1. Не можи сите да бидат експерти за клима уреди. Си имаме други професии. Нема ни потреба да знаеме кој дел што улога игра. Доколку секој човек знае за секој поединечен производ кој дел каква улога игра кај ни бил крајот. Но добро е да имаме основни податоци за она што го купуваме од проверени места. Затоа и цело време инсистирам на точни документи и сертификати, посебно затоа што не се малку пари што треба да ги издвоиш за клима и втора побитна работа, да не замрзниш кога ќе стегни зимата, особено ако си од град како Прилеп и Битола. И второ особено затоа што забележав дека препродавачите пробуваат да ти шитнат било што само колку да се брои во продажба. Затоа што ги лажат дека со клима од 19000 денари можат да греат простор до 40м2.
2. Не ми е целта да ја величам Тундрата и да излегувам најпаметен. Тие две ги внесив затоа што веќе ги имав податоците запишани, а за другите ме мрзеше. Затоа оставам на било кој да се вклучи. За тој фамозен збор капилара, зошто ЛОМО ЛЦЛХ беше бест бај пред извесно време, беше величена од цел Грее клан, а испадна дека и таа е на капилара и Ланда компресор. На крајот на денот за некое време ќе се потроши Тундрата, па ќе останат другите за споредување.
3. Ти си тој што тврди дека на светот постојат 3 клими што даваат 3.5кв на -15 температура. ФХ35, Амбер и Хансол. Што мислиш на кого може повеќе да му се верува, на некој рандом лик и препродавач што ти вика така или на официјални документи?
4. Збор два за разликата помеѓу ЕЕВ и капилара лаички. Колку што имам прочитано заштедата би била макс 20%. Доколку јас имам проектирана потрошувачка од 12000 денари за струја за цела сезона со друга клима макс би заштедил 2400 денари и за 10 години би стасал некоја со технологија ЕЕВ што е поскапа.
5. Кај тебе што е проблемот. Ги вртиш работите како што ти одговара и никогаш не си доволно јасен. Кога одговара да има грејачи на твоите клими тогаш е тоа добро оти даваат дополнителна снага, топат мраз и слично, а кога другите клими имаат грејачи тогаш е лошо оти ќе трошат повеќе струја. Ако некоја клима има капилара тогаш е срање, а кога твоите клими имаат капилара тогаш или ќе се занемари тој факт или ќе се изнајде нешто како таа капилара придонесува во подобри перформанси и слично.
6. Еве како најстручен од сите нас тука, осмели се, според твоите стандарди што треба да ги има одредена клима, напиши кои се компонентите на кои што треба да се внимава кога се купува, па да знаеме со што да правиме споредби. Вака само ствараш конфузија.
7. Ќе се навратам на Тундрата. Да не е на попуст би била 38000 како во други продавници. Вифи модул чини 4000. што значи 42000. Нема ајфил функција, нема перки што вртат автоматски лево десно и останати модерни работи што ги имаат другите клими. Со фул опрема би чинела можеби 50000 денари. Дали вака би имала повеќе вредност??
И за крај прашање е што би одбрале, моќност, добар систем на дефростинг, добар ЦОП, во споредба со шминкерски работи како вифи, ајфил и останати.