Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Кој е играчот во Македонија на спротивната страна?
Не зборам конкретно за Русија, бидејќи тука се и Кина и Турција. Може некој да игра за некоја од овие држави.
Неколку од вас го исфрливте Бачев, искрено и мене ми беше сумњив за која страна е, но тука се Левица и Демократската фракција на дпмне.
Некој мислам дека и влијаеше за да не успее референдумот, а тоа и одговара на Русија, Кина и Турција, а можеби и на некоја четврта страна како Унгарија.
А тој некој многу вешто и умешно игра на нивна страна, а и многу добро се крие.

Ваши мислења?
Заев е човек на Русија.... све што прави иде во корист на Русија.

На референдумот го постави така прашањето, да на крајот испадне дека народот е против НАТО и ЕУ. Олку ниеден премиер, па дури ни Грујо во најцрни денови, ни Бранко со палење на амбасадата не успеал да ја одалечи Македонија од западот и да ја фрли во прегратки на Русија.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692

Грција е рускиот тројански коњ.Не знам зошто овие од ЕУ и НАТО се прават на мутави?:toe:
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.499
Поени од реакции
13.780
дечки имам едно прашање поготово за оние кои го подржаваат референдумот или кои го сметаат за успешен или па оние кои го подржаваат договорот со грчка.... ајде ете нека се викаме и република северна недојдија или како и да е....

кажете ми РЕАЛНО и ИСКРЕНО - мислите дека ке станеме дел од европска унија??? кога мислите дека ке се случи ова???
мислите дека ако влеземе во европска унија обичниот граѓанин ке има некој директен бенефит???
мислите дека работите некогаш би тргнале во нагорна линија дека ке ни се среди судството? здраството? ке немаме криминал или корупција??? мислите дека ке нема тогаш партиски вработувања???? или платите ке ни рипнат на 500 евра минумум без да се кренат сите останати давачки даноци цени и слично???

п.с ако е европска унија искрена и ако реално гледа на работите сериозно неможам да сватам по КОЈА логика го кажуваат референдумот успешен.... РЕФЕРЕНДУМ е не се локални избори или парламентарни.... и највеќе од се е интересира како тоа русија има влијание за неуспешност на референдумов кај нас.... многу глупости се трескаат у последно време кај нас... секој втор стана експерт секоја анкета на телвизииве искача неточна... алоооо немаме кадар обични прости работи да направиме... ние немаме ни култура за да бидеме на ниво на европа а не да правиме посериозни муабети... ако по некоја грешка се деси да влеземе во ЕУ кога ке не видат што народ сме јас сум убеден дека ке се појакат....
Ја мислам дека во претходните преговори што се водеа (каде што никаде не се спомнуваше ерга омнес) велеа дека дури и да биде постигнат договор, тој да стапи во сила кога ќе влеземе во ЕУ.

Зошо зоки сеа сака брзо да го истурка договоров за внатрешна и надворешна употреба за курово здравје?
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Кога ќе има таков мост со оптеретувања и конструкции, логично е и да има мостарина, кај да се плаќа кај нас мостарина, кај Стража она мостчено што не можат да го опраат 5 години?
Не спомнува дека не се плаќаат патарини и во двете држави кој што ги поврзува тој мост.
Се плаќа вињетка и толку, во мк, не мостарини со патарините поставени на секој 10 км плаќаш и крпарина за дупките шо ги лепат со лопати и тоа за секоја посебно.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
.... ЕУ е тоа бе немет шала! :cool:
Сакам да ти објаснам за користењето на зборот „немет“. Огромен број на Македонците погрешно го користат, на „шала“.
Ова е охридска варијанта на зборот „немаат“. Значи:
1. еднина: нема = немат (Тој немат)
2. множина: немаат = немет (Тие немаат)
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Абе и Бачев не е нешто поарен. Мислам дека цела партија е под закрила на Зоки, Владата и западот. Види им ги сојузниците, Солза Грчева и Филип Петровски, сите до еден имаат милион пати сменето дресови.
Простор за сомнеж има секако, и кај секого. Мене ептен ми боде очи тајмингот како што веќе пишав. Точно пред избори и кога колку толку се (беа) во подем. Иначе ова што Мицов го објави, ВМРО одамна го обработуваше како теза. И впрочем единствена национална телевизија каде што имаа интервјуа беше имено алфа, па затоа мене ми се чини дека е масло на тендерашите. Им дигана рејтинг малку со некои интервјуа, и после со кртот во клучниот момент ги дискредитираат. Да се бајпасира незадоволството на радикалните гласачи заради мекотелот Жмицко, и во определен момент- пред избори да ги дискредитираат, и да си ги вратат радикалните.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Не спомнува дека не се плаќаат патарини и во двете држави кој што ги поврзува тој мост.
Се плаќа вињетка и толку, во мк, не мостарини со патарините поставени на секој 10 км плаќаш и крпарина за дупките шо ги лепат со лопати и тоа за секоја посебно.
Вињети ги фаворизираат тие што се од најчесто од провинција и често патуваат накај главниот град или друг голем град. Додека ако си од главен град и не патуваш надвор од него многу (на пример јас сега) вињети не ти одговараат, поефтино е да платиш патарина колку ќе возиш.
Најголем добитник се луѓе кои живеат во друг град и секој ден патуваат на работа кон главен град. Инаку исто важи фактот дека патарини го продолжуваат времето на патување за сите.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.471
Поени од реакции
84.892
Заев е човек на Русија.... све што прави иде во корист на Русија.

На референдумот го постави така прашањето, да на крајот испадне дека народот е против НАТО и ЕУ. Олку ниеден премиер, па дури ни Грујо во најцрни денови, ни Бранко со палење на амбасадата не успеал да ја одалечи Македонија од западот и да ја фрли во прегратки на Русија.
Речиси се ти е неточно.[DOUBLEPOST=1538904106][/DOUBLEPOST]како татко за своето дете
се жртвува за Македонија

Груевски на Фејсбук: Ако ви бараат да направите отстапка за да ме спасите мене, не прифаќајте! Бесни се, ќе им дојде крајот

работи 24/7 за татковината
и утре никој нема фала да му каже

(каков лицемер, мајко мила)
[DOUBLEPOST=1538904364][/DOUBLEPOST]Цело време у дописот си збори за себе, мојата жртва, ја ова, ја она....
Му помина животот во delusion of grandeur, али битно ја посра партијата и земјата.[DOUBLEPOST=1538904525][/DOUBLEPOST]Али умен е, нема што. Мора да е така, штом Ниче го цитирал.
(со мала задршка, оти постои шанса да мислел на ниче македон)
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.779
Поени од реакции
9.583
Простор за сомнеж има секако, и кај секого. Мене ептен ми боде очи тајмингот како што веќе пишав. Точно пред избори и кога колку толку се (беа) во подем. Иначе ова што Мицов го објави, ВМРО одамна го обработуваше како теза. И впрочем единствена национална телевизија каде што имаа интервјуа беше имено алфа, па затоа мене ми се чини дека е масло на тендерашите. Им дигана рејтинг малку со некои интервјуа, и после со кртот во клучниот момент ги дискредитираат. Да се бајпасира незадоволството на радикалните гласачи заради мекотелот Жмицко, и во определен момент- пред избори да ги дискредитираат, и да си ги вратат радикалните.
Да бидеме објективни. Бачев и претходно не беше некаков фактор, а не е ниту сега и нема ни да биде. Сега се обиде да ја искористи ситуацијата за да профитира во рејтинг, а крајниот резултат беше лош. Ги „разбуди“ и ги изманипулира само оние кои потајно во себе сакаат да се насочиме кон Русија и ништо повеќе, се гледаше баш во тие настапи низ Македонија последниот период колку мала посетеност има и не се согласувам дека воопшто биле во подем. Инаку сомнеж кон него имав уште од самиот почеток дека неговото појавување не е случајно во овој период. Човек кој се декларира дека треба да се насочиме кон Русија, а во исто време е професор по предмети од европско право. Контрадикторност до бескрај. Да имаше влог од руски капитал во неговата партија, досега Заев и тоа како ќе го елаборираше тоа фамозно „руско“ влијание со истраги и докази, а западот ќе ни направеше уште поголема офанзива од оваа што ни се случи изимнатиот месец. Во неговата претходна партија носител на листа му беше факинг Политико и кој нормален треба да очекува рационални политики од Бачев жити се.

Некои (Заев и неговата меѓународна поддршка според мене) сакаа да креираат нова расцепкана опозиција во Македонија со далеку подесничарски и порадикални гледишта со цел ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија да се ослабне и актуелнава власт да има далеку подобри можности да прави маневри во конкретниот случај со договорот. Тие маневри се многу полесни со расцепкани опозициони партии кои по Донтов модел на избори ќе играат за партиите на власт.

Сомнежот го имав уште од многу поодамна затоа што во нивните соопштенија доминираа критики кон ВМРО-ДПМНЕ, а помалку кон власта.

И за крај, масовната неизлезност е дело на народот, најмалку на Бачев. Никој не може да си ја присвои како негова заслуга. Повеќе Заев придонесе да не се излезе отколку било кој друг. Целосната наедоверба која ја има народот кон власта, кон институциите дека ќе биде изманипулиран нивниот глас доколку излезат со цел поминување на овој штетен договор доведе до тоа, ни повеќе ни помалку.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.471
Поени од реакции
84.892
"На избирачкото место 0543 во Центар Жупа, од 18.30 до 19 часот, гласале 331 гласач, или по еден на секои 5,4 секунди. Тоа веројатно е светски рекорд! На избирачкото место 1913 во Велешта во општина Струга, од 18.30 часот до 19 часот гласале 199 избирачи, или по еден на секои 9 секунди. На избирачкото место 2453 во Долно Свиларе во општина Сарај, од 15 до 17 часот гласале 360 избирачи, или по еден на секои 20 секунди"
https://plusinfo.mk/како-може-да-се-гласа-за-5-10-или-20-секунди/
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.441
Поени од реакции
4.360

Каков народ, какви бакрачи. Народот наш е овца, неспособен за сопствено размислување и став. Никогаш нашиот народ не си го кажал своето, секогаш ставот на народот бил оној на стадото на кое припаѓа, на дпмне на сдсм или на албанскиот блок. Бојкотот и неуспехот на референдумот е дело на дпмне. Мислиш дека ако Мицковски повикаше да се излезе и да се гласа за или против, референдумот немаше да успеее? Ке го бојкотираа сендвичите оти имаат ,,сопствен став,,? Не, ке изнесеше и дпмне 300-400 000 и референдумот ке си беше успешен и сите кои сега бојкотираа ке зборуваа како мудра била одлуката на дпмне да излезе на референдумот. Или да ја свртиме работата обратно. Истиот овој договор на беше дело на дпмне, мислиш дека членството немаше да излезе и да гласа ЗА фалејќи го договорот како нешто најдобро што и се случило на МК? Во таков случај, СДСМ што сега го фалат договорот тогаш немаше да викаат дека е тоа предавство и да го бојкотираат референдумот, отворено или вака курвински како сега дпмне? Ке успееше тогаш референдумот? Не. И тогаш ке викавме дака ,,народот,, решил и бојкотирал.... Нема народ и народен став надвор од мислењето и ставот на дпмне. Незнам дали ке се случи, но ке биде интересно ако Мицко се испазари и дпмне ги подржи уставните измени, да се види и да се слушне тоа шалтање на ,,народот,, од пета во прва или рикверц, тоа извртување на дискусиите што ке се случи како многупати досега, лижење на се она што се плукало....
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
"На избирачкото место 0543 во Центар Жупа, од 18.30 до 19 часот, гласале 331 гласач, или по еден на секои 5,4 секунди. Тоа веројатно е светски рекорд! На избирачкото место 1913 во Велешта во општина Струга, од 18.30 часот до 19 часот гласале 199 избирачи, или по еден на секои 9 секунди. На избирачкото место 2453 во Долно Свиларе во општина Сарај, од 15 до 17 часот гласале 360 избирачи, или по еден на секои 20 секунди"
https://plusinfo.mk/како-може-да-се-гласа-за-5-10-или-20-секунди/
Веројатно има сомнителни работи, но треба да се има резерва кон евентуални затекнати гласачи во 19 часот, па по закон треба да се затворат вратите и да догласаат првите. Иако, малку е веројатно тоа.[DOUBLEPOST=1538907686][/DOUBLEPOST]
Не бе остајте ги да си мислат дека 650.000 гласале на референдумот, без притисоци, без влечење за уши и без полнење на кутии :icon_lol:
Под притисок не мора да значи конкретен притисок. Многу тоа го прават заради страв од последици, за раководно место, за работно место, за брат, сестра, зет, сосед, родител... Јас лично знам такви, во сопственото блиско семејство. А, знам и случај каде на вратата од домот се појавуваат „емисари“ со... „А значи син ти нема гласа, агитира бојкот, а?“[DOUBLEPOST=1538907848][/DOUBLEPOST]
Вињети ги фаворизираат тие што се од најчесто од провинција и често патуваат накај главниот град или друг голем град. Додека ако си од главен град и не патуваш надвор од него многу (на пример јас сега) вињети не ти одговараат, поефтино е да платиш патарина колку ќе возиш.
Најголем добитник се луѓе кои живеат во друг град и секој ден патуваат на работа кон главен град. Инаку исто важи фактот дека патарини го продолжуваат времето на патување за сите.
Патарините се глупава работа. Има разни видови на вињети. Ако ретко патуваш, ќе земеш седмична, на пример. Ако секојдневно патуваш, годишна, месечна... Може и викенд вињети да има.
Патарините го кочат сообраќајот и вработуваат луѓе кои се непотребни.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Патарините се глупава работа. Има разни видови на вињети. Ако ретко патуваш, ќе земеш седмична, на пример. Ако секојдневно патуваш, годишна, месечна... Може и викенд вињети да има.
Патарините го кочат сообраќајот и вработуваат луѓе кои се непотребни.
Точно е ова. Додуше од друг аспект треба повеќе казни и полиција на автопатите зошто многу возат брзо и опасно и кршат правила.
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
Заев е човек на Русија. што прави иде во корист на Русија. [QUOTE
Заев е човек на Станишев и ПЕС. Па се и сограгjани. Станишев е руснjак, коj се сторил бугарин. Инако е македонец, ама по баба е евреjче. Маjка му е евреjска украинка, ама по специализациjа е посебна македонска филоложка. Станишев е либи и воли маjка Рашка, ама го мрази Путjy во червата. Абре типичка комунистичка работа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom