Да бидеме објективни. Бачев и претходно не беше некаков фактор, а не е ниту сега и нема ни да биде. Сега се обиде да ја искористи ситуацијата за да профитира во рејтинг, а крајниот резултат беше лош. Ги „разбуди“ и ги изманипулира само оние кои потајно во себе сакаат да се насочиме кон Русија и ништо повеќе, се гледаше баш во тие настапи низ Македонија последниот период колку мала посетеност има и не се согласувам дека воопшто биле во подем. Инаку сомнеж кон него имав уште од самиот почеток дека неговото појавување не е случајно во овој период. Човек кој се декларира дека треба да се насочиме кон Русија, а во исто време е професор по предмети од европско право. Контрадикторност до бескрај. Да имаше влог од руски капитал во неговата партија, досега Заев и тоа како ќе го елаборираше тоа фамозно „руско“ влијание со истраги и докази, а западот ќе ни направеше уште поголема офанзива од оваа што ни се случи изимнатиот месец. Во неговата претходна партија носител на листа му беше факинг Политико и кој нормален треба да очекува рационални политики од Бачев жити се.
Некои (Заев и неговата меѓународна поддршка според мене) сакаа да креираат нова расцепкана опозиција во Македонија со далеку подесничарски и порадикални гледишта со цел ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија да се ослабне и актуелнава власт да има далеку подобри можности да прави маневри во конкретниот случај со договорот. Тие маневри се многу полесни со расцепкани опозициони партии кои по Донтов модел на избори ќе играат за партиите на власт.
Сомнежот го имав уште од многу поодамна затоа што во нивните соопштенија доминираа критики кон ВМРО-ДПМНЕ, а помалку кон власта.
И за крај, масовната неизлезност е дело на народот, најмалку на Бачев. Никој не може да си ја присвои како негова заслуга. Повеќе Заев придонесе да не се излезе отколку било кој друг. Целосната наедоверба која ја има народот кон власта, кон институциите дека ќе биде изманипулиран нивниот глас доколку излезат со цел поминување на овој штетен договор доведе до тоа, ни повеќе ни помалку.