Дали господ го создал човекот, или човекот го создал господ?

Дали господ го создал човекот, или човекот го создал господ?

  • Вкупно гласачи
    236
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056
Stefus,

а нели ти е очигледно (до очебијност...) дека постов ти е збирка од прашања по начелото „Сам прашал-сам одговорил„, во кој (пост) немаш ниту еден доказ за твоиве произволни ставови, а понајмалку имаш доказ за Божјото непостоење?...:icon_lol:

Да не наведувам дека имаш и прашања кои се прилично малоумни.

Да,навистина, до крајот од животот можеш да тврдиш дека Бог не постои, а што после смртта, по која неизбежно ќе се сретнеш со Богот за кој цел живот си тврдел дека не постои?....:icon_lol:
Јас ти изнесов докази за непостоење на Бог барем оној христијанскиот. Нормално има уште многу...:cool:
А накрај на животот не чекаат црви и мене и тебе. Опс ваљда и тоа е доказ дека нема Бог.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас ти изнесов докази за непостоење на Бог барем оној христијанскиот. Нормално има уште многу...:cool:
А накрај на животот не чекаат црви и мене и тебе. Опс ваљда и тоа е доказ дека нема Бог.
Stefus,

штом навистина најдеш доказ за непостоењето Божјо, слободно објави го.

Само без твои „набадања„, туку со саглам доказна постапка, поткрепена со аргументи и материјали докази.

Патем, не си прв на форумов кој се обидел да го докаже Божјото непостоење а не докажал ништо.

Со среќа докажувањето!...
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Ne0
D

Deleted member 12196

Гостин
Зошто ги поставате тезите наопаку?
Зарем јас треба да докажувам дека не сум ја извршил кражбата? Нека докажува полицијата дека сум ја извршил.
Затоа, ве молам, докажете дека постои Бог, за да поверувам. Јас мислам дека не постои и немам намера ниту можност тоа да го докажувам. Исто како што неможем да докажам дека последниов месец не сум бил во Скопје.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто ги поставате тезите наопаку?
Зарем јас треба да докажувам дека не сум ја извршил кражбата? Нека докажува полицијата дека сум ја извршил.
Затоа, ве молам, докажете дека постои Бог, за да поверувам. Јас мислам дека не постои и немам намера ниту можност тоа да го докажувам. Исто како што неможем да докажам дека последниов месец не сум бил во Скопје.
Имаш два докази, доволно обемни, кои, со користењето на начелото дека „...творбата сведочи за својот Творец...„, можеш да го докажеш постоењето Божјо.

Почни вака:
- тргни од себе, од твоето постоње и
- тргни од твојата околина и нејзиното очигледно постоење,
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ова баш ништо не ми значи. Докажете Вие, јас немам што да докажувам.
Докажувано е, докажано е...само ти доцниш.

Немај гаље, на сите кои веќе веруваат, веќе им се издесила твојава приказна, се‘ додека имале нескротени гордост и високоумие, кои ги терале да мислат дека Вселената почнала со нивното раѓање...
 
K

kicodarker

Гостин
Господ = нулта, -0+, баланс, рамнотежа. Она што е доказ за непостоење на господ кај атеистите, истото е доказ за постоење на господ кај верниците. Мора да се урамнотежи.
 
F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
841
Поени од реакции
1.332
Зошто ги поставате тезите наопаку?
Зарем јас треба да докажувам дека не сум ја извршил кражбата? Нека докажува полицијата дека сум ја извршил.
Затоа, ве молам, докажете дека постои Бог, за да поверувам. Јас мислам дека не постои и немам намера ниту можност тоа да го докажувам. Исто како што неможем да докажам дека последниов месец не сум бил во Скопје.
Мораш првин да поверуваш па за да знајш. Односно "Верувам за да знам". Можи да се аргуменитира за онтолошкото постоење на Бог. А ти овде бараш со сила да ти докажиме дека Бог постои без пред то да поверуваш. Не оди то така. Најголемта доказна постапка за отнолошкото постоење на Бог е напишана од Анселм Кентербериски во неговото дело Proslogium.

За да се разбере доказната постапка на Анселм, неопходно е да се има предвид неговото определување на божјата природа, т.е. таа мора да се знае, бидејќи од неа и се изведува заклучокот за неговото (на Бог) онтолошка, а не само ментално постоење. Анселм наведува повеќе божји особини или предикати. Тие се, суштиснки гледано, повеќе постулати, кои се неопходни за разбирањето на нужноста на неговото постоењем, отколку што се негови, што значи од самата стварност изведени особини. Сметам дека одлучувачки се следниве постулати, поврзана со божјата природа:

Постулат 1. Анселм, обраќајќи му се на Бога, вели дека тој е такво нешто од кое ништо повисоко не може да се замисли/помисли (aliquid quo nihil maius cogitari possit). Односно, според Анселм, за Бог може да се каже дека тој е: "Она од што повисоко не би можело да се замисли". Битно е да се појасни на што токму мисли Анселм кога за Бога вели дека тој е такво суштество од кое ништо повисоко не може да се замисли, бидејќи очигледно е дека во оваа определба на Анселм определен е и самиот поим за Бог. Кога Анселм вели (или постулира, сеедно) дека Бог е највисокото суштество, тој под определбата највисоко суштество мисли на суштество кое е најсовршено, односно на кое ништо не му недостасува, па затоа тоа секогаш е идентично самото со себе, не вклучувајќи во себе никакви делови. Бог, како целосна совршеност, никогаш не постои на различни начини, бидејќи кај него и ништо не е дадено во потенција. Оттука, кај него постоењето (егзистенцијата) и суштината (есенцијата) се поклопуваат. Бог не може да постои на начин кој би бил различен од неговата суштина, од самата негова природа. Бог секогаш постои на целосен начин, бидејќи нему, како на совршено суштество, ништо не му недостасува. Тој е, суштински гледано, самата совршеност. Во оваа смисла Анселм и го определува Бог како суштество од кое ништо повисоко не може да се замисли.

Бог е, значи, самата совршеност и, затоа, тој е и самата довршеност. Неговата совршеност и довршеност упатуваат на неговата вечност, бидејќи она што е совршено и довршено нема зошто да се менува, како што и нема во што да се менува. Наедно, како докрај довршено суштество, значи како суштество на кое ништо не му недостасува, тој е и најмоќно суштество. Во оваа смисла и треба да се сфати неговото определување на Бог како суштество од кое ништо повисоко не може да се замисли/претстави - а имено, дека како највиско суштество, од кое не постои ништо што би било повисоко од него и кое би можело на кој било начин да го ограничува, тој е навистина и најмоќно суштество. Значи, определбата на Бог како највисоко суштество треба да се сфати и како суштество кое е и најмоќно и од кое, токму затоа, ништо повисоко не би можело да се замисли. Или, определбата "највисоко" треба да се разбере како идентична со определбата "најмоќно". - извадок од годишен зборник на проф. Љубомир Цуцоловски "Онтолошкиот доказ на Анселм Кентербериски".

Ова е само еден постулат, има уште два други ама мислам доволно е ова за тебе.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Мораш првин да поверуваш па за да знајш. Односно "Верувам за да знам".
Интересна логика. Ама погрешна.
Ако верувам нема потреба да ми докажувате. Зошто да ми докажувате нешто што го знам? Докажете ми за да поверувам. Но вашите одговори се такви за да го натерате соговорникот со спротивно мислење да се откаже. Постојано некои линкови, но и нивните тврдења не се докажани. Со едно непотврдено дело сакате да потврдите друго непотврдено дело.
Тука поставам крај на репликите.
Поздрав.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Човекот....суштество со ~ 6000 синдроми не ќе да е креација на Господ(дефиниран по општи норми). А исто така не би требало да е последица на еволуцијата.
Од друга страна дали човекот е креатор на Господ??
Идејата за Господ е информација, и уствари како таква постоела и пред да постои идејата за човекот.
 
Колку што знам само човек верува во Господ а не животни. А Господ овој денеше е измислен пред окулу 4000 години претходно имало други Богови и сили. Така да ако зборуваме за Господ со големо Г може да се каже дека е понова иновација од оган и тркало и земјоделие и бронза.
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Постоењето на Бог е нужно. Од ништо не може да настане нешто. Ништото е ништо - тоа не постои. Мора да постои нешто што е вечно за било што друго да постои. А оно што постои вечно вообичаено се нарекува - Бог.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Постоењето на Бог е нужно. Од ништо не може да настане нешто. Ништото е ништо - тоа не постои. Мора да постои нешто што е вечно за било што друго да постои. А оно што постои вечно вообичаено се нарекува - Бог.
Од каде па тоа да е нужно? Некој доказ имаш за тоа?
За кој бог зборуваш? Один, Зевс, Јахве, Брама, Рa....?
А од што тој “бог“ створил нешто? Од ништо нели?
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Ќе морам да го повторам истото што веќе го напишав.

Од каде па тоа да е нужно?
Од ништо не може да настане нешто. Нужно е да постои нешто што е вечно за да постои било што. А она што постои вечно се нарекува Бог.

Некој доказ имаш за тоа?
Доказ е тоа што постоиме, и ние и се останато.

За кој бог зборуваш? Один, Зевс, Јахве, Брама, Рa....?
Зборувам за Бог, она што вечно постои.

А од што тој “бог“ створил нешто? Од ништо нели?
Ништото е ништо. Ништото не може да постои. Се што постои е производ од она што вечно постои.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom