Анализа: Тато носи, мама меси, детето лежи – зошто младите бегаат од работата?

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
Асален работодавец во МК не бара работници преку оглас, освен ако не се работи за потреба од некоја голема бројка на работници или некоја специфична дефицитарна струка.... Има бутик и дава плата 10 000, работа двократно од 8 до 14 и од 17 до 21, сабота и недела работни, да е убава, млада и дотерана... мисли некој е улав да му работи па се жали како неможел да најди продавачка и пушта огласи.
Па не може да најде таква каква што бара, затоа пушта огласи. Не му одговара надворешниот изглед и верувам дека за таква работа секогаш има студентки на кои и требаат пари за студирање и им одговара работното време.
Иначе има такви кои бараат само таква работа и ништо друго.
Таа или е студентка на која и требаат пари за студирање што е ок да работи нешто такво додека студира во друг град или е некоја мажена на која мажот и зема голема плата и не му е важно неговата жена колку носи дома, а на неа не и е важно дали ќе земе 10.000 или 20.000 кога има кој да ја издржува и да и дава плус пари.
Таа прифаќа да работи во бутик колку да не седи дома, платата не е битна само таа да е дотерана, нашминкана и секој ден да излегува од дома. Да не е улава да се препотува три пати и да си ги крши ноктите некаде каде се бара поголема физичка работа за 100-200 евра повеќе кога мажот и некој спонзор ќе и ги даде.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
фала
И тебе ти пожелувам карактер
Ок немам време со тебе да се расправам треба да искачам сега, како сите нормални луѓе во сабота навечер... Среќа што не дишеме исти воздух јас и ти.. позз
 
Ок немам време со тебе да се расправам треба да искачам сега, како сите нормални луѓе во сабота навечер... Среќа што не дишеме исти воздух јас и ти.. позз
Елена, оваа наша кратка врска веќе почна да ме збунува и вознемирува.
Малку биполарно ми делуваш. Час ми пожелуваш среќа, час ме кудиш, час престануваш да дишеш.
Прибери се инаку ќе ти раскинам.
Да не мислиш ти дека си једина у свет?
 
Дури и да даде некоја "нормална" плата, ете над 20, не е само платата. Доцнење на плата, кратење, па односот како кон стока, нешто најниско, лекување комплекси, тоа е исто битно. Та ако е млад или студент не значи дека некој треба да му се качува. Ај сега газда сум демек. Негово дете или жена нека манијачат, да осети како е.
Не знам во која вселена живеат овие текстописциве.
 
Елена, оваа наша кратка врска веќе почна да ме збунува и вознемирува.
Малку биполарно ми делуваш. Час ми пожелуваш среќа, час ме кудиш, час престануваш да дишеш.
Прибери се инаку ќе ти раскинам.
Да не мислиш ти дека си једина у свет?
Хахаха, ужас што е ова што го читам :) веројатно тебе ти е местото тука во виртуелниот свет .. ајде збогум
 
Хахаха, ужас што е ова што го читам :) веројатно тебе ти е местото тука во виртуелниот свет .. ајде збогум
Ти раскинав више.
h1EAA852F
 
Јас у некои други времиња, имам отидено на неколку интервјуа од кои едно ќе ми остане у сеќавање. Btw, работев веќе и тоа работно место ми го препорача "пријател", као "види, смени, може е боље". Како и да е, неговиве пријатели "работеле турбо", ама долго време не можеле да најдат чоек за "мојава позиција". Штом е долго време, се знае дека е некоја бљувотина. Збориме за инжињерска работа, сродна со мојава, не и баш соодветна, ама би можел да ја работам. Штом интервјуто ти почнува со "имаш ли возачка и твоја кола?" одма сфаќаш колку е саат. После следеше величење на фирмата, па као биле газ и гаќи со паторот и добивале државни тендери, за на крај да сумираме дека им треба "нивни човек" за плата од 18 000 денари (што едвај ми го кажаа пошо ги прашав) и да контролира односи у фирма и дали некој краде. Уште тоа дека работното време е "флексибилно" поточно дома си одиш "по потреба" (цел ден значи), сабота се работи и од време на време и недела. Заради "пријателот" се воздржав да не ги отерам у к***ц. За тие пари прво шо би напраил е би ги одрал од крадење јас лично, па после би им дал амин на сите други да крадат....ама си викам "нека банкротираат сами, па ќе сконтаат на потешкиот начин".
После ова срање и јас поработив некоја година у странство и не издржав долго, иако не ми беше ни планот да седам долго. Напраив некое искуство и cv што ми помогна овде.
Сепак, ова што се случува во ФАЈРОМ, да не е трагично, би било смешно. Во меѓувреме се изнагледав и изнаслушав приказни и ситуации од пријатели и познаници у кои влегувале у ситуации да треба да враќаат пари на работодавачите (да, има и тоа) или договарање едно, добивање во пракса друго - во суштина, тешки превари од страна на "газдите" за кои не вреди чоек да стане сабајле и да оди негде барем да не седи дома. Стресот и нервозите со таква копучаана не се плаќаат со пари. Затоа, лесно е да кажеш дека некој е мрзлив или пребирлив (има и такви), ама вистината повеќе е на нивна страна.
Во позрелите општества кои ни се цел да бидеме као нив или да збришеме таму, односите се дефинирани со силни притисоци од синдикати, опозиции, со штрајкови, протести...газдите неќат да помислат да си имаат работа со инспекции, министерства или судови и гледаат да држат некое ниво. Плус, многу им е важно реномето и неќат да ги бие лош глас.
Не гледам дека ова има тенденција да се опраи, посебно со тоа што се нагомила кадар полн со самодоверба, а со дипломи од неквалитетни приватни "факултетчиња", кои го сјебаа и квалитетот на државните, а самиот амбиент е таков да секојдневно гледаш абдали што знаеш дека кубурат со интелект, дремат по кафиња, ручеци, шетања и се пуни пари без работа. Покрај нив, оди така и докажи му на своето дете дека, ако има завршен факултет, пак е "чесно и племенито да работи било што, па макар и да шири вени во кам за 10 иљади".
 
Sega od 1vi januar ke moze i so mk pasos da se raboti vo germanija, pa da vidime kolku rabotnici ustvari realno ima kaj nas. Da ne se lazeme, i tuka i tamu ima dosta narod so za niedni pari ne bi se nafatile da rabotat, posebno ne vo stopanstvoto to est privatniot sektor, mozebi lezi lebu vo drzavno a drugo nitu pod razno.
Ова нешто ново е имаш инфо или ?
 
Ај да почнам од почеток со „анализава“:

1. АВРМ и „огласите“ кои се објавуваат таму не се воопшто меродавни. Таму се објавуваат огласи само за да може да ги пријавиш вработените отпосле. Еве, на пример, ако работам во компанија во која ни требаат 3 работници, да речеме, шанкери. Ако објавам оглас за 3 шанкери, прво треба да чекам 5 дена за да може да пријавам вработени со тој ППР, а потоа, да речеме, ќе ги пријавам тројцата шанкери, но на едниот нема да му се допаѓа работата, и ќе напушти после 2 дена. Ако најдам замена за него, нема да можам да го пријавам, затоа што огласот ми беше за тројца шанкери и веќе ги имав пополнето работните места, па затоа ќе треба да објавам нов оглас, да чекам уште 5 дена, и работата да ми трпи. Затоа, уште на почеток, ако ми требаат 3 шанкери, јас ќе објавам оглас за 10 шанкери, за секој случај. Тоа не значи дека барам 10 шанкери, како што изанализирале дотичниве.

Понатаму, фирми кои имаат чести пријави и одјави на вработени објавуваат огласи за огромен број вработени, иако реално не им требаат толку. Пр. му треба 1-2 вработени, објавува оглас за 50, зашто истиот има важност 120 дена, и со истиот целото тоа време може да пријавува вработени. Истите такви фирми, за да не се најдат во ситуација да немаат активен оглас и да не можат да направат пријава на вработен, на 5 дена или повеќе пред истек на првиот оглас, објавуваат нов, но бидејќи се уште е активен стариот оглас, не може да објават нов за истата работна позиција, па затоа објавуваат нов за слична. Што има врска што пишува на М1 образецот, никој тоа не го гледа. Дали си келнер, касиер или продавач - исти курац е. Значи и анализата за тоа какви работни позиции се потребни кај македонските фирми е без врска.

2.
Нема веќе „џабе работи, џабе не седи“. Голем дел од Македонците, особено оние со послаби или без квалификации, бараат работа ама не сакаат да ја најдат.
За ова 100% се согласувам. И јас имам направено една анализа: на објавен оглас по порталите за работа, како najdirabota или vrabotuvanje, во просек ако аплицираат по 30-50 души, едвај 3-5 од нив доаѓаат на интервју. И ова е факт. Значи им се јавуваш на сите, добиваш 90% од нив, да речеме 45, им закажуваш интервју, сите викаат дека ќе дојдат, а доаѓаат едвај 5 души. И никако не можам да си го објаснам овој феномен. Штом аплицирале, значи веројатно им се допаднале условите за работа. Како тогаш, наеднаш, го смениле мислењето? Истава анализа ја имам направено и врз основа на тоа од каде доаѓаат и која националност се кандидатите. Пр. кандидатите за работа од Скопје, Македонци, не доаѓаат на интервјуа за жива глава. За разлика од нив, на Македонците од внатрешноста повеќе можеш да се потпреш, за нив можеш да бидеш над 50% сигурен дека ќе дојдат на закажано интервју. А запрепастувачки висок е процентот кај кандидатите за работа Албанци, Турци и др. националности, а особено кај Албанците. Од искуство, на закажано интервју над 90% од Албанците доаѓаат. Горе-долу истово може да се примени и во поглед на тоа колку вредни работници се едните другите и третите:
-Македонци од Скопје - чест на исклучоци, но во најголем процент се мрзи
-Македонци од внатрешноста, најмногу од источна Македонија - многу вредни деца
-Албанци, Турци и др. - највредни, обично нема промашување со нив.
И ова говори многу за сржта на проблемот - ние, Македонците, како нација сме мрзи, не ни се работи, сакаме да седиме дома и од некаде да се појави магичен извор на пари. Затоа и се утепуваме од фрлање пари по спортски обложувалници, и сонуваме за денот кога ќе одмараме. Затоа и веројатно точна е изреката: „тате носи, мама меси“.

Имам уште многу да пишувам, ама ај да оставам да ми се пуштите со реплики без потпора, па да видиме до кај ќе стигне иновативноста.
 
Последно уредено:
Пред нецел месец моја долгогодишна другарка даде отказ после 8 год работа на бензиска по 10 часа за 13000 ден. Самохран родител.
Рече дека кога се запослила уште како девојка, за неа тоа биле доволни пари и била задоволна. Потоа дојде брак, бебе, развод ( го хранеше цомбурот-легач). Собра детето и назад кај нејзините.
Кога даде отказ веке и беше повеке од јасно дека здравјето и е отидено јабана на 34 год. Проблем со попуштени вени, замастен црн дроб ( поради брза храна кој е едиствен избор за на раб), паднати заби, опадната коса, вишок килограми, проблем со тахикардија итн.
Ми вели, немам пари за да ги направам сите тестови, детето треба да ми оперира крајници. Немам пари за себе за лекови.
Каде е тој вложен труд? Дали е исплатлив? НЕ!
Е таа беше од тие џабе работи-џабе не седи, ама испадна џабе здравје си зезна.
Вели треба секој ден да пијам по литар млеко за да ги чистам отровите од плинот и нафтата. Ама нема... нема пари за себе.
Седи и пресметува: 100 ден за храна и кафе ( за 10 работни часа) 1 слободен ден во неделата=24 работни дена=2400 ден. Превоз 50 во еден-50 во друг правец= 2400 ден. 13000-4800 = 8200. Градинка за детето 1500=6700 ( а само 2-3 часа го гледам) Една недела во градинка, две дома, поради вируси, бактерии, па треба да се прават брисеви, па сирупи, па пробиотици испоед 2000 ден не сум=4700.
Кредит 4500=200 ден
За толку работи
Ебати животот и газдата човекојадец
Ете и да не земала кредит за да подсреди дома и да има добри услови за детето, сепак би работела за 4700 ден.
И сега не работи. Не ни помислува да работи за плата под 22000. Ке седи дома. кредит исплати, во градинка може и да не го носи, за да може време да посвети на тоа дете и послека здравјето да го поврати барем до некаде.

Имаше понуди за во кам маркет, за плата од 14000 да крева пакети со роба, да мести, да подредува, на крај да џогира и за тие 8 часа има само пола час пауза кога смее да седне. 6 дена неделно. Не и не. И во право е.
Бараат и во бутик работничка за 11000 - 10 часа 6 дена неделно. Абе ајде тука смеела да седи. Може ако и носи храна, кафе и превоз да и плати, па тие пари да и останат чисти.

Не се младите мрзи, барем не поголемиот дел
 
Има и такви кои бараат работа колку да се каже дека ја бараат, а се молат да не ја најдат. Има и такви што ќе работат било што и секаде аплицираат и не им се јавуваат за интервју или одат на прво и никогаш не и се јавуваат за второ интервју и не им даваат одговор дали се примени или не.

Кога ќе ги повикаат на интервју повеќето мислат дека кандидатот веќе е избран и џабе ќе си го потрошат времето и ќе изгубат надеж. На оние подобрите места да избран е прво без оглас и ако не можат така да најдат објавуваат јавно, ама тоа е ретко.

Друго поради што се предомислуваат е тоа што по повикување на интервју веднаш се распрашуваат кај некој вработен и дознаваат дека на тоа место не даваат плата која што тие ја посакуваат, се работи напорно по 60 часа во неделата, нема слободен викенд, празник, нема К15, нема 28 дена летен и зимски одмор итн.
А не знаат дека секој не сака нови колеги и повеќето им даваат лоша слика. Ако е навистина така зошто тие седат таму?
Ааа не одам на интервју, па за таму ми кажаа дека така било, вака било. Уште немаат пробано и знаат како е.

Бензинска толку мала плата? Имав родина што 7-8 години се вработи и знам дека уште на почеток беше со 300 евра, а сега може е и 400-450 евра и му понудија привремено да биде професор и одби. Викаше и овде имам голема плата. Три смени работеше и два дена слободни во неделата.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Да бензиска. Газдата вработува само женски од 18-до 35 год, па знае чат-пат да ги потпрашува како се со љубовниот живот, па дали сакаат на кафе-вечера итн.
Ретко да им дадел по некој бонус од 2000 ден и тоа само кога доаѓале странците. Не е во ск.
 
-Македонци од Скопје - чест на исклучоци, но во најголем процент се мрзи
-Македонци од внатрешноста, најмногу од источна Македонија - многу вредни деца
-Албанци, Турци и др. - највредни, обично нема промашување со нив.
И ова говори многу за сржта на проблемот - ние, Македонците, како нација сме мрзи, не ни се работи, сакаме да седиме дома и од некаде да се појави магичен извор на пари. Затоа и се утепуваме од фрлање пари по спортски обложувалници, и сонуваме за денот кога ќе одмараме. Затоа и веројатно точна е изреката: „тате носи, мама меси“.
Да, мрзи се сите од Скопје шо си отидоа у странство да живеат, пошо таму сите лежат нели, најмногу Германците се познати по лежење.
Да, познавам од населбава пар ликови шо влегуваат у описов, ама шо праиме со еден куп луѓе што коски оставаат на работа. Сите што ги знам што работат во приватни фирми или имаат свои се такви и ете цел живот живеам во Скопје и од тука ги знам, па не влегуваат во твојов опис. Генерализацијава ти е наивна. Посебно со глорификација на доселенициве, кои често од помладите генерации ни македонски не знаат да зборат, а па да не зборам за тој генетски урежан код "да те заебе".
Зошто у целава дискусија моментот на изживување на газдите го испушташ? Што те става на нивна страна? Може да ми покажеш у која држава функционира системот на "враќање на заработените плати од day one, ако ти дадат отказ"? Знаеш шо значи тоа? Во Пивара имаат такви договори, во Пекабеско? Да, таа фамозна пивара во која 10 од 10 би дале газ за да работат. На таа свињата од Пекабеско, жена му е судија, плус подмитува кај стигне - кажи ми како ќе излезеш на крај со таков? Важи во оваа ситуација твојава анализа кој од каде е? Си разговарал со таков "чоек" да видиш кој ментален склоп е?

Муабетов со бензинскава ме потсети на една ситуација у која еден познаник изгуби работа у бран, цел персонал го избрка, со неисплатени две плати, а им иссценира ситуација во која "еден крадел, ама он немал време да се замара да открие кој е - па сите - адиос!". После разбра дека "газдата" воопшто не е газда, туку двојник на пратеник и дека истото го спроведувал на сите пумпи што ги имал на период 6 месеци до година, а сакаа да го тужат и сите се откажаа од дополнителни трошоци на целата мака. Од Скопје е чоекот шо е "мрзлив" по твоиве параметри, а сега е во странство. Си им ги видел рацете на пумпашите? Поседи у јануар една смена на пумпа и пробај со тие пари детето да си го израснеш у нормален чоек, па објасни му и зошто си останал без работа.
Да не ти зборам за ситуации у кои газдите си купуваат имоти, коли, глисери, а луѓе со мали деца чекаат "да се уклопат у бизнис планот" и на тој неизживеаниот сељак да му текне плата да им даде.
Ај од "скопската" страна да гледаме.
Во Скопје трошоците се поголеми. Тие "вредните" што ги спомнуваш несвесно ја спуштаат вредноста на платите за после да сконтаат дека за таа ниска плата што се нафатиле да р'мбаат, во Скопје не се живее. "Газдите" штом ќе си се научат дека имаат пациенти за такви ниски плати НИКОГАШ нема ни да помислат да ја покачат истата.
Поштедете не од генерализации и банализации на проблемиве. Јас секогаш сум бил на страната на "вработените", затоа што ретко кој е свесен каква е распределбата на приходите. Не збориме за марксизам, туку за минимална чесност и разбирање за потребите на секој човек. Се знае кои се парите што се потребни за нормален живот - тоа е егзактна работа, математика. Се' што е под тој минимум значи дека работодавецот или е неспособен да го обезбеди или го краде вработениот. Во светот си има и правило дека ако работната позиција нема интерес, треба да се направи поатрактивна, со повисока плата или други бенефиции. Тоа овде јас не сум го видел.
Ако продолжам да зборам за ситуации у кои треба да збориме за екстра заработка, тек тоа нема крај. Јас лично имам напуштено работно место од фирма во која газдата по 6 пати и повеќе у годината си праеше туристички екскурзии со цела фамилија, а најмалку работа носеше тој у фирмата. Од него практично канцеларијата ја имавме само, а распределбата на парите беше по системот "кој ве ебе" и тоа не е исклучок по фирмиве, туку правило.
 
Поголем процент не значи сите. И има пишано дека анализата е направена на објавени огласи на сајтовите за огласување.
Оние од помалите градови прифаќаат било што затоа и доаѓаат на секое интервју, затоа што имаат помал избор.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom