Во Македонија постојат странски влијанија да, првенствено од соседните држави како на пр. Српско влијание, Албанско/Косовско влијание, Грчко економско влијание, донекаде и Бугарско влијание, потоа имаме Турско влијание, имаме и влијанија од западно Европските држави, Американско влијание секако тоа е веќе и глобално влијание, но Руско влијание хахаха смешно е воопшто некој да спомене за вакво нешто дека има Руско влијание во земјава можеби има но јас не го приметувам невидливо и неосетливо е !
Кое е тоа Руско влијание во државава бе еве гледам секој втор Македонец говори течно на Руски јазик, а секако и постои огромен интерес за изучување на Рускиот јазик и неверојатно голем интерес за иселување кон источна Европа, гледам секој втор канал е Руски канал на телевизоров, се Руски филмови бре и Руска музика цепа и на радио и сегде оф леле мајко колку е јако Русково влијание дерман да се немало !
Какво бе Руско влијание овде кога Македонецот уште пред 50-100-150 години немал некои големи симпатии кон Русија а тек па денес во 21 век кога секој т.е. сите гледаат кон запад !