Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Големо засилување од Бундес лигата наредната недела ?[DOUBLEPOST=1538842447][/DOUBLEPOST]Многу е мртва атмосферата или така ми се слуша на стримов?
Со оглед дека и ЕХФ коментаторот напомена неколку пати дека е тапа атмосферата, најверојатно не е до стримот.

Ај, второ може ќе живнат.

Инаку, слабо играме, без идеа. Сеа уште Скубе да се повреди, тоа ни треба. Ај, да видиме кое е тоа големо засилување од Бундес. Милосављев исто малку топки фати, мислам дека 3, иако не е он крив. Криштопанс ептен слаб. Каралаш не може да следи офанзивно што се дешава.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.976
Поени од реакции
15.300
Кој е одговорен за трансфери во Веспрем му дужиме кафана. Милосављев од тука натаму може само да оди нагоре и нагоре. Добивме голманиште по багателна цена. Експлодираше кога најмногу требаше.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Дибиров е класа играч. Кога се губи, кога е густо, ќе фати да игра одбрана жустро и одма става притисок, краде топки, ги тера да излетуваат.

Инаку, се на се, ја мислам дека играта беше најслаба од овие 4 натпревари во ЛШ. Но, битно е што победија.

Шишкарев добро игра во одбрана. Мораес изгледа го мучи доста коленото, многу малку одигра. Столе нормално не е во форма. Каралаш, офанзивно изгубен.
Борозан не се покажа нешто денес, во споредба со претходните натпревари, али имаше некој гол и некоја асистенција на пикер. Скубе беше добар. Дибиров одличен. Чупиќ знае да мрдне напад кога ќе везе, а и одбрана не е лош. Интелигентен играч е он. Милосављев, не му одеше прво, ама при крај фати топки и пак стигна до двоцифрен број на одбрани. Карачиќ исто беше солиден. Се гледа дека ни фали лев бек. А, со тоа како знае Кристопанс да одигра на моменти, ни треба и соодветна замена за десен. Овој Киселев тешко дека ќе биде замена за Кристопанс оваа сезона, со оглед дека не го пуштаат во игра. Кристопанс на моменти има интелигенција, на моменти потфрла ептен.

Битно е што стварно се има победнички менталитет и тоа води напред.

Инаку коментаторот на ЕХФ спомна дека чул гласини дека голем трансфер од Бундес ќе биде официјализиран скоро во Вардар. Сеа, мислам дека тие што си ги пријавил крај на август смеаат да играат првите 5 кола. Што значи и да доведат некој сега, нема да може да игра против Киелце. Зошто по 5то коло може да го пријават за настапи во ЛШ. Ако памтам добро.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.135
Поени од реакции
10.215
Aјде и јас да пишам нешто после долго време. Пола година сум надвор од МК, и баш ми е жал што до сега немав прилика да го гледам овој Вардар во живо. Ова е прекраснотија на која искрено не се надевав иако и покрај сите неоптимистични прогнози верував дека овој тим има што да каже оваа година. Ваква истрајност, инат, тимски дух, пред се тактичка и разноврсна игра Вардар немал до сега. Да не го урочам, Парондо генијално ја води екипава. И покрај бледото прво полувреме, во кое беше видлив грчот во нашата игра, во второ видовме една нова екипа што е одраз само на најголемите. Смирено, професионално, тактички се мелеше кога е најпотребно и германциве полека но сигурно паднаа. Иако Кристопанс мошеше да ја шитне во последните пет минути, сепак на крај најважна е победата и непобедливоста на Вардар во досегашниот дел од Лигата на шампионите, а посебно ако се знае дека победата е над еден од најнезгодните противници кој сигурно ќе го земе скалпот на некој од фаворитите на гости ондак е уште послатко. Четири победи од четири натпревари, со игра која е прекрасна за очи а реално има и материјал за уште многу повеќе. Штета е што Горбок се повреди и не може да му помогне на Борозан у ротација, а уште поголема штета е што по мене не сме баш најквалитетно покриени на десен бек. Се надевам дека најавеново засилување од Бундес ќе биде некој квалитет кој ќе ја дигне играта на уште повисоко ниво и ќе помогне во ротација. Само нека се продолжи во овој стил, кога се игра на овој начин и да изгубат ќе бидат херои! Напред Вардар во срце те носам каде и да сум!
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.415
Поени од реакции
2.550
Швабите имаа тежок натпревар во Бундес лигата,се гледаше падот на нивните пензионери од 35+ год. Кај нас фалат лев и десен бек како замена за Горбок и Киселев кој изгледа не го сметаат за ЛШ материјал.
Секоја чест,кога губеа со 3-4 гола разлика знаев дека ќе се вратат како и секогаш,одлично се подготвени психички.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.270
Поени од реакции
10.377
Што сте запнале со тимскиот дух како нова одлика, тоа е дел од РК Вардар од кога паметам...
Психичкиот момент да се враќаат у вакви натпревари и да истраат до крај го имаат у задњиве 3 сезони, претходно трокитаа ептен со Веспрем и Киелце у 1/4. И е за пофалба, со помал ростер од лани и едно 20-30% послаб тим на хартија по мене.

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
 

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
547
Поени од реакции
328
Super bese publikata,po simpaticna mi stoi of Lani

Sent from my HTC U Play using Tapatalk
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.289
Поени од реакции
8.481
Што сте запнале со тимскиот дух како нова одлика, тоа е дел од РК Вардар од кога паметам...
Samo sega e nekako kako vo vremeto na Vujo. Znaes site ne gledaa kako ranet lav pred da pocne sezonava a nasive im vlagaat so krvavi oci na utakmicive.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Samo sega e nekako kako vo vremeto na Vujo. Znaes site ne gledaa kako ranet lav pred da pocne sezonava a nasive im vlagaat so krvavi oci na utakmicive.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Психичкиот момент да се враќаат у вакви натпревари и да истраат до крај го имаат у задњиве 3 сезони, претходно трокитаа ептен со Веспрем и Киелце у 1/4. И е за пофалба, со помал ростер од лани и едно 20-30% послаб тим на хартија по мене.

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
Тоа е веќе друг муабет.

Дека играта е пријатно изненадување сезонава, точно. Никој не очекуваше ни од нас, не па од противничките екипи дека Вардар така ќе игра по сите заминувања и особено заради целата ситауција околу финансиските проблеми, но еве досега за среќа е спротивното сценарио. Плус и фактот што се паднаа во група со тешкаши, дава уште поголема тежина на победите сезонава.

Тој „камбек“ моментот е одлика на Вардар од отпаѓањето со Фленсбург првата сезона, од тој пех, особено дома, милион пати се вратиле у второ со пресврт.

Претходно имаше несреќни отпаѓања со промашувања на зицери, испуштање на предности, правење глупи потези на крај, но сега Вардар е клуб со вграден победнички идентитет.

Мене ми беше муабетот за тимскиот дух, а него го имало одувек, дури и во моментите кога Минчо ги купуваше играчите за да го наруши...
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.709
Многу значи одличниот почеток на сезонава, затоа што групата ни е пекол и ќе биде претешко до крај, рано е сеуште било што да се збори. Мора дома да се собираат бодови, да не си дозволиме глупи киксови, затоа што многу ќе не коштаат
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Добро е и што Веспрем игра лошо. Штета што не изгубија денес или барем нерешено да одиграа.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
6.592
Во неколку прилики со пријатели дискутиравме дека заминувањето на Илија требаше некако да се одбележи. Човекот е клупска легенда и ми е мило што најдоа начин како да му се заблагодарат, иако и ова е малку кога ќе го погледнеме неговиот придонес низ годиниве. Се сеќавам кога Вујо го довлечка од Слован во Вардар во 2011 година. И тогаш како и сега го следев форумов и многу од членовите кои се и денеска активни им се допаѓаше трансферот, чисто од аспект на неговите физички карактеристики како бек играч. Верувам дека никој тогаш не го познаваше како играч, не го познавав ни јас, но ете... покажа дека е и повеќе од одличен играч и човек на место. На мене лично ми е најомилениот играч кој некогаш заиграл во дресот на Вардар. :)

Играта е супер, 4 од 4. Навистина немам на што да се пожалам. Дајте му уште време на Кисељев, верувам дека ќе го покаже својот потенцијал во времето што доаѓа. Императив е да се најде уште еден бек-деснак уште сезонава ако е возможно. Немав прилика да го слушам Том бидејќи бев во сала, што е со муабетот за трансфер од бундеслигата?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom