Зошто ги поставате тезите наопаку?
Зарем јас треба да докажувам дека не сум ја извршил кражбата? Нека докажува полицијата дека сум ја извршил.
Затоа, ве молам, докажете дека постои Бог, за да поверувам. Јас мислам дека не постои и немам намера ниту можност тоа да го докажувам. Исто како што неможем да докажам дека последниов месец не сум бил во Скопје.
Мораш првин да поверуваш па за да знајш. Односно "Верувам за да знам". Можи да се аргуменитира за онтолошкото постоење на Бог. А ти овде бараш со сила да ти докажиме дека Бог постои без пред то да поверуваш. Не оди то така. Најголемта доказна постапка за отнолошкото постоење на Бог е напишана од Анселм Кентербериски во неговото дело
Proslogium.
За да се разбере доказната постапка на Анселм, неопходно е да се има предвид неговото определување на божјата природа, т.е. таа мора да се знае, бидејќи од неа и се изведува заклучокот за неговото (на Бог) онтолошка, а не само ментално постоење. Анселм наведува повеќе божји особини или предикати. Тие се, суштиснки гледано, повеќе постулати, кои се неопходни за разбирањето на нужноста на неговото постоењем, отколку што се негови, што значи од самата стварност изведени особини. Сметам дека одлучувачки се следниве постулати, поврзана со божјата природа:
Постулат 1. Анселм, обраќајќи му се на Бога, вели дека тој е такво нешто од кое ништо повисоко не може да се замисли/помисли (aliquid quo nihil maius cogitari possit). Односно, според Анселм, за Бог може да се каже дека тој е: "Она од што повисоко не би можело да се замисли". Битно е да се појасни на што токму мисли Анселм кога за Бога вели дека тој е такво суштество од кое ништо повисоко не може да се замисли, бидејќи очигледно е дека во оваа определба на Анселм определен е и самиот поим за Бог. Кога Анселм вели (или постулира, сеедно) дека Бог е највисокото суштество, тој под определбата
највисоко суштество мисли на суштество кое е најсовршено, односно на кое ништо не му недостасува, па затоа тоа секогаш е идентично самото со себе, не вклучувајќи во себе никакви делови. Бог, како целосна совршеност, никогаш не постои на различни начини, бидејќи кај него и ништо не е дадено во потенција. Оттука, кај него постоењето (егзистенцијата) и суштината (есенцијата) се поклопуваат. Бог не може да постои на начин кој би бил различен од неговата суштина, од самата негова природа. Бог секогаш постои на целосен начин, бидејќи нему, како на совршено суштество, ништо не му недостасува. Тој е, суштински гледано, самата совршеност. Во оваа смисла Анселм и го определува Бог како суштество од кое ништо повисоко не може да се замисли.
Бог е, значи, самата совршеност и, затоа, тој е и самата довршеност. Неговата совршеност и довршеност упатуваат на неговата вечност, бидејќи она што е совршено и довршено нема зошто да се менува, како што и нема во што да се менува. Наедно, како докрај довршено суштество, значи како суштество на кое ништо не му недостасува, тој е и најмоќно суштество. Во оваа смисла и треба да се сфати неговото определување на Бог како суштество од кое ништо повисоко не може да се замисли/претстави - а имено, дека како највиско суштество, од кое не постои ништо што би било повисоко од него и кое би можело на кој било начин да го ограничува, тој е навистина и најмоќно суштество. Значи, определбата на Бог како највисоко суштество треба да се сфати и како суштество кое е и најмоќно и од кое, токму затоа, ништо повисоко не би можело да се замисли. Или, определбата "највисоко" треба да се разбере како идентична со определбата "најмоќно". -
извадок од годишен зборник на проф. Љубомир Цуцоловски "Онтолошкиот доказ на Анселм Кентербериски".
Ова е само еден постулат, има уште два други ама мислам доволно е ова за тебе.