавици да користиш додека работиш со хемикалии
 
не сум од Ск ,нз да ти препорачам,, види земи упат за на медицина на труд, они се занимаваат со болести во врска со професијата,и прават испитувања плус ќе те упатат подетално што и како
 
Сличен проблем имав и јас, имав пукнати на кожата на прстите само не олку изразени како кај тебе. Проблемот го решив со хидрадантна крема.

Мало је педерски али функционира :D

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Ракавици користи обавезно.
Ова со рацеве е лошо, ама не е само тоа - кожата е порозна и хемикалиите ти се задржуваат во цел организам, преку крвоток и лимфен систем.
Гумени ракавици за куќни работи не се повеќе од 50 денари во маркет.
 
... честиот контакт со детергенти (често миење раце, миење разни садови, површини, тоалети ) ја оштетува и ја остранува масната заштита на епидермисот и доаѓа до продирање на разни ерозивни хемикалии кои се во состав на дететргенти и средства за чистење и дополнително контакт со брашното кое му доаѓа како посипано со талк давајќи дополнителна сувост, како и можност во тие пукнатини влез на бактерии создавајќи инфекција со што може да се искомплицира ситуацијата,
jscreenshot-h-709x797.jpg

но некогаш ваква појава е поради уште некои дополнителни состојби на организмот, да речеме може од анемија да се појавуваат дополонително појачани такви пукнатини, од недостаток на витамини од Б групата со понатка погрешна нега на раката ( миење и користење немасни подлоги)...
mamimage-bow-610x510.jpg

со пад на имуниетот и стресни ситуации може да биде и комбинирано со појава на егзем- појава како пилинг на кожата на рацете...

37.jpg

или пукнатини со појава на кандида каде мора да се применува антифунгијална (антимикотична) маст

rolling-dough-and-cut-it-into-pieces-preparing-dough-for-baking-making-dough-for-baking-chef-hands-knead-dough-hands-forms-raw-dough-baker-cooks-bread-woman-prepares-dough-for-homemade-baking_rjqwc9sb__F0000.png

користење на заштитни ракавици внатре инпрегнирани со биогел, не ја суши како би било со талк внатре...

931494126-%E8%91%A1%E8%90%84%E5%B9%B2-%E5%BE%B7%E5%BC%8F%E5%9C%A3%E8%AF%9E%E8%9B%8B%E7%B3%95-%E5%B7%A5%E4%BD%9C%E6%89%8B%E5%A5%97-%E7%83%A4%E7%9B%98.jpg

како и да е недостаок на витамини од Б комплекс група, Вит А, Вит Ц, се одговорни дополнително за состојбата на кожата конкретно на дланките кои се иритирани и „повредени“ од контакт со хемикалии и детергенти, сапуни, кои пречесто се применуваат!
 
Дали знае некој зошто се појавуваат пукнатини на прстите? Инаку 2 години работам во пекара. Можно ли е од брашното? На испитување на кожно ми најдоја дека сум алергичен на состојка формалдехид (тоа го има најчесто во детергентите). Користам маст белогент ефикасно ги лечи пукнатините ама набрзо други се појавуваат.
dscn4510.jpg
Со ваква кожа на прсти ( отворени рани) поминуваш на санитарен преглед ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom